1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кросфајр (Силвија Деј)

Дискусија во 'Книги' започната од DigY, 25 септември 2013.

  1. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    [​IMG]


    Нашиот однос е зачнат во пламен....Гидион Крос се појави во мојот живот како заслепувачка молња на мрачното небо. Чувството на привлечност што ме запоседна штом го забележав не го бев вкусила дотогаш. Ж­еднеев за неговиот допир како зависник, знаејќи дека ќе му се предадам на милост и немилост. Бев кревка и незаштитена, скршена и намачена, и му се препуштив...Гидион го знаеше тоа... и го искористи. И самиот беше опседнат со демони. Еден на друг си станавме немилосрдно огледало во кое се појавуваа одразите на нашите најдлабоки рани... но и најскриените страсти. Прангите на неговата љубов ме преобразија, едновремено заплашувајќи ме дека нивната незауздана сила ќе направи да испливаат и да нè раскинат сите трауми од минатото...„Соголена пред тебе“ е роман за два сложени лика, Ева и Гидион, чиј страстен однос ги отвора потиснатите незараснати рани од минатото. Дали нивната опсесивна врска исполнета со болна љубомора ќе успее да ги уништи демоните што ги опседнуваат двете намачени и злоупотребувани души?„Кога станува збор за жестока и сурова сексуална хемија во литературата, Силвија Деј е тешко да се надмине“.Буклист †Соголена пред тебе нема конкуренција... Единствено и незаборавно дело#.- Џојфули ривјуд †Еротски роман што не смее да се пропушти#.- Романс новел њуз †Врело... вжарено. Природна страст од која горат страниците на оваа книга#.- Дарк портал †Заборавете ги Даниела Стил и Џеки Колинс – овој роман е нешто особено#.- Амјуз


    Ја земав и денес ја почнувам. Инаку, има продолжение само не го памтам насловот кој беше нешто сличен ама ете, не ми остана во глава. :)
     
    На kolumnistot му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    5.841
    Пол:
    Женски
    Соголена пред тебе (Силвија Дел)

    Баш вчера ја загледав во продавница и ме остави впечаток на прв поглед. Кога ќе ја прочиташ чекаме критики и пофалби. :)
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Огледана во тебе (Силвија Деј)

    [​IMG]


    За жал, сеуште ја нема на страната на Три со наш превод поставено, затоа ќе препишам во споилер за што се работи книгава Огледана во тебе, која е продолжение на Соголена пред тебе.


    Гидион Крос. Маж каков што секоја жена може само да посака. Но само малку луѓе, меѓу кои бев и јас, знаеја дека зад тој одраз се крие измачена и ранета душа. Тој беше оган кој ме изгоре со пламен на најмрачно искуство. Не можев да му одолеам. Ми стана опсесија, предмет на мој најдлабок копнеж и на болна љубомора... Тој мораше да е само мој. Моето минато беше исто толку мрачно, а душата исто толку измачена колку неговата. Нашата врска не можеше да опстои. Беше премногу тешка и премногу болна...но, на моменти беше и совршена. Ненаситната глад на нашите тела и очајничката љубов не соединија во луда страст. Жешките сексуални сцени и интригантните пресврти во ова продолжение ќе направат страстно да посакувате љубовната сага меѓу Гидион и Ева никогаш да не заврши.
     
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Соголена пред тебе (Силвија Деј)

    Ја немам прочитано до крај сеуште, но кој сака книги од типот 50 нијанси сиво, ќе му се допадне. Повторно станува збор за млад згоден мултимилионер кој контролира девојка од пониска класа...или така нешто. Ја читам и некако како препис на 50 нијанси ми е.
     
    На chips.for.free му/ѝ се допаѓа ова.
  5. chips.for.free

    chips.for.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    37
    Истиот впечаток го добив и јас!! И искрено, од 50 нијанси на сиво ми се допадна само вториот дел, оти имаше најразработена приказна, на некој начин.

    Ми се допадна како ја „победуваат“ кучката Робинсон на крајот. :D

    Се друго ми беше досадно, ама ја читав за инает на мајка ми :) сега не знам дали да продолжам да ја читам оваа... некако ми изгледа како губење на време..
    Станува поинтересно од 100 страна па натаму?
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Немам поим,моментално читам друга али планирам оваа (оголена пред тебе вториот дел значи) да ми е следната.Скептик сум зошто знам ке читам дупликат но кога веке едниот дел го имам прочитано ај и другиот си викам....
     
  7. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав сите три во оригинал и ја обожавам книгава! Слушнав најави и за 4ти дел па со душа го чекам. Секс сцените ми се исти и во оваа и во 50 нијанси, ама Кросфајр има далеку подобра приказна, подобаро е напишана, а и самите ликови се многу добро разработени.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  8. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Соголена пред тебе, Огледана во тебе, Испреплетена со тебе, Captivated by you, One with you.

    Страшно ми е жал што последните 2 ги нема во Македонија. Одлични книги мноооогу подобри од нијансите подлабока приказна, пожешка и единствена :inlove: 8)
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  9. any_xx

    any_xx Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2016
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам овој серијал! Дали некоја од Вас знае дали ги има последните два дела од Кросфајр во Македонија?
     
  10. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Да, ги има и тоа уште од претходната година.
    Првиот дел е Соголена пред тебе,
    Вториот Огледана во тебе
    Третиот Испреплетена со тебе

    "Кога станува збор за жестока и сурова сексуална хемија во литературата, Силвија Деј е тешко да се надмине“
     
    На kolumnistot му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mel'sJournal

    Mel'sJournal Нов член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, по толку години и јас се решив да го прочитам серијалот. Ги најдов првиот дел-Соголена пред тебе и третиот дел-Испреплетена со тебе. Мислам дека секоја фб страница,група и продавница во МК ги имам проверено, дури и помалите книжари.. ете за жива среќа две успеав да ги најдам но никако не можам да го најдам вториот дел-Огледана во тебе. Затоа ја пробувам среќата тука, дали некоја од вас можеби знае каде ја има или некој што ја продава. Не е битна цената, навистина сакам да го комплетирам серијалот.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_4402.jpg
      IMG_4402.jpg
      Големина на фајлот:
      9,8 KB
      Прегледи:
      2