И јас многу сакам да решавам крстозборки. Кога ми е досадно и нема што да правам си решавам. Најмногу ги сакам Теа крстозборките.
И јас многу сакам да решавам крстозбори. Оние од Теа ми се најдобри но и дневните во Вест не се лоши.
За разлика од повеќето јас не сакам да решавам крстозбори.. Не ми се интересни, што знам.. Онака, знам некогаш да решам по нешто ама не ми се пасија.. За тоа е тука мама.. Она луѓе, е луда по крстозбори..
Решавам да. Ама само тие што се со по една, или две букви. Пример кратенка од нечие име и презиме. Или пак, да погодам која е личноста на фотографијата. Абе такви, можам 20 да решам. Без никаков проблем. Секогаш јас ги почнувам, а мајка ми ги довршува. Иначе највеќе сакам да решавам судоку. Некои ги решавам до крај, некои само ги ушмрљувам, една па друга бројка. Ама битно, интересни ми се.
Уфф, кога сум нервозна или под стрес или во некое исчекување....фаќам крстозбори.Ми го одвлекуваат вниманието од несакани мисли и ме релаксираат.
Пред неколку години бев луда по крстозбори. Кога и да имав слободно време обавезно земав и решавав. Ќе ми останеа обично неколку недорешени, татко ми ќе земеше и ќе дорешуваше по мене. Па ќе земев јас да разгледам што решил и си знаев за другпат.. А ич не сакам да дорешувам крстозбори кои некој ги започнал. Само ако е празен, иначе не. Сега чат-пат знам да пуштам на интернет, ама не е тој филингот.
Не решавам многу крстозбори.Некако досадни ми се.Мислам дека времето си го губам за џабе кога можам нешто попаметно да направам.Како и да е,ова е моето мислење.
Решавам кога ми е ептен досадно. Можам да ги решам до пола, но натаму никако. Јас ги почнувам, а мајка ми ги довршува.
Крстозбориве почнав да ги решавам уште од многу многу мала, од 7 години можеби. Моите дома се тата-мата во крстозбориве, во задните страници на крстозборите ретко кога оставаат нешто. Периодов, знам да фатам некогаш крстозбор во рака од овие Теа крстозбори што излегуваат за викенд. Ги сакам сите видови, од судоку до обични енигматики. Имаше периоди кога по 10 судоку решавав на ден, од што бев премногу заразена. Бидејќи решавам од мала, усовршена сум и ми се случува по 2-3 поими само да оставам. Понекогаш и ги решавам целосно. Good girl.
Да решавам многу. Секој ден обавезно од весникот ја решавам. Ги решавам сите видови на крстозбор. Убаво е за мозокот а башка и имам научено некои работи најмногун обожавам на плажа да си решавам
Кога бев помала и ме чуваа баба ми и дедо ми, со дедо ми секој ден решававме крстозбори. Посебно зимно време, седнати до ќумбето, се греевме и размислувавме. Додуша, повеќе тој, јас повеќе уживав во неговото друштво и се восхитував на неговото знаење. Понекогаш и мамев, читав решенија кога ќе станеше тој, за да се погордее и со мене малку , тогаш мислев дека стварно ќе помисли дека сум погодила, денес разбирам дека бакнежот кој што следуваше беше само награда за снаодливоста. Вака, премногу ретко се случува да земам и да решавам. Што знам.. можеби немам стекнато навика.
Леле многу решавав порано.Особено ги чекав кога за една цена добиваше пакување од неколку крстозбори. Ретко мамев се трудев да ги решам ама да на крај кога не знаев секогаш ги проверував одгворите за да научам нешто. Иначе ми беше совршена релаксација дури мислам дека бев опседната еен период. Ќе пробам да се навратам на тоа кога сум во МКД.
Порано решавав многу а сеа од пуста мрза шо ме мрзи да купувам решавам на нет... ма зависи од расположението
Даа решавам, некогаш мноогу ќе ми е досадно, наместо некогаш времето да го поминувам пред компјутер решавам крстозбори. Интересно ми е
Многу сакам да решавам, најчесто кога одам кај баба ми, во двор си седнувам и си решава...баш уживам. Но потоа обавезно ми се приспива тоа ми е мн. чудно.