Решавам крстозбор секогаш кога имам таква можност. Убав начин исто така да се релаксираш и опуштиш. Ке си се задлабочиш и концентрираш во поимите и времете поминува како 5 мин. Исто така и добар начин за тепање досада.
Многу сакам крстозборки, порано кога имав повеќе слободно време дури не ги решам до крај не ги оставав. Сега до половина и толку им е.
Сакам крстозбори ама немам навика редовно да купувам и да ги решавам. Ептен ретко се купуваат весници и списанија кај мене дома, а вака мене никако да ми текне. Едно време многу грешки правеа во крстозборите во оние како прилог со весник што ги даваат за викенд незнам како се викаат и ми станаа многу досадни, а башка што едно прашање во секој крстозбор се повторува.
Порано еднаш или двапати неделни си купував списание и решавав судоку и крстозбори, а ова лето не ми е текнало. Па мама ми ги фрли и сите "Наш Свет", така да во блиска иднина нема да решавам. Ако ми текне за некоја година да си купам списание, убаво ќе биде.
Јас порано решавав често, скоро секој ден купувавме весници. А купував и од оние на Теа мислам дека беа, ама ми здосадија. Се повторуваа многу исти комбинации и не ми беа предизвик. Сега скоро ми препорачаа крстозборче Еурека или нешто слично па планирам да го пробам.
Почесто купувам крстозборки за со мајка ми кога ни е досадно да се занимаваме, таа значи обожава крстозбори така покрај неа и јас се заразив, интересно ми е да решавам
Јас порано решавав крстозбори, амa ми се здосадија. Сега сум сконцентрирана повеќе на интеграми и судоку. Многу ми се интересни.
Го открив еднаш во Рамстор и оттогаш само ова купувам, најмногу разноликост има. Излегува на секои 3 месеци.