Мислам дека кроењето и шиењето се едно од најубавите хоби за една жена,токму затоа што не постои жена која не е заинтересирана во модата и не го прати модниот свет.Не знам ни да кројам ни да шијам но би сакала да научам,затоа сакам да ве прашам каде можам да направам таква обука или пракса и дали некоја од вас одела на такво нешто?!
Јас па многу сакам да плетам ама незнам ништо освен шал.. имаш на ѕоутубе побарај си на англиски сигурно ке најдеш, па пиши кога ке сошиеш нешто
За кроење и шиење, немора да посетуваш курс. Доволно е да имаш силна волја и можеш да станеш самоука кројачка. Се што ти треба е да одиш до најблиската трафика и да си набавиш едно списание „Бурда“. Внатре имаш модели и од сите тие модели имаш теркови ставени во средината на списанието како работна тетратка. До секој модел ти стои бројче како да го најдеш на работниот лист. Извадениот терк го ставаш врз материјалот за шиење, исцртуваш со креда, а потоа сечеш. Дури имаш упатсво кое со кое треба да се состави. Пробај, можеби првиот пат ќе биде утка, но секој пат ќе бидеш се подобра и подобра. Дури можеш некои теркови и од интернет да симнеш,еве ти еден линк: http://www.burdastyle.com/patterns/the-perfect-shrug Се зависи од тебе и од твојата волја. Еве ти го линкот со теркови: http://www.burdastyle.com/patterns Иако поубаво е и поисплатливо да си го купиш списанието, зашто некои од терковите на интернет ги даваат бесплатно, но некои се плаќаат по 5,5 евра па нагоре.
Занаетов го започнав од своја 12 или 13 година, значи половина од животов што сум го поминала . За да научам немав никој свој кој ја работел таа работа, туку така сама учев на сопствените грешки. Само колку материјали сум упропастила, не им знам број . Научив од гледање, пример како е сошиено нештото и размислував, како е составено, какви би биле скроените делови... Потоа преминав на поспецифичните кројки, како ракавите и комплетното составување на капутите, а се тоа го вадев од Бурда. На истиот принцип како што објасна и Gea. Сепак најискрено, најважна е желбата за тоа. Ако се сака се се може и се се учи.
На Јутуб има интересни туторијали. Прееска гледав како да си сошиеш интересно фустанче. Еве го линкот, колку едноставно а убаво и модерно http://www.youtube.com/watch?v=MNppx-YoxYw Немав материјал, инаку веднаш ќе си го направев
Не сум сошила нешто комплетно со претходна изработка на соодветен крој, меѓутоа знам рачно да преправам работи поточно да скратам или стеснам, плус со помош на различен бод, дури и таков кој не се познава на предната страна ако шиеш од опачина . Штета е што во современи услови сите и за најмала услуга трчаат некој да ја изврши наместо нив, како на пример и за обично порабување на распарано (сум видела и вакви случаи). Порано мислам дека во овој поглед биле повешти жените, сега ако некој мисли да се правда со фактот дека се нема време и се повеќе насочени на интелектуална надоградба, не ми држи баш вода, бидејќи ако се има време за сите турско-индиски серии гледање, ќе се најде и за учење некоја далеку покорисна вештина.
Јас научив да кројам и шијам уште како дете... Пред се беше желбата после друго... Мајками и бабами знаат и да кројат и да шијат па со нивна помош и јас научив. Со што денес навистина знам да се снајдам и во најспецифичните кројки и шавови... Знам и да кројам од готова блуза или фустан... Штета што денес не постојам курсеви...во мое време постоеа
Јас премногу сакам да научам , често ке ми дојде некоја идеја да си сошијам нешто ,патем често шијам кај шнајдерка која одлично работи ама понекогаш треба да почекам повеке , бидејки нема време жената , а јас многу сакам да научам ама немам машина уште , би купила некоја на старо ама така поквалитетна и со задоволство би учела , во план сум одамна ама ете никако со мајка ми сериозно да се зафатиме да земеме некоја
Јас знам да шијам но само по едноставни модели Сум шиела и фустани и кошули, но по широки и од лесни материјали, па ајде еден ден скам и некој корсет да пробам да скројам
Дали има некоја македонска страна за кроеви за шиење?како оди плаќањето за кроевите?Ако имате некоја инфорација помагајте?
Јас имам баба која е шивачка, па имам претстава што, како се прави, но самата сеуште се немам обидено да направам нешто, освен една ташна... Сепак знам да сошијам нешто што е распарано... Инаку баба ми има голем мерак да ме научи на занаетот, вели да не останеле трите машини само како објект во ќошот на кои стои цвеќе, а всушност јас и сум единствениот посериозен кандидат...
Јас купив машина за шиење од Singer 8020, многу е добра и лесна за употреба (за тие што се мислат каква машина да купат). А за кроње - се трудам, ама за сега утки само. Рачно имам преправано многу работи до сега и поголем дел од нив успешно, но машински е покомплицирано, треба време.
Овие циркони/топчиња/нитни (што и да се), сама си ги шиеше на фустанчето откако го соши, или има некаде готови да се купат? Ако сама ги имаш шиено, со каков конец, обичен?
Готово се купени, ама не се од Мк... Види низ индиските продавници (ако ги има уште) во Скопје, можеби имаат вакво нешто.
Не знам да шијам машински баш ништо,а рачно кога треба да си поправам нешто поправам со игла како професионалецза кроење ме бива чат-пат,знам да скројам по некоја блуза и сукна.
јас имам машина за шиење и многу сакам да научам пробувам ама нешто изгледа не ми е во ред машината кога шијам од долниот дел на материјалот конецот цело време ми се собира (тутка )не знам во што е проблемот може ли некој да ми помогне