1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критикување

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од expert, 20 август 2013.

  1. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Во темата „Гатање, баење“ имавме една кратка дискусија против феноменот наречен „Вадење жива“ и заради критиките кои ги упативме имаше некои членови кои се најдоа навредени и реагираа дека таа тема е за споделување искуства, а не за критика.

    Заради недостигот на слична тема во овој подфорум, во која би се дискутирало стриктно за критиките и контроверзите околу сите паранормални феномени за кои е наменет овој подфорум, решив да ја започнам оваа дискусија.

    Јас себеси се сметам за многу сомничава кога се работи за некои вакви работи, и мислам дека имам причина за тоа. Едноставно многу од овие работи се застарени гледања на непознатото. Јас се разбира дека прифаќам дека постои непознато, мистериозно, нешто за што немаме објаснување, ама не прифаќам дека треба како објаснување да ги прифатиме објаснувањата кои ги давале нашите предци од пред векови кога немале широки познавања за светот околу нив.

    Еве примери за феномените за кои може да се дискутира, а за кои сум скептична во најмала рака, или пак воопшто не верувам.

    Астрологија, хороскоп, натални карти
    Гледачи, јасновидци, бајачи, предвидувачи
    Исцелители, биоенергетичари
    Народно, застарено толкување на сонови, гледање на кафе
    Правење и растурање на магии
    Суеверија

    Затоа што 90% од темите во подфорумот се поврзни со хороскопот, сакам да си го кажам мислењето зошто не верувам во тоа. Прво иако сите приказни и објаснувања кои ги даваат за знаците се општи, сепак ако читаме во темите веднаш ќе видиме дека многу луѓе не се согласуваат со објаснувањето, астрологијата не е научно докажана или издржана, а и не гледам како некој би можел да дава предвидувања за личноста и иднината само врз датумот и местото на раѓање.
    Се разбира ќе прашате, што има везе, која е штетата, си читаме хороскоп само за забава и за попилнување на време, ама не е сосема така. Јас лично имам видено како раскинуваат само затоа што прочитале дека знаците не си одговараат, или пак донесуваат важни одлуки само врз основа на тоа што им напишале во наталната карта. А се разбира голема штета е некој да си троши пари и да плаќа за таква глупост.

    Што е она во што не верувате? Или пак дали има нешто од овие погоре во кое имате доверба и како би не убедиле нас сомничавите да поверуваме во тоа?
     
    На Ekstaza и psychic им се допаѓа ова.
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Морам да кажам дека ова е интересна дискусија, но нема ни почеток ни крај. Секој застапува нешто свое и зависи од нашата личност и психа како ќе се поставиме во однос на овие паранормални работи. Само треба да се внимава темата да не се претвори во општ хаос од убедување и напаѓање на туѓите мислења и способности. Ако не се верува, едноставно не мора да се деморализираат лицата кои веруваат дека поседуваат некаква паранормална моќ. Па, нели сите сме луѓе. :lol:

    Па, да почнам одма со негативите - не верувам во бајачи ни гледачи на карти. Не верувам ни во гледање на кафе и кокошки :D а па посебно не верувам во суеверија. Дури и од инает би чувала црна мачка и би ја учела патот да им го пресекува на луѓето :D


    Како прилично паранормална личност (не мислам на тоа дека имам пари и дека сум нормална :D ) сакам да го искажам своето мислење во однос на овие паранормални работи. Од мали нозе сум имала визии и прекогниција. Тоа трае и ден-денес. Не знам да седнам и да предвидувам со која мисла ќе се разбудите наутро и со која нога ќе станите, но сепак, не знам како и не можам да објаснам, знам некој дел во блиската иднина. Очигледно е и дека толкувам сонови. Само не знам колку успешно, но ако ви згрешив кривете го мојот ум, кога ќе ви го прочитам сонот мене ми доаѓа одговор од кој знае каде. :lol: Јас сум личност со индиго аура и слаба биоенергија. Ретко ја користам затоа што многу ме исцрпува, но никогаш не ме оставила на цедило.
    Обожавам астрална проекција и доста сум успешна во тоа (да се пофалам :lol: ), но не се гордеам со таа моќ. Секоја моќ носи последици.

    Исто, мислам дека комуницирам и со оние од другата страна. Па, не гледам сенки за ништо и ролетната не ми се крева сама од чиста мира. Или струјата не се запалува сама.

    А,хороскоп. Не верувам. Одлучно не. Ама сепак си погледнувам од љубопитност. И кога ме чека нешто важно. Лажна надеж.

    Порано се трудев повеќе да ги натерам да поверуваат. Но, ако и не веруваш, ништо и не можеш да видиш.
     
  3. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Не мислев да се напаѓаат луѓето заради нивните верувања, туку да се дискутира и да се критикува за тие верувања. Оние кои веруваат да се обидат да не убедат нас што не веруваме во нивните паранормални феномени, а и ја замислив темава како едно предупредување за можните заведувања од страна на лажови и заблудени луѓе.

    Интересно е тоа што велиш дека мислиш дека комуницираш со тие од другата страна. На кое ниво се одвива таа комуникација? Дали се тоа јасни разговори, или некои чувства? И кои се тие од другата страна? Мислиш на мртвите?
    Што досега си дознала од нив?
     
  4. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    искрено не знам да објаснам. Не сум дознала ништо многу затоа што не смеат да зборуваат. Јас не викам духови и такви работи, туку повремено како посета, ми идат на ,,гости“. Разговорите се со моја блиска фамилија и совети за проблемите и ретко понекоја трага за исход од проблем.
     
  5. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Кога велиш блиска фамилија, мислиш на живи луѓе или умрени? Дали може ова да го наречеме бујна фантазија, а „разговорите“ се една интроспекција со самата себе, преиспитување и барање решенија? Или тоа се стварни, реални, неметафорички разговори?
     
  6. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    фамилија која веќе не е со мене...ако самите разговори беа една интроспекција, психолошки гледано, по толку време јас ќе бев луда. Минатото поминало, избегувам ретроспективи за да побегнам привидно од депресија, но за оваа работа нема решение. Стварно и реално. Па, кој верува нека верува. Повелете. Без метафори.
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски

    Како го правиш тоа, мене многу ме интересира, секогаш се восхитувам кога некој ќе рече дека може да води разговор со луѓето на другиот свет :)
     
  8. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    не знам како го правам...од малечка ми е и навикнав со тоа да живеам. Не можам да ги викнам по своја волја, само понекогаш тие ,,доаѓаат“. Не можам да најдам зборови што и како...едноставно не ми се дава....
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Vampire Diairies, Twilight и уште неколку тин паранормални филмчиња? И си металка шо никој не ја сфаќа? Ти ја сфаќам болката, брат4е. lol :D
     
    На expert му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сега баш ме заинтересира се ова што го напиша psychic и прочитав на википедија за астрална проекција.А што значи тоа индиго аура? :D Ајдееее и филмови се измешаа у темава :x Абе vacuuman ке разбереш ли дека ние што веруваме у вакви работи НЕможеш да ни го докажеш спротивното :D И да,многу убав одговор сум добила у другата тема,фала ти што со скоро 14 години ме направи женичка :D (а да,не ме праи ни расцмиздрено девојче,знам дека тоа ке го помислиш ама задржи си го мислењето за cебе) :D Psychic ме наежи мор,као не ти е морбидно да се занимаваш со вакви работи? :geek:
     
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    интересна тема, само неможам да сватам, како некои веруваат во други светови, астрални проекции, индиго деца, а не веруваат во натални карти или гледачи
     
  12. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Ќе ти објаснам шо значат еден по еден, не мора девојчето.

    Астрална проекција не постои, и со тоа се тешат луѓе шо искусиле луциден сон. Луциден сон постои и е далеку од било каква натприродна и метафизичка ствар.
    Од психо аспект гледано, и ако ги опишеме работите, луцидното сонување и астралната проекција ги имаат истите карактеристики. И единственото нешто со кое ти објаснуваат е: просто осеќаш дека е различно. Како тоа осеќаш дека е различно? Можеш со астрална проекција да одиш на места кои никогаш ги немаш посетено? - Не. Можеш да посетуваш само места кои претходно ги имаш видено и се креирани во твојата свест. Можеш тоа да го правиш и со луцидно сонување? - Да. Можеш. Според карактеристиките истото ли е? - Да.
    Можеш да си го продолжиш луцидниот сон и следен пат, и со тоа да креираш у сопствената глава целосно независна алтернативна реалност која е активна само кога спиеш, ама нема ништо мистично во тоа.
    http://en.wikipedia.org/wiki/Dream_Cycle Клик.

    Аура нема, а од таму нема ниту индиго деца. Повеќе е за тешење на родители шо имаат деца со аутизам, па да се осетат посебно. А и типот шо го отпочнал индиго деца well бизнисот, си разработил така убава мрежа за продажба на книги. :)

    http://www.spiritualforums.com/vb/archive/index.php?t-5325.html

    Уште се прашувам со шо се занимава девојчето, освен шо се мисли дека е металка, и поразлична од сите. :D
    Со медитација нема прекогниции, а нема ни на било кој друг начин.
    Ама ја сфаќам, 15 годинки е. Не дека јас бев ваков на 15, ама на 15 сви су метаљци и рокери. :D

    И да, можете слободно да си верувате во што и да сакате, ама тоа не го прави помалку погрешно. :D
     
    На expert и LittleFairy им се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Астрална проекција постои, енергија постои, бидејки човекот не е само физичко тело.А доколку човек доживее нешто слично на астралната проекција или луцидниот сон, ќе знае дека постојат.Рече од психолошки аспект...Чим веќе постои психологијата, поверојатно е да постои астрална проекција или луциден сон.
    А за аурата ( енергијата), некои велат дека ореолите на светците е всушност аурата.Која, патем секој човек ја има, а била во различни бои.Не сум ја видела, но многу логично да ако постои психологијата, да има такво нешто.Белким не е за џабе истата.
     
  14. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Не, не постои. Ништо од тоа не постои.

    Питагорината математичка школа е она што се смета за основа на идеализмот, кој вика вака: не треба да ги наблудувате ѕвездите, треба само да мислите на нив. И вториот дел вика: науката е само за елитата.
    Таа мисла се развивала у наредните 300 години, т.е. до првиот век и се развила до степен каде нештата добиле дуална природа. Дека нашето тело и нашиот ум не се едно нешто, туку нормално постојат повеќе тела, повеќе аспекти на нашето јас, од астрално до духовно до не знам какво. И сето тоа послужило како убаво оправдување за да ги камшикуваат и да ги убиваат, пошто царството е нели на сиромашните.

    Постои и енергија, да, постои кинетичка, потенцијална, нуклеарна, светлинска, топлинска, да, постои енергија, ама не постои некаква чууудна енергија, оти ако постои, сигурно ќе се трансформирам у топлинска еден ден, или може у кинетичка и ќе придвижи некој објект, ама сигурно не е некој сложен метафизички поим за енергија, оти нема такво нешто.

    Човекот е само физичко тело и ништо повеќе. The truth is really simple. Matter became so advanced and it became alive.

    И ако мислиш дека тоа да си само физичко тело не е доволно магично и прекрасно и совршено, човечкото тело не вреди повеќе од 10 долари, пробај елементите да ги размешаш у едно поголемо буре, и види дали ќе испадне детенце. :)
    не е до елементите шо го прават телото, туку до начинот на кој се наредени, а начинот на кој се наредени е совршен. Механизмот на природата кој е начисто реален и неметафизички е совршен.

    http://en.wikipedia.org/wiki/Emergence

    Ова е начинот на кој се дешава се у универзумот. И е повеќе магичен од сите натприродни и метафизички објаснувања за постоењето и реалноста.

    И да, никој не го негира постоењето на луциден сон, кое е тотално природно и постои, се дешава, реално е, ама астралната проекција е фејк, исто како и индиго децата.

    Она што го имаат светците на цртежите, well цртежи се, сигурно и сончогледите не се ко у сликите на Ван Гог.
     
    На expert му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    И сеа тука ке се убедуваме што постои и што не постои, иритирачки се мислењава секој си верува во тоа што сака
     
  16. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    И кога се гледа на нештата од научна перспектива, секој може да си мисли и да верува во што сака, ама само едно нешто е точно. :)
     
    На expert му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Ок, во врска со дуализмот.Не е само според мене, дуализмот е она што човекот го има во себе си, душа и ум, двете во едно.Или егото и душата.Можеби ништо од тоа ( астрална проекција и сл.) не би се случувало ако не постои.Мислам дека не би требало човек да е уверен во тоа дека нема дуализам.Бидејки овие работи не се само теорија, за да сигурно се тврди дека нема дуализам.
    Енергија, не мислам на некоја друга, туку на таква каква што ние ја знаеме.

    Lady мор, не е само да се согласуваме :)
     
  18. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Повели просветли ме дека постои дуална природа на работите. :)

    Се надевам нема да биде со муабетот ум и душа, его и душа, пошто постојат безброј модели на свеста кои не ги разгледуваат работите како дуални, туку дека се ствар на механизмот наречен мозок и начинот на кој гради алгоритми за работа. :)

    Еве една прилично поп психологија статија го вика ова: http://bigthink.com/endless-innovation/ ... ing-system

    Ако навлеземе многу подлабоко нештата се уште повеќе дека хеј нема дуализам во нештата. :)
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Мислам дека е сосем јасно дали има дуалност или не, кога постои психологијата и муабетот за свеста.
    Немам намера да се докажувам, воопшто.Те разбирам потполно за тој механизам наречен мозок, само што општо се мисли дека е се до него.Како што реков, не е само теорија.
    И јас мислев некогаш дека нема дуалност, ама нешто ми се сменило мислењето за тоа.Немам ни намера да објаснувам зошто ми се сменило мислењето, не би сакала да замарам безпотребно.
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Инетерсна тема, но мислам дека е бесмислено да се оди во насока: убеди ме ти мене или да те убедам јас тебе. Тоа само води кон губење време и скапоцени сили (духовни, етерични, интелектуални, некои други можеби...) кои би можеле да се употребат за нешто покреативно, макар како совети низ форумов (за рецепти, фитнес и тн.).

    Според мене темава е подобро да оди во насока презентација на зошто нешто е така или не е така, а одлуката која-кој во што и колку од сето тоа ќе верува и како ќе се однесува низ животот да се препушти секому поединечно.

    Јас на пр. ќе си кажам за мене:

    Меѓу останатото:
    - верник сум, но сум за критика на црковните институции, сметам дека го злоупотребуваат името Божјо.

    - верувам во исправноста на учењето на Исус Христос, Буда и тн. но сум за критика на Библијата и другите стари тнр.„свети„ списи од другите вери.

    - верувам во реинкарнација, но не верувам дека човечките души можат да се реинкарнираат како животни или растенија.

    - верувам во живот после смртта, но сум за критика на традициите поврзани со смртта - бдеење, јадење пиење на гробишта, фрлање пари на скапи надгробни споменици, постојано присеќавање од страна на живите за загубата и болката кои пак се штетни за душата на починатите

    - верувам во постоењето на духовен космос наречен и Небесно Царство ил рај, но сум за голема критика на учењето за вечно проклтество, пекол, наводните божји „тајни, и божемната „божја„ казна.

    - ја поздравувам науката, но сум за критика на генетскиот инжинеринг, пресадувањето органи, експерименти врз животни, употреба на нуклеарната енергија, наводната еволуција од човеколики мајмуни,

    - верувам дека космонаутите биле на месечината но сум за критика на фрлање пари на вселенска програма а планетава ни лежи во еколошка треска...

    - го чувствувам постоењето на аура, центрите на свест (некои ги нарекуваат чакри), биоенергијата но сум за критика на тнр. спиритуални техники кои пристапуваат кон духовно-насилно отворање на чакрите (космичка енергија, разни самонаречени исцелители и т сл.)

    - ја поздравувам хуманоста и вистинската хуманитарна дејност, но сум за критика на таквите како Мајка Тереза кои всушност создавале и создаваат само шуте поголеми страдања, како и луѓето кои од хуманоста прават медиумски спектакл

    - верувам во зрачењето на ѕвездите и планетите и нивното можно влијание врз душата и човекот, но сум за критика на астрологијата која барата со нецелосни информации и во предвид ги зема само планетите од сончевиот систем неретко наведувајќи ги луѓето погрешно да веруваат дека нивната судбина е предодредена и непроменлива - став кој може да биде во одредени ситуации со погубни последици!

    - верувам во потребата од духовно будење на човештвото, проширување на човековата духовна свест,верувам дека за таа цел Бог испраќал и испраќа пророци (медиуми преку кои Бог директно се објавува користејќи ги нивните гласни жици) но сум за критика на современите светски и локални тнр.духовни учители - гуруи (Саи Баба, Ошо, Екарт Тол, Далај Лама и тн.)

    - верувам во моќта на мислите и позитивното размислување но сум за голема критика на повеќето тнр.книги за „позитивно„ размислување (од типот на: Тајна, Моќ на подсвеста, Креативна Визуелизација, Лујза Хеј, романите на П.Куељо и тн. )
    и тн.