Уште од мала решавам крстозбори,ме бива за тоа Татко ми ме зарази,и секогаш кога има дома крстозбори се караме кој да го решава
еј кога сме на темава морам да ви кажам дека се заразив со судоку конечно научив да го решавам и сеа секое слободно време решавам. баш ми е топ
и јас дури бев во мк,нонстоп купував теа крстозбор,уште кога одевме на поседок кај дедо и баба,дедо не научи да решаваме крстозбори сега овде малку поретко,ај кога ке со совладам ептен јазиков,пак ке почнам
Хехе и јас секој пат му ги крадев крстозборите! Секогаш се воодушевував, на знаењето, како моите го решаваат буквално цел крстозбор! Јас само пишував оние категории што беа иницијали ! Но тоа беше кога бев мала.....сега ела нешто да ми побегне, се знам да решам!
Вауу!!!Најголемиот фанатик сум бе!!Порано ич неможев да ги гледам,ама сега во последно време дури во постарите весници барам да не имам некој пропуштено
Многу ми се интересни крстозборите Порано повеќе решавав, сега не сум начекала некој весник или списание дома
Решавам крстозбори а поинтересни ми се оние што треба да го најдеш зборот во брканицата од букви (незнам како се викаат) а судоку ми е омилено, имам апликација во мобилниот и ја празнам цела батерија додека сум на училиште
Крстозбори обожавам а омилен ми е Италијанка голема, си ја решавам со мерак.Ама во последно време некако Судоку го завзема приматот, а ќе ја заборавев мојата омилена ,,Јапонска загатка,,леле колку ја сакам!!!!
Многу сакам да решавам крстозбори и ми се многу интересни. Да имам дома постојано би решавала, па затоа и некогаш избегнувам да купам . Инаку и на нет честопати знам да решам некој
Ихх пред 2 месеци се заразив со судоку манија,и по цел ден тоа решавав,дури почнав да барам да ми купат постелнина со судоку ,барем ваква па бројки ќе им пишев јас будалетинка,ко ќе се заразам со нешто,долго време ми треба за да се “одзаразам“
Значи многу ги сакам,колку ме релаксираат и ми тепаат досада,алал да им е утре т.е. више денес искача нов број на теа крстозбори јеииииииииииии
Понекогаш решавам крстозбори кога имам слободно време, во последно време поретко решавам. Интересни ми се
Решавам крстозбори секогаш кога ќе ми се најди слободно време , ми го размрдуваат мозокот на некој начин .Сакам да решавам обичен крстозбор а тој италијанскиот ми е некако тежок а јас за разонода ги решавам не сум професионален крстозбортер .
Да, многу ги сакам крстозборите. Претставуваат одлична занимација, а и мозокот си го развиваш. Ептен се корисни и интересни.