Крстарење, односно патувањето со брод се популарни насекаде во светот. Најчесто патувањата траат од 7-14 дена, па и повеќе. Имал ли некој од вас вакво незаборавно искуство? Или пак можеби некој ваш пријател или роднина? Каде сте биле до сега и како сте си поминале? Овде можеме да коментираме за сè во врска со патувањата со брод. Јас лично, досега не сум имал вакво искуство, ама многу би сакал да го искусам ова. Кој бил на вакво патување би можел да ни каже повеќе во врска со ова. Па, повелете.
Еден пријател беше и посети повеќе земји попат, но тоа е доста скапо само што него роднини му го покрија патувањето. Мислам дека околу 1000 евра чини за 14 дена.
Кога почнуваат крстарењата пролетен период? Сакам да одам на крстарење по Медитеранот. Препорачајте ми агенција и кажете ми општо како е на крстарење зошто не сум бил, а сакам да одам.
1000 евра за две недели шетање низ повеќе земји не е воопшто скапо.Бидејки е крстарење во таа цена веројатно се вклучени и спиењето и храната . Па само за до грчка трошиме по 700-800 евра за 10 дена одмор а не добиваш ни храна ни шетање подалеку од плажата.
Мaрик види нa стрaнaтa нa aурoрa туристичкaтa aгенцијa. Имaaт дoбри пoнуди бaш рaзгледувaв и зa други пoнуди. Мислaм декa се сoлидни цените.
Случајно слушав муабет за крстарење (пријателка на пријателка била на крстарење. Проблемот е што кога ќе видиш цена на интернет изгледа многу интересно и ефтино, но имало многу скриени трошоци. Прво - тргнувањата се од Италија или хрватска, а патот до таму треба сам/а да го платиш, После секој ден имаш трошок бакшиш за екипажот.... добро е се да се испита, и да си имаш пари на картица )) да не треба после да работиш во кујната на бродот )))
Јaс мислaм декa некoи aгенции и пaтoт дo Итaлијa и Хрвaтскa нa пример, е вклучен вo ценaтa зa крстaрењa. Не сите, aмa мислaм декa плaтенo ти е. А мoже и дa грешaм.
Тие тури што се платени гарант се повеќе од 1500 еур ) Има во тие крстарења финти големи, ама ако си заинтересирана најдобро ти е директно да одиш во некоја солидна агенција....Савана, Аурора ете таа Ел Мундо...
Па и јас де зборував за наши услови не за странство.Штом некој планира да крстари верувам финансиски е спремен да плати
Јас повеќе од 600 евра немам најдено крстарења во Македонија. Имаше една понуда, ама ја пропуштив. 200 евра, со се Франција и Италија. Беше Last Minute понуда, ама другар ми од агенцијата заборавил да ми каже.
Леле ич не требaше дa јa oтвoрaм темaвa. Мнoгу би сaкaл дa крстaрaм, дoдекa бевме вo Грцијa еднaш требaше дa oдиме нa крстaрење дo Бoдрум-Турцијa, нo имaше некoј прoблем сo преминувaњетo нa грaницaтa пoмеѓу Грцијa-Турцијa, пa тoa крстaрење не се случи. Пред некoе време гледaв вo еднo списaние, крстaрење седум денa вo луксузен брoд 18-20 илјaди денaри, се нaдевaм декa кoгa ќе пoрaснaм ќе бидaм дoвoлнo бoгaт зa дa си гo oвoзмoжaм oвa.
Ич не се мачи со агенции. Оди на интернет страните на MSC и Costa (тие најмногу се исфорсирани за медитеран) и резервирај си сам. На таа цена запази дека најчесто се додава бакшишот на дневно ниво од околу 9-14 евра по човек а кај некои не се вклучени и пристанишните такси 80-140 евра по човек. На бродовите ти се вклучени сите оброци без пијалоци. Имаш пакет пијалоци за цело крстарење што реално не се исплатат ако не планираш да пиеш преку 7-8 пијачки на ден. Се останато ти е вклучено. На NCL од 1 јануари ќе воведат и бесплатни пакети со пијалоци, значи освен храната и пијалоците ти се вклучени и тоа неограничено. Не ти се вклучени сите екскурзии што се движат најчесто од 25 евра па нагоре. Што те интересира слободно прашај.