Круг на знаење (Алфа)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Tanjus, 21 февруари 2013.

  1. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    70
    [​IMG]


    На 4-ти февруари започна “КРУГ НА ЗНАЕЊЕ“ на МТВ 1. Квизот се емитува од понеделник до петок во 20:15. Водител на квизот е Дамјан Дренковски. Квизот е во реализација на ТОМАТО продукција.

    Навистина интересен квиз, јас го гледам секој ден има реприза во 13:30 и ноќеска после 1 часот. Го гледа ли некој друг? Што мислите за квизот?
     
  2. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Круг на знаење [МРТ1]

    Јас го гледам и стварно е супер.:)
     
  3. miss.pretty

    miss.pretty Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Круг на знаење [МРТ1]

    Дали некој знае колкави се наградите?
     
  4. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Круг на знаење [МРТ1]

    Interesen mi e kvizov,denes go gledav za prv pat.Bi se prijavila,no imam loso iskustvo so eden kviz i se razocarav od mn.raboti.Se' e prevara,dobro isfilmuvano scenario,nagradite se hipoteticki...sepak gledam kvizovi radi zabava i popolnuvanje slobodno vreme,a da ucest.ne fala!
     
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.831
    Допаѓања:
    161.254
    Пол:
    Женски
    Круг на знаење [МРТ1]

    Ѕирнав малце денеска, интересен е :)
     
  6. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.843
    Допаѓања:
    26.191
    Пол:
    Женски
    Круг на знаење [МРТ1]

    Леееле, Благој легендо, руши руши! Никој ништо не му може на типчево, бравос бравос!! :x :clap: :clap: :clap: :clap: :inlove:
     
  7. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    70
    Круг на знаење [МРТ1]

    Хаха сите ги тепа со околу 60 - 10 :D
     
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.621
    Круг на знаење [МРТ1]

    чекај бе ЛЕЛА тек е почеток ке видиме понатака,финалето кога ке биде.
     
  9. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.843
    Допаѓања:
    26.191
    Пол:
    Женски
    Круг на знаење [МРТ1]

    Леле, ко нешто којзнае што да реков... |( боже боже..

    П.С.
    [​IMG] - :lol:
     
    На Dala му/ѝ се допаѓа ова.
  10. billyy

    billyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    15
    По долго време повторно квиз на ТБ. ЈЕССС! Интересен е, само овој Дамјан не ми е некако водител за квиз, и водителот треба да има општи познавања од сите области, а он некои прашања одвај ги чита... Туку и мене ме интересира колкави се наградите???? Ама штом не кажуваат бројки туку викаат само "парична награда" - пак е некоја превара сигурно.
     
  11. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.088
    Интересна замисла и некои прашања си ги погодувам.Сепак мене повеќе ми се допаѓаше Тркало на среќата.
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.279
    Пол:
    Женски
    Интересен квиз. Секогаш го гледам.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.616
    Допаѓања:
    52.121
    Пол:
    Женски
    Не е лош квизов, само некако водителов не го бива, се буни многу при читање. Изгубен е некако. Ама си го пратам редовно, ретко нешто вакво кај нас.
     
  14. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    2.766
    и јас постојано го гледам,многи ми се свиѓа квизот само малку водителот не го бива.
     
  15. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Интересен е квизов, иако не е нешто посебно, сепак за поздрав е идејата како и реализацијата на вакво нешто кај нас. Редно беше, после сите турски и индиски срања, па дури и квизови за претходно споменатите, да видиме некој едукативен квиз.
    Како за почеток, пофалби за овој проект. :up:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    6.397
    Пол:
    Женски
    Квизот не е лош воопшто, интересен е, добро па им текна да направат нешто едукативно. Само не ми е јасно кај го најдоа водителот не го бива, ама ич, под хитно да го менуваат инаку лајк за квизот :)
     
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    19.895
    Пол:
    Женски
    Баш напротив јас мислам дека го бива и плус харизматичен е :)
    Квизот ми е супер, фамилијарно ние сакаме да се пријавиме :D
     
  18. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.397
    Леле лапсусот вчера со „профилот“ на папата на Твитер :lol:
    Абе, Дамјане, Дамјане ... сине Дамјане :rofl: :rofl:
    Да не пукне дечкото, ме изнасмеа
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Интересен квиз, конечно нешто малку поинакво... хаха иначе вчера ништо не знаеа за Ресен..А со папата :D :D :D
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.798
    Допаѓања:
    76.564
    Пол:
    Женски
    А како одат пријавувањата?
    Не дека сакам да се пријавам - немам храброст :tmi: , ама онака ме интересира како се одвива таа процедура со пријавувањето.
    И јас спаѓам во таа група која органски не може да го свари водителот и мислам дека можеле да најдат некој друг, ама кога веќе го ставиле - тоа е. :D
    Не одрекувам дека квизот е мини-освежување после „големиот и захтевен“ обид на Вучич со „Среќните коцки“. :drunk:
    Имам неколку замерки, мислам дека треба да поработат малце на правилата околу зборовите во онаа игра каде е дадена првата буква и треба да го погодат зборот. Не асоцијациите, ами онаа другата, каде имаат неколку обиди за да погодат зборче. Понекогаш ставаат глаголи, придавки, именки и малку ми е нелогично, може на пример да потенцираат дека бараниот збор е именка, глагол итн.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.