1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крит (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од PinkQueen, 30 октомври 2018.

  1. PinkQueen

    PinkQueen Нов член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Девојки дали некоја од вас била на Крит? Со што стигнавте до таму, колку ве чинеше аранжманот и преку која агенција, како се цените во маркетите и рестораните? Дали сте задоволни со плажата, песоклива е или со камчиња? :)
     
  2. M-14

    M-14 Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2018
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    Крит е еден од најубавите острови во Грција. Може да се стигне со кола (траект од Атина) или авион од Солун.
    Цените се поскапи, така да ќе ти треба малку повеќе пари за таму.
    Плажата, таа што ја имаш замислено, е добра и песоклива со чиста вода.

    Ако сакаш да пројдеш поефтино, најдобро ти е пред или после сезона.
     
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.701
    Допаѓања:
    172.549
    Пол:
    Женски
    Која е таа замислена плажа? Не е една на Крит..
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. M-14

    M-14 Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2018
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    Па девојчето горе збори за една плажа, а не прашува конкретно за која.
     
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.701
    Допаѓања:
    172.549
    Пол:
    Женски
    Е да де.. таа нема спомнато плажа, а ти која плажа и ја препорачуваш како добра и песоклива со чиста вода? Не си ставил ни име ни место каде што се наоѓа плажата..
    На Крит има еден куп плажи..

    Ама изгледа и ти не знаеш што препорачуваш..колку да се пише нешто|(
     
    На lovestoneddd и kolovoz им се допаѓа ова.
  6. M-14

    M-14 Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2018
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    Најверојатно мисли на Балос, бидејќи таа е најдобрата и најубавата на островот.

    Имам доста познавање во сферата на туризмот.
     
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.701
    Допаѓања:
    172.549
    Пол:
    Женски
    Знаеме Марик:nod: сега битно се разбравме на што мислиш.. да видиме дали и членката мисли на истата;)

    Ма да мене поубава ми е Елафониси...

    Само што овие се далеку од местата што ги нудат агенциите во МК.. а ако одат во сопствена режија рент а кар не им бега ако не одат со кола..
     
  8. M-14

    M-14 Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2018
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    Марик?
    Не те разбрав...
     
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.701
    Допаѓања:
    172.549
    Пол:
    Женски
    ;) не битно..разбираш ама така ти чини..туризмологу:D
     
    На MamaYette му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    и заролог беше марик? :D
     
    На lovestoneddd и Dust им се допаѓа ова.
  11. M-14

    M-14 Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2018
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    А зошто мислиш дека не работам во некоја од туристичките агенции?
    Не знам дали ви е член Марик или нешто друго, но не сакам да ме поврзувате со други профили кои не се мои.
     
  12. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    6.189
    Пфф... да имаше познавање немаше да и кажуваш да оди со траект кога картите од Солун се 120еур повратна (ова зборам јули август сега сигурно се и поефтини). Друго @PinkQueen имаш понуди од српските агенции со чартер летови од 350еур па нагоре во зависност од сезоната, градот и хотелот. Јас овде разгледував летово, меѓутоа за 2019 сеуште немаат ставено https://www.filiptravel.rs/sr/location/krit
     
    Последна измена: 1 ноември 2018
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  13. alf

    alf Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Крит е најголем грчки остров долг 150км. и широк некаде околу 40-50км. Од Атина е одалечен 400-500 км. Се оди со траект кои поаѓаат од Пиреја ( пристаништето во Атина). Картата кошта некаде околу 30-40е во еден правец со спиење на палуба, а доколку сакате кабина - накнадно ја плакате. (50-60е) за цела кабина ( 4 особи). Обично траектите тргнуваат попладне после 17ч. а се стасува во утринските часови во Ираклион или Ханеја ( двата најголеми градови на Крит). Доколку одите со кола ќе треба да одвоите уште 50-60е за колата. Има повеке линии ( Аегеан.минолине.. идр.) и цените кај сите се различни.
    Со Авион можете преку Солун до еден од аеродромите ( Ираклион или Ханеја) и пак цените се различни и во зависност од времето кога патувате. Јас овоа лето бев за 160е повратен билет по човек мислам од Солун до Ираклион.
    Сместувањето е исто како и во останата Грција. Цените на производите во дуќаните се 5-10% поскапи ( бидејки се се носи со траект дотаму а тоа кошта), но пак е задоволително и не многу скапо.
    Плажи..... Подобрите плажи се далеку на перифериите и со нив најлесно се стасува со кола ( рент а кар). Овие коли коштаат по 30е. од ден. Имате и возила за 6-7 особи ( фиат добло со 7 седишта) за 50-60е. по ден. Моторите се мислам по 20е од ден.
    Најпознати плажи се Vai , Плажата е цела со палми, бистра вода, паркинг(6е цел ден),шанкови,ресторани. Соблекувална, туш.Оценка 10.
    20180706_155837.jpg
    Balos, Песочна плажа, две лагуни со длабочина од70цм а другата од 30цм и многу топла вода,сенка нема,има чадори ама се сите зафатени , пешачење до неа надоле20мин-нагоре по скали 35-40мин. паркинг бесплатен, возење со кола по црн пат 15-20км. Оцена 9-9,5
    20180708_123419.jpg
    Matala, Плажа со ситен песок, топла вода, паркинг 2е цел ден ама има и бесплатен паркинг, сенка има ( дрва), гардероби, тушеви. Оцена 9
    20180707_120035.jpg
    Ellafonisi, Песок, гардероба,туш, бесплатен паркинг, има чадори. Оцена 9-9,5
    Malia, Песок, чиста и бистра вода, тушеви, гардеробери, паркинг,. Оценка 9 и др.
    Најдобри места за посета спрема мене се: Агиос Николас( оцена 10), Агиос Галини( 9), Ретимно (10) ,Ираклион (8),Ханеја( 9) и до неа се наоѓа Платанија ( 9) идр.
    Вкупна оцена за Крит (8)- Добра дестинација за посета и за одмор.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ivon.93

    ivon.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2022
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Девојки дали некоја од вас била на Крит? Да сподели нови искуства.
     
    На Boya3e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ivon.93

    ivon.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2022
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Девојки нови искуства за Крит ?:inlove:
     
  16. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    А како планирате да стигнете до таму?:) Со Wizz Air не гледам директен лет.
     
  17. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    54.392
    Пол:
    Женски
    Кога е најдобро време за одење на Крит?
     
  18. Perverzna€

    Perverzna€ Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2018
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Дечки кажете како се организиравте за одењето во Крит. Споделете типс ве молааам