А излезе ли 4 сезона?? јас третата до половина и не ја догледав. Предосадна беше, баш ме интересираше дали ќе дојде периодот до Дајана, ако ја има да се потрудам да гледам пак.
Јас сега почнав да ја гледам и сум до прва сезона. Многу ми се допадна и баш сакам да видам како од тивка принцеза ќе премине во моќна кралица. Навидум, ни го открива животот во Бакингемската палата и нивната моќ, планови, начин на подреденост на работите. Мене ми е доста интересна, нема некои настани и случки, може поради тоа што од секогаш ме интересеирал начинот како функционираат.
Мошне интересна серија, одлична глума, костимографија и прикажување не само на внатрешните движења во Бакингем туку и реакцијата/мислењето на Бакингем кон историските светски настани и личности и покрај тоа што мразам монархии и мислам дека британската монархија (и сите останати во светот) треба да бидат укинати што поскоро. Серијата ми е мошне квалитетна, интересна, забавна и очекувам новата сезона да биде со ист врвен квалитет како и до сега.
Историски драми ми се омилен жанр. Серијава е врв, и научив многу работи од историјата на UK што ми даваат појасна слика за многу работи денес. Глумата е совршена, а особено би ја издвоила Џилиан Андерсон како Маргарет Тачер - брилијантно!
Им се отели кравата на Нетфликс со дешавкиве неодамна, сигурно ќе има и уште сезони. Новава ќе била за распадот на бракот на Дијана и Чарлс.
Да не ја изгледа новата сезона? Јас ја почнав, ама кастингот ми е никаков, сите ми се утнати, ниту си личат на нивните минати верзии.
Само две епизоди изгледав. Не ми останува баш време за скрин тајм, сигурно ќе ја завлечам. Не е ништо посебно, ама и не е толку лоша. Само многу ме нервира новата Елизабета, Долорес Умбриџ ми излегува пред очи во розово костумче.
Јас ја изгледав, и тоа многу брзо баш ми беше интересна. Кастингот ми е горе-долу океј, освен Елизабета. Тука дефинитивно се сложувам дека направиле грешка, и јас упорно ја гледам Умбриџ И Чарлс го направиле повеќе да личи на нешто отколку во живо. Во секој случај, личен впечаток дека оваа сезона е подобра од претходните.
Ништо не ми остана за гледање периодов, па веројатно ќе ја пројдам. Се сеќавам дека и за минатиот кастинг мрчев, па се привикнав. Ама, стварно не знаат некако да ги одберат, не гледаат воопшто да имаат сличности со претходните.
Не е досадна воопшто, само навистина безвеза е ова со ликовите. Сигурно и во следната сезона (верувам ќе има минимум уште 2-3) ќе има пак голем тајм скип и пак ќе има нова Елизабета. Таман ќе се навикне окото на Долорес Умбриџ, ќе ја тргнат. Живот.
Таа треба да биде последна. Мене ми пречи актерот за Чарлс, не сум навикната да го гледам во таков млитав лик.
Во последната сезона се посветија малку да ја прикажат принцезата Дајана како оговарачка и неодговорна, дека децата нешто не и се наклонети и не патат што не живеат заедно. Во корист на кралството морсше да биде серијата. Мене ми беше интересна сезона освен Чарлс, ниту личеше на него ниту се однесуваше како него глумецот, промашај тежок. Принцезата Дајана ја откина глумицата во целост, супер беше.
Историски серии обожавам. Оваа серија ми е во топ 10 изгледани и ептен моќна серија е. Многу работи научив за кралството и кралското семејство што ме натера да истражувам уште повеќе за нив.
И јас после секоја епизода отварав да истражувам на јутуб и гугл. Сега ги чекам уште последните 4 епизоди и завршува.
Ова е една од ретките серии кои вреди да се гледаат, само се завлечкав малку, повеќе од месец и пол, а сум само до средина на втората сезона. Време е малку да забрзам. Омилен лик засега: Џон Григ - поранешен лорд Алтринxам - непредвидлив, прогресивен ум кој се потруди и успеа да издејствува промени во рамки на своите можности без да го премисли тоа што беше плукан и несфатен и замерен директно со врвот. Чекам да се појават Дијана и Тачерка. Со политиките што ги водела Тачер не се согласувам, меѓутоа таа како карактер ми е ѕвер, после неа мислам дека Британија немала таков доминантен премиер.
Ја гледам четврта сезона, заклучно трета епизода. Омилени ми се 80-ти во секој поглед. Се ова за Дијана веќе го знаев, но нејзините сцени се преубаво снимени. Жал ми е за неа, толку млада поминала низ пекол. Cлично на обичните луѓе верувала дека кралското семејство е како од бајка и дека во бајката недостасува таа, но кога влезе таму... Камила ја направиле многу кул. Врв се Ема Корин и Емералд Фенел , омилени актерки во цела серија досега. А омилен лик ми останува John Grigg/Lord Altrincham од сезона 2. Интересно е да се следи паралелно подемот на принцезата Дијана и на Маргарет Тачер. Мислам дека вторава иако конзервативка, без да сака ја забрзала женската еманципација во Британија и во светот. Во серијава не ми е добро доловена. Ја прикажуваат предвремено склеротична, лигава како денешните десничари. А ја набљудувам на јутуб и не ми личи на таква. Ќе видaм понатаму дали ќе го сменам впечатокот, дали е вака најправилно.
Една од најдобрите серии на сите времиња и вреди како таква да остане забележана во аналите на телевизиската уметност. Историја, политика, психологија, драма, неизвесност, непредвидливост иако се познaти случките и личностите... Ова беше врвот, едвај наоѓам зборови, секоја епизода наликува на филм номиниран за Оскар. Мои фаворити се "Mou Mou" - 3. епизода од 5. сезона, биографска за Мохамед ал Фаед, потоа "Fairytale" - 3. епизода од 4. сезона за венчавката на тогаш принцот Чарлс и лејди Дијана. Ќе ги споменам и првите две епизоди од 4. сезона, одосно запознавањето со Дијана и Маргарет Тачер, па последните епизоди од 3. сезона - почетокот на врската помеѓу Чарлс и Камила паралелно со смртта на Едвард VIII, и секако, епизодите од првата сезона со Винстон Черчил. Омилен лик Џон Григ all the way, а од редовните, најинтересна ми беше принцезата Маргарет, голем сноб, ама нe може да ја мрази човек, кралица на гламурот. Омилени актерки Ема Корин, Емералд Фенeл, Ванеса Кирби и Клер Фој. Целиот кастинг беше внимателно одбран, cитe брилјираа и за сите имам по некој збор, ама и јас како млада личност на овие млади дами им давам предност. Сепак на крај би рекла дека Елизабет Дебицки растури. 4 месеци поминав со оваа серијa (август-декември), и за прв пат ми е мило што одолговлекував, не чувствував никаква нестрпливост побрзо да ја завршам, напротив, уживав во секое издание.
@Аргентина * Се согласувам со се што си напишала. Ја гледав серијава одамна, уште кога излезе, ама вреди да се изгледа уште еднаш.