1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крофни

Дискусија во 'Рецепти' започната од krusevcanka, 2 април 2012.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Види во Рецепти од ФИ има едни воздушести крофни кои нема шанси да ги утнеш.
    Формата до чаша ќе вадиш кругови а со нешто помало(пример капаче) ќе правиш дупка на средина.

    На вторите две слики тоа е чоколадна глазура, растопиш чоколадо и ги бркнуваш само одозгора, можеш да ставиш шарени мрвици врз чолодато, плазна, да попрскаш бело чоколадо.
    А на првата слика напиши на јутјуб mirror glaze ќе ти излезат куп видеа , лесно е јас сум правела успева, бело чоколадо+бои прехрамбени.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Се спремам да направам домашни крофни за прв пат во животов :sun:, ако некој има да сподели проверен рецепт за убави крофни би било супер ако не ќе бараме на интернет.
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.109
    Пол:
    Женски
    400мл. јогурт
    2 јајца
    2 лажички шеќер
    2 ванили
    1 пециво
    20 лажици брашно
    прстофат сол

    Се мешаат со жица за матење. Се вадат со лажица и се пржат.

    Многу се вкусни и лесни за правење.
     
    На Liu му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    20200614_160239.jpg
    Еве од мене еден рецепт, наследен од бабата на мм, проверен, без утка, веќе 16 години ги правам :)

    400 мл млеко, се топли заедно со 100 гр шеќер, да е млако а шеќерот да се стопи.
    Во друг сад се матат со вилушка две јајца.
    Во подлабок сад се става 700 гр. брашно, еден сув квасец ( кој е за доза 800 - 1000 гр брашно) и рендан кора од лимон.
    Промешуваме, ги истураме јајца та, млекото, 50 мл. масло, простофат сол.
    Во самиот сад се меша додека се добие компактно нелепливо тесто. На крај сосем кратко се домесува и по потреба се додава уште максимум 50тина гр брашно. Го оставаме во истиот сад покриено со крпа да кисни 2 часа.
    Најважно во цела процедура е по киснењето, тестото да НЕ се премесува, со тоа ќе биде воздушесто и крофните ќе се шупливи.
    Наросуваме малку брашно на работната површина, благо го тапкаме тестото да се рашири и со сукало многу нежно го расукуваме да биде дебело два сантими. Вадиме форми по желба и ги префрламе на крпа и покриени со друга крпа ги оставаме да нарасна уште 20 минути.
    Загреваме масло на средна температура ( јас на 2 од 6), по можност тенџерето да е со дупло дно.
    Крофните на крпата пред пржење ги боцкаме со вилушка на страната која е горе и таа боцнатата страна ја ставаме надолу во маслото. Со тоа растат додатно. Пржиме по една минута од двете страни.
    Ги вадиме кратко на хартија и додека се жешки ги валкам во прав шеќер измешан со ванилин шеќер.
    На крај со чоколаден прелив :inlove:
    Превкусни!
     
    На Fatalnata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.648
    Пол:
    Женски
    Се исплати ли апарат за крофни или е само уште еден гаџет за украс во кујна? :^)
    Моиве сакаат крофни, да можат секој ден би јаделе, ама многу масло се троши со пржењето, башка што не сакам такви прженици да им давам често. Па мислев да земам апарат и такви да им правам, ем помалку масло, ем побрзо треба да оди процесот. Знам дека на вкус не се исти ко класичните крофни, ама не се така лоши (имам пробано).
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Не. Без врска е вкусот. Печен пандишпан. Мене ич не ми се убави.
     
    На mal.ecka и Annath им се допаѓа ова.
  7. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.026
    Допаѓања:
    40.192
    Мене ми се вкусни, не се мрсни ич. Ги потопувам во стопено чоколадо и супер се
     
    На mal.ecka, joy1 и Annath им се допаѓа ова.