Дали решавате крстозбори во слободно време ? Јас лично да и ми претставуваат одлична занимација кога ми е здодевно .
Порано решавав крстозбори и тоа мнооооогу, ептен бев заразена. Во состојба бев со часови да решавам, вклучувајќи и судоку. Во последниве неколку години воопшто не решавам,најверојатно се презаситив па сега и да видам во весник го прескокнувам.
Па да,решавам обично кога немам што да правам. А судоку ми е омилено и тоа решавам почесто,нели добро е да се тренира мозокот
Обожавам крстозбори, можам да кажам и дека пораснав со нив Забавно е, а плус си учиш нови термини и си ја развиваш логиката. Исто така ги сакам и Судоку и Интеграмите
Крстозбори решавам понекогаш, ама тоа Судоку го утепав од решавање...ептен се навлеков едно време на тоа
Ау тоа Судокуто. Со една другарка нашкола си носевме редовно по едно купче и кога ќе му ја седневме на часови... Некогаш дури земав и тие нејзините да ги препишам Сакам крстозбори. Ме одмараат.
Решавам крстозбори ама многу ретко, и тоа затоа што секогаш заборавам да купам. Ми се има случено и да симнам од нет, да ги испечатам па после да ги решавам. Ама џабе, не е тој филингот
Крстозбори решавам од мала. Денес не толку често ама еднаш неделно си седнувам и со кафенце решавам некој од оние на големите на 2 страни. Подобра релаксација здравје. А највеќе ги сакам интеграмите, тие секогаш ми биле предизвик
Многу често решавам,кога има до мене весник морам да читнам хороскоп нешто да читнам колку да видам што се случувам и одма одам на крстозбор
САкам и решавам крстозбори. додуша порано имав повеќе слободно време па почесто го правев тоа, ама и сега знам да си купам специјално од тие што се старите теа или било какви по неколку, и си ги решавам А судоку играм и на компјутер, ептене заразно
Сакам крстозбори .. некогаш и се натпреварувам со татко ми кој побрзо ќе реши Теа крстозбор нонстоп имаме дома и редовно си ја читам страната со вицови Ааа и судоку обожавам .. стварно е заразно тоа брее
кога имам слободно време да решавам и тоа многу. сакам со кафе и со часови можам да поминам на тараса и да ме снема. али штета во последно време и се помалку слободно време имам. така да кога имам весник дома тој само што е во весникот морам да го решам
Порано многу повеќе ги решавав крстозборите, омилени ми беа италијанките. Сега сум навлечена на интеграми и судоку, едноставно обожавам да си го мачам мозочето со нив Само што сега не купувам специјално списанија со крстозбори, ако ми се најде весник при рака ќе го решам. А инаку, порано купував специјално за да ги решавам. Сега, немам толку време.
Решавам, порано повеќе сега имам и други занимации. Инаку има и крстозбори по интернетов има и една страница за тоа има и судоку во вид на игри.
Еве една интернет страница со крстозбори. Добра за трошење време на жештиниве http://krstozbori.com.mk/beta/index.php
Кога ми е многу здодевно решавам крстозбори,порано купував весници само со крстозбори.Сега кога листам некој весник и кога ќе го прочитам ако има крстозбор може да го решам инаку не.