Мене ми е досадна на почетокот со тие нејзини поговорки и после првата игра кога зборува со натпреварувачите. Сè еден ист моабет врти.
,, Шта речи, коју послуку порати... ,, Ја да бев, ке им одговорев во нивен стил ,, Вие нешто ме дупите илииии..... ,,
Ајде вака да покренам една иницијатива. Значи водителкава Ирена Спировска со нејзината елоквентност е апсолутна нула. Беспотребно им го троши времето на натпреварувачите со нејзиното неумеење да ги прочита зборовите. Како е можно некоја личност да зборува пред камери и да ја гледа јавноста, а да го дели зборот на слогови за да го прочита? Па уште има и околу 40 години? Срамота! Ајде сите кои се револтирани од нејзините бисери, одолговлекувања и од нејзината неписменост, да се обратиме до Томато продукција за да ја сменат и на тој начин квизот да трае помалку со водител кој ќе знае да ги чита зборовите како што треба - брзо и ефикасно.
Хахаха шо ќе прајт чоек неженет ќе дремит по форуми се надевам од следниот противник ќе изгибииии амин.
Абе оној Антонио не јадеше многу бурек со месо многу денеска, ама на крајот во цајтнотот како се избаци со зборот „Готово е“, па уште и дига раце дека победил. Сељак бе, сељак. Таа па Ирена веќе преку глава ми е (да не се изразам некултурно, знаете до каде ми е, нели? ). Неписмена до немај каде. Да бев до толку будала ќе се јавев во Томато или пак ќе и пишев на фејсбук профилот една порака. Како бе може дипломиран филилог (мислам дека филолошки има завршено) да чита едно прашање пет минути, или како што рекоа погоре, да го дели зборот на слогови за да го прочита? Како може да каже „осумицата најдобри натпреварувачи“? Како? Нели слушнала за зборот „осуммина“ и можеше да каже „осуммина најдобри натпреварувачи“? Жива брука е. Срамота. Ќе ги изгледам уште овие епизоди да видам кој ќе победи и толку. Се откажувам и не гледам повеќе, а Ирена нека си збори дека нејзиниот квиз е најгледан, најпопуларен квиз во Македонија, а несвесна дека секојдневно губи гледачи. @anakonda88 од сето ова, моли Бога да не те викнат.
хехеее можит би ме викнале следната сезона ,бидејки сега се финалистите , но ако отидам ке бидам умерена и немат да збеснувам како овој Антонио , и ке го поздравам јавно целиот Фемина форум ,кој наравно навива за мене Патем што се деси со Господинот Илија (што кажуваше поезија ,прози и итн.) победи ли?
Само за тебе ќе направам отстапка и ќе го гледам тој ден. Па, мислам дека победи. Ако грешам нека изгорам. Се шалам, нека ме поправи некој.
Или јас сум глуп или навистина не знам што сака да каже. Трето нема. До душа не ни го слушам, па уште кога ќе почне да се смее како нездрав на ништо...
Квизов не го пратам баш, го пратам само ако некој дома го пушти па приморана сум сакала нејќела ќе си го гледам... или гледам на ЈуТјуб ако има нешто јако како тоа со прдежот Па уште и се запрепастив цела останав такаа кога Икица рече: "Никој не се сети на зборот ПРДЕЖ" - Па, добро бре жено на тоа ли треба да мислат луѓето А Ирена си е отров јап, првин како збори па едно чепатење и занесување, ги продолжува зборовите, преведува странски зборови кои не треба да се преведуваат, за правопис воопшто и да не ни правиме муабет огромна дупка, кога ја слушнав еднаш ТРЕЊЕР леле човече уааааа... what чекај идам натаму, па тоа заносното држење со едното ноџе подвиткано и едната рака спуштена, а другата рака у форма на шипак направена комотно и мудро задржана испод груди.. Иначе нема завршено факултет, јас колкушто знам барем.. почнала со студии и прекинала пошто од МРТВ и понудиле да снима реклама за кроасани па после тоа и фестивали и бинга и лотарии И ете стаса и до уредник на забавно-контактна редакција во Алфа а шо забавно има Алфана воопшто????? Добро тоа е веќе друг тема да не одам мноогу офф офф Иначе квизов сам по себе си е супер, али ете ради Иренчето нејќам да го гледам, а и плус ради терминот кој е сам по себе крш - 16:45 мислам Може многу да се научи од квизот знам и интересни прашања има али тоа е тоа... Од наредната сезона, очекувам боље водител/ка, термин и фрекфенција