1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критичари на општеството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ceca-1, 8 мај 2012.

  1. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Критичари=мрчатори.Овде не спаѓаат луѓето на кои им е професија критиката туку обичните луѓе кои во секојдневниот говор употребуваат критики воглавно упатени на дел од општеството,на одредни групи на луѓе.На пример кога ќе се појават повеќе слични статуси на фејсбук,критичарите веднаш би изреагирале-Ајде сега сите почнавте вака или онака...Или -таквите,онаквите луѓе ме нервираат,зошто така прават,не можам да сватам и сл.Најчесто се интелегенти луѓе кои можат да си дозволат да искритикуваат нешто но тоа не значи дека се добри или лоши.
    Колку се пронаоѓате и што мислите за критичарите?Колку е позитивно а колку негативно сето тоа?
     
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Секогаш кога се чуе зборот критика се асоцира на нешто негативно. Но, постојат и позитивни критики.

    Мислам дека критиките како такви се многу битни, бидејќи го подобруваат човекот, го напредуваат и го движат општеството напред.
    Секако, ако се вистинити и коректни.

    Не се сложувам дека критичарите се мрчатори. За мене тие се луѓе кои убаво ги гледаат нештата, знаат како да ги оценат и си даваат свое мислење за истото.

    Тоа што сите бегаме од критиките, е за да ги скриеме своите маани и грешки и не сакаме некој да не` потсетува на нашите грешки.

    Кога се зборува за критики на општеството (кое верувам ги има многу, бидејќи општеството никогаш досега не било во најкритична и најмизерна положба), мора да се спомене и индивидуално човекот, бидејќи сите поединци посебно, заедно го сочинуваат, т.е градат и претставуваат општеството.

    Лично, сакам да примам критика, ама од личност која заслужува и смее да каже (не од кој годе), да биде искажана со убава, со позитивна енергија, а не со негативен тон.
    Честопати самата се критикувам, гледам каде грешам и се трудам да се подобрам. ;)

    Понатака, и јас ќе искритикувам нешто за општеството. :lol:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    критичар е океј, лошо е кога критикуваат џабелебојадците. Инаку мислам дека е позитивно еве и нашите коментари на некој начин се критики
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Критиката е убава работа ако е со мера, доколку не е, и истата се повторува постојано, тогаш проблемот не е критика, туку проблемот е нешто што смета, што е трн во око, тоа е главна преокупација на аматерскиот да речам критичар и си има проблем со истото.Прифаќам критика, ако знам дека е истата добронамерна без разлика дали е негативна или позитивна, но знам кој е нејзиниот корен.Потребно е да постои критиката, со цел да можеме да го поправиме она што кај нас самите е можеби погрешно, секако доколку сметаме дека имаме некаква корист од неа.Подобро е, поради согледување на нештата од повеќе агли, не само од наш агол и онака како што ние гледаме.Критикувам, но критиката кон нешто не ми е главна преокупација, во животот постојат милион други работи, низ кои критиката е со не толку големо значење.
     
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Сите сме критичари на општеството но некои претеруваат. Јас сум просечен критичар и моите критики се воглавно негативни. Еден период бев голем хејтер на се и сешто. Сега не сум до тој степен.
     
  6. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Критиките се нормална појава и некогаш може да дадат и позитивни ефекти. Не значи дека критиката е секогаш негативна, некогаш добронамерно се критикува за да се искорегираат одредени општествени појави, навики или однесувања и служат како еден вид коректив.
     
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ова обично се случува на нет. Навистина, има некои кои погрешно го канализираат револтот, и на погрешно место го упатуваат незадоволството, но, од друга страна, доаѓаме до степен од лажни позитивци да не можеш да дадеш реална и објективна критика (и тоа нивното е погрешно канализирање, како да не е битно што се случува, туку битно е кој какво мислење има). Така што, главно премолчувам и си ја гледам својата работа. Преферирам да разговарам приватно со личности кои ги разбираат нештата.
     
    На Вишиус му/ѝ се допаѓа ова.