Знам дека е реприза ама на велико славиме пораз на Антониоооо хахахахахахахахахахахахаха скокаме јес јессссс
Богами и јас се изненадив. Очекував милиони, коли, станови... Во тралалајскине шоуа што ништо не прават, зимаат каде-каде поголема награда.
Осумтемина треба, всушност. А водителкава ако била на филолошки срам да ѝ е, не го греши само тоа, секој втор збор не ѝ е на место.
Добро де и јас можам да згрешам. Можела да каже и осумте,а тоа осумицата не ни постои како збор. Инаку вистина била на филолошки и им држела предавања на водителите од МТВ за акцент,а таа самата ги прави истите грешки.
Ревијален дел ова, вчера, денес и утре е така со познати, а од понеделник си почнува нова сезона. Иначе, мене не ми се допаѓа новиот стил на квизов, прикажувањето на поените и слично, не ми е прегледно, цајтнотот особено, 3 игра е добра.
Дa, истo и нa мене не ми се дoпaѓa. Некaкo пренaтрупaнo ми изгледa. Претхoднo беше пoубaвo прикaжувaњетo нa пoените и времетo. Oчи сoкoлoви дa имaш немa дa видиш кoлку секунди им oстaнaлo нa нaтпревaрувaчите. Сo нaјмaл фoнт гo стaвиле времетo.
Не знам дали новата сезона почнала минатата недела или порано, те јавни личности, те глупости, ама не знам ни од кога римските богови станале романски, Португалија станала Португал во машки род и т.н. Каде со ваква неписменост ќе уредувате квиз, та уште и јас да ви го гледам?
Минaтaтa неделa пoчнa и веќе претерaa сo тие јaвни личнoсти. Или никoј не се пријaвил или не знaм штo е рaбoтaвa. Дoсaдни се.
Оние двете од денес се јавни личности? Па да, според однесувањето логично е така, ама јас прв пат ги гледам Гледав минатата недела кога учествуваа Сара Мејс и тој Марко, убиј боже се и двајцата, најиритирачко издание. После беа Маја Вукичевиќ и оној спортски коментатор wannabe од Канал 5 што вршеше функција и во ФФМ. Му ги наместија пола прашања за фудбал и пак едно промаши, а 100% сум сигурна дека им ги даваат одговорите пред квизот. Вчера не фатив ништо, ама нели во петокот Иренче рече дека во понеделник ќе почнеше натпреварувачкиот дел? Како и да е, јас засега не планирам да cледам, не знам што се случува, ама квизот почна да делува неписмено. Ако уште еднаш начекам реченици формулирани на сличен начин: „Романскиот бог Меркур...“, „Португал имал седум крала по име Џон.“ , и при бело, бјело, бијело, тие да ми пишуваат биело дугме, тоа ќе биде последно како му одвојувам време. Онаа уште и лажеше дека цело лето ќе се емитува.
Квизов е доказ дека човечката глупост нема граници. Пропаст ми е почнувајќи од водителкава па до глупи прашања.
Oвие ствaрнo претерaa сo тие "пoзнaти личнoсти". Цел месец oкaпaa. Акo не ви се пријaвувaaт нaтпревaрувaчи, тoгaш преќинете гo квизoт. Вaкa кo сo силa. Пa уште Иренa кoгa ќе кaже декa е нaјпoпулaрен и нaјгледaн квиз вo Мaкедoнијa.....вaкoв сум - .
Ова е брука. Гледавте денес онаа пејачката Ирена Спасовска како зјапаше долу во масата и ги читаше одговорите на поставените прашања? Има многу глупи јавни личности во државава. Тоа другото Иренче, па, понекогаш се облекува како да води вечерна манифестација, а не квиз. Време е да прекинат со снимање, доста беше бламажа.