Новата сезона ќе почне од септември. Ја гледавте ли Маја Вукиќевиќ? Женава појма немала. Не знаеше да одговори најосновни прашања. Златко (водителот во Алфа) ја растури.
Никoј дo сегa немaше пoјмa реaлнo. Не ги знaaт ни прaвилaтa, кaмoли oдгoвoрите. А oвие изгледa мaјтaп си игрaaт. Тaa Иренa кaжa декa сaмo првaтa неделa ќе биде тoј фaмoзен ревијaлен дел.
И јaс сум зa тoa дa прекинaт. А тaa пa се прaви мaнекенкa. Не ми е јaснo дaли сaмa си избирa oблекa или други јa oблекувaaт. Препoрaчувaм дa земе пример зa oблекувaње и вoдење квиз oд Лилa. Едит - ептен е вештaчкa пред кaмери. Пa уште кoгa ќе зaстaне сo тoa нoзете...
Леле мори мајко, нови бисери за сеир имало од квизов Иначе, порано на почеток баш ми беше интересен квизов, го рачунав за нешто понормално на тв, за разлика од глупостите на Вучиќ Штета што со гафовиве направија циркуз и од ова...
Знaчи Иренa ич не е зa пред кaмери ствaрнo. Сo тoa рaкaтa вo џеб и сo тaa пoзa кo нa Бит Пaзaр дa е, a не нa телевизијa. Некa си oбјaсни сaмaтa нa себе декa е вoдителкa, a не мaнекенкa сo тие пoзи. И штo беше тoa шушкaње вo пoзaдинa? Мене ми се слушaше кaкo дoжд. Нaвистинa не беше убaвo.
Не викам, тврдам. Дај те молам колку лапсузи и глупости има кажано, а демек македонски јазик и книжевност има завршено.
Мене ми е океј. Иста си е како секогаш, ми се чини дури и дека нема остарено, толку што си е иста =) И ок зборува. Не знам... Можда поради тоа што ретко го пратам квизов. Нема врска ха.
Остај. Не знам што беше тешко да се прочита „Дојче Вутербух“. Ја појма немам германски, ама знам пак да прочитам барем нешто.
Дојчес Вoртербух требаше отприлика Нека најдат помлад/а водител/ка што учел/а странски јазици во средно Не викам дека и е работа да разбира германски, ама германскиот нема комплицирани правила за читање како некои други јазици за да се бламира така јавно „не знам да го прочитам“ Епа затоа ќе си ги бара прашањата од режија, ќе ги разгледа пред снимање и ќе научи. Кога таа како уредник на забавна програма се назначила себе да го води квизот, треба да биде максимум професионална, ние не сме и пред екран за да ни покажува како е свадбарски облечена и да и ги слушаме безвезните муабети, се знае зошто се следи квиз. Новата игра (третата) не ми се допаѓа. Многу е слична со првата, прашањата се однесуваат на некакви занимливости, нај личност/автомобил/мобилен телефон за 2015 според рандом магазин. Сериозно ? Сликите бараа повеќе познавања. Ова веќе не е круг на знаење, туку круг на тепка и на среќа.
Или овој нешто е ненормален,зошто зборовите пе*ер и порно ги кажал тој. Меѓутоа ни точниот одговор не е ништо подобар. Ако сега има вакви,понатаму ќе има уште повулгарни зборови како што еднаш напишав. Инаку @Mr. Right и @sjdgo да ми го пратите мене Иренчево да научам како да чита германски,ако пак треба да чита вакво прашање?
Квизов беше добар лани, кога имаше натпреварувачи кои знаат нешто, сега има простаци кои викат понатаму понатаму понатаму. Најдобро беше кога одеше квизов на Мтв, еуфорија имаше дека конечно има квиз на знаење, сега е веќе упропастен. Посебно со тие глупи зборови, и со новата игра. Ирена водителката е глупава, значи ептен. Најглупавата водителка, мисли дека е смешна а уствари е проста, не знае да чита, не знае да зборува, простакуша. Исто и водителот на квизот Арена е глупак невиден. Не ни може да се очекува од член на УМС да е паметен.
Слободно преземи ја, јас не би се замарала со неа колку е деконцентрирана. Таа само мисли како да биде центар пажња наместо прашањата во квизот
Леле навредиииииииииии! Па во Македонијава насекаде само навреди бе, човеци! Сите стручњаци за све! Па ајде иди води квизови ТИ, вие кои грдите други имиња и појави кои се присутни на ТВ со децении. Срамота! Само да се ругало и плукало. Ко за тоа да живеете. Надвор од тема сум можда, ама и вие со ругањата сте! Ко да немате мерило што зборувате, уствари и немате. Како прво, да имавте култура немаше да си дозволите да употребувате такви зборово за жена, дама. А ниту за маж, општо, за било кого. Што ќе се случи да вас некој така ви се обрне и почна да ве плука? Тогаш ќе боли, м? Квизот не го гледам редовно, но од тоа што сум го гледал, ми се допаднал. Ниту бранам нечија страна, само сум реален и наапан од вакви нешта (од погореспоменатото).
Ти знаеш ли што е дама? Прво научи тоа па кажи дека Ирена е дама. Ирена е дама колку Лила што е дама. Е сега ако мислиме на ноќна дама, тогаш да, и двете се тоа.
Мене Ирена ми е ептен вештачка во зборењето. Често знае да направи грешка во читањето и во играта Цајтнот луѓево само си губат време, па и додека не прочита не смеат да одговараат. Дека е младолика, младолика е, ама за ваков тип на емисија не е. Би можеле да ја стават да води некоја емисија од типот на Збор по збор, таму мислам дека подобро ќе се покаже. Него нели во првата сезона на емисијава имаше еден машки водител? Кај исчезна тој? На ниту една телевизија го нема, а стварно многу добро знаеше да го води квизов.
Не знам што толку се замарате. Не е дека го гледам често квизов, реално неам прилика. Кога сум во Македонија го гледам и искрено воопшто не ја ни приметувам Ирена. За водителот на Арена се согласувам дека е простичок, но во ова кратко квизче воопшто ама воопшто не ме интересира Ирена. Таа само нека си зборува, јас во себе прашањата си ги одговарам. И ако има друг циклус, размислувам да се пријавам. Ако приметите девојка цела во црно, тоа сум јас.