Само судоку, и тоа може да заглавам по 2-3 часа дневно на судоку...ја имам и на тел ја превртев 100пати
Во слободно време и кога ми е досадно да, интересни ми се многу... иако има за размислување, сепак си го релаксирам мозокот, најчесто во Теа Крстозбори има..
Почнав многу активно да решавам крстозбори и сфатив дека не ти треба премногу знаење, туку искуство во решавање.
Решавам кога ќе најдам стар весник, ама сега има се на интернет, па не ми текнало да решавам. Порано купував РЕШКО, а имате и овде за решавање: http://www.krstozbori.com.mk/beta/start.php
порано многу решавав...сега поретко тоа судокуто никогаш не сум успеала да го решам...или ќе згрешам нешто или ќе се откажам
Решавам, секоја сабота купуваме таков теа крстозбор. Кога одев на школо повеќе, сега на распустот го баталив.
Решавам крстозбори,само кога имам слободно време.И понекогаш,кога ми е досадно на часови,а најдам некој весник. Али најчесто ги решавам кога сум на плажа.
Многу решавав порано,ама сега некако ми помина меракот,ептен кога ми е досадно и немам идеја како да си го потрошам времето решавам.
Решавам крстозбори на нет, вака одамна немам купено весник и да решавам http://www.krstozbori.com.mk/beta/start.php
Знам некогаш да решавам, интересни се А судоку кога ќе фатам, што да ви причам, по 3 саата можам да решавам додуша малце тешко е судокуто ама интересно
Обожавам крстозбори. Тие ми се едни од омилените делови во весниците и списанијата. Посебно кога ми е досадно, тогаш одлична занимација е решавањето крстозбор.
Ги обожавам крстозборите мора барем еднаш неделно да си земам и да си решавам све од крстозборот ми е интересно за реcавање амa доминото најнај