Форумџика на годината 2020

Крушево

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Zaljubena111, 31 мај 2011.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    1.628
    Последниве неколку години ( по смртта на Тоше ) Крушево стана многу посетувана дестинација. Сакам да споделиме мислења околу оваа дестинација.
    Го посетувам Крушево многу често, едноставно ми е прекрасно мирно место кој изобилува со богата традиција, многу цркви и манастири, Познато по Крушевската република, Музејот на НОБ, Мечкин Камен и сега ново отворената Спомен Кука на Тоше.
    Колку од вас се биле во Крушево, што мислите ајде да направиме кратка свот анализа.
     
  2. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.739
    Јас бев минатата недела во Крушево.. Прекрасно место за одмор, релкасирачко :D :D Инаку ја посетив Спомен куќата на Тоше како и манастирот нешто прекрасно направено, но во исто време доста вознемирувачко, сите оние предмети, дела, восочната фигура итн итн предизвикуваат тага во мене.. Сепак им препорачувам на сите да ја посетат како и да уживаат во чистиот планински воздух и изобилството на природна убавина која ја нуди Крушево.
     
  3. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Женски
    Во мојот живот сум била само еднаш во Крушево и тоа пред добри 10 години, ама не видов ништо посебно мало гратче, со чист воздух и тоа е тоа. Убаво е само што има убава природа мене лично барем тогаш во тоа време Крушево не ми остави никаков впечаток.
    Ама со сигурност тврдам дека најдобрите но и најзлобните и најглупи луѓе живеат таму, имам запознаено 1 прекрасна личност во Крушево, а се останато ми оставиле многу лош впечаток :x
     
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.657
    Ммм Крушево ми е најомилен град ви државата. Сум го посетила неколку пати, да можам би го посетувала секој месец,ама далеку е. Мал е градот,ама делува многу релаксирачки, буди во мене некои чувства што незнам ни јас да ги опишам.
    Летово мора да отидам уште еднаш.
     
    На crazylady, CaperucitaRoja и wolf4e им се допаѓа ова.
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.641
    Допаѓања:
    18.542
    Пол:
    Женски
    Мал град,ама сепак убав..сум била неколку пати..и сега пак сакам да одамм во спомен куќата на тоше.. :)
     
  6. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Ммм сега ја гледам темава :)

    Јас по татко сум од Крушево :inlove:

    Аххх... Кога би можела, би ве земала сите и би ве однела на МЕСТАТА во Крушево, вистинските места, каде што времето застанува, а волшебната приказна почнува...

    Не се прави SWOT на Крушево, едноставно нема слабости :angel:
     
  7. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    453
    Крушевоооо....Го обожавам :inlove:
    Според мене е еден од најубавите градови во нашава држава
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.707
    Не го посетувам многу често, сум била неколку пати и ми остави убав впечаток. Прекрасно мало гратче, како создадено за одмор и релаксација.
     
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.830
    Пол:
    Женски
    Има Крушево слабости :D Луѓето :wasntme:
    Ама ако отидеш и ги гледаш само убавините, природата, кривините, старите куќи, калдрмата, скалите, високите борови, старата црква и познатата Градска кафеана, ако ја почуствуваш миризбата на смола и снег(кој за жал поретко го сака Крушево :( ), се сопнеш на по некој камен сронат од карпа, или не дај боже паднеш од стрмните влезови на куќите :D , и те како ќе се заљубиш во овој востанички град :)

    Уф, па мирисот на целуфки и локум со ореви :doh: :wasntme:

    И за крај, мирисот на тага и свеќи, мирис на дволичност и снобизам, мирис на глума и тага, повторно :|
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Па некако и не се сложувам баш..ама сепак, лично доживување на Крушево нели :!:
    Луѓето, да ако си странец и те гледаат како таков, ама како и да е, тоа не треба да им се замерува којзнае колку, со оглед дека тоа е мал град и кога ќе дојде некој од страна, нив им е празник...
    Нажалост, дури по смртта на Тоше, луѓето успеаа да го видат Крушево, но затоа крушевчани гледаат да го искористат тоа...

    Во секој случај, крушевчани си го љубат својот град и се широкогради луѓе со чисто срце :!:


    ...Познатата Градска кафеана е затворена и сега таму има два кафичи...
    И од каде информацијата дека снегот не го сака Крушево :^)
    Камен сронат од карпа :^) Карпи има само пред влезот, тоа се спилите, но над градот нема карпи кои се ронат врз него...па оттукка не гледам зошто и како некој би се сопнал од камен од карпа :$
    И како за крај... влезовите на куќите се рамни, не живеат луѓето во стрмни куќи побогу :worried:
    Куќите и дворовите се рамни, а улиците се стрмни, признавам, ама не се паѓа така лесно :lol: освен ако не е подмрзнато, а во тие случаеви, црна кеса и право в чаршија си :rofl:

    Ништо лично, само што не го препознав Крушево во твојот пост...Извини ако те навредив на било кој начин
     
    На blaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Сум била неколку пати во Крушево, ама што знам, не ми е нешто посебно. Т.е. јас не видов некоја којзнае каква убавина во него. Мало гратче, малку места за шетање, отидов неколку пати и секој нареден пат одење ми беше се по банално. Не знам, мене не ми се допаѓаат такви мали места па веројатно и затоа не ми се допаѓа многу Крушево!
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.830
    Пол:
    Женски
    Тами, кога последен пат си била Крушево?

    Патем, не читаш ли меѓу редови?
    Јас лично така го доживувам Крушево, како такво го гледам секој ден, и да, има карпи, снег се помалку, и има стрмни влезови ;) За мене да, зошто мене тоа ми е најинтересниот дел од овој град. :)
    И Градска кафеана како локација постои и ќе постои, ма што и да сместат таму :)
     
  13. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Женски
    Со ова неможам да се сложам :x може си го сакаат градот, ама со тоа дека се широкогради и со чисто срце НИКАКО неможам да се сложам, крушевчани т.е. повеќе крушевчанките се многу подли и злобни барем мнозинството кои ги познавам. Според мене во Крушево само природата е скапоцена друго ништо, се изјаснив веќе еднаш.
     
    На TammyDeyn и kate21 им се допаѓа ова.
  14. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    193
    Еве една Кушевчанка во форумов :) Многу ми е мило што некој отворил тема за Крушево...
    навистина незнам што можам да кажам, не сакам многу да зборувам да не испадни дека многу го фалам градов. Како и секој град така и Крушево има свои предности но и свои недостатоци ;) Секако дека вреди да се посети, бидејќи како прво изобилува со своите природни убавини, и во зима и во лето, како второ е град за релаксација, град во кој можеш да заборавиш на своите грижи и само да уживаш, потоа прекрасните стари градби вредни за да се видат, преубавите крушевски јадења(традиционалните пити, грниња, како и локумот и целуфките)... :)
    Но јас како девојка која е секој ден во Крушево, повеќе ги забележувам маните одколку предностите :P Благодарна сум на сите туристи кои доаѓаат, и одвај чекам да дојде викенд, јули/август и јануари, бидејќи тие се месеците кога градов е полн, а останатите месеци буквално кажано животот во Крушево застанува :) А она за луѓето, има голема вистина во тоа... Дефинитивно има голем број на злобни луѓе, чија што злоба преминува во простотилук :(
    Но сепак доаѓајте во Крушево :)
    и секако доколку имате некои прашање поврзано за Крушево слободно прашајте :) :)
    поздрав :*
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    [/quote]

    Добро, јас уште на почеток ти кажав дека е твое гледиште и дадов реплика дека јас не се сложувам со твојот пост, затоа што таму не го видов Крушево кое јас го доживував... И предвреме ти се извинив доколку се налутиш...


    ...А карпи нема, не може да има, карпите се на влезот, значи на патот пред Крушево и горе во градот е невозможно да има одрони од карпи.... За снегот не знам...ама мислам дека има толку, колку што има во цела Македонија горе долу. Снегот не го заобиколува Крушево и се уште немам видено стрмен влез... дури и тие на гумење не се стрмни, улицата да, ама кога ќе влезеш во дворот е веќе срамнето за до вратата, куќата е на рамно...
    А за Градска кафеана како локација, да, се ивинувам погрешно разбрав јас веројатно...

    А во Крушево сум пречесто... Немаше потреба така да ме прашаш „Тами, кога последен пат си била Крушево?“, затоа што нови карпи кои јас не ги знам, сигурно не израснале од последниот пат кога бев таму...

    За луѓето... јас останувам на моето, веројатно мојата крушевска околина се прекрасни луѓе, а за тие злобни што ги познавам, мислам дека сепак длабоко во себе го имаат тоа што беа пред 5 години...
     
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.030
    Сум била неколку пати, немам некое посебно мислење. Убаво е што има чист воздух, го почитувам заради Тоше и македонската историја, но не би седела повеќе од ден таму таква сум :)
     
  17. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.322
    Оваа година за прв пат бев во Крушево и тоа од екскурзија.За жал ја посетивме само Споемен куќата на Тоше, бевме на гробот на Тоше и тоа беше целата посета на Крушево. Друго ништо не сум посетила.
     
  18. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    Крушево моето најубаво гратче..
    p.s. не ги замислувајте сите така злобни еве ви една доста пријатна крушевчанка :$ :lol: :lol: :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • casasasc.jpeg
      casasasc.jpeg
      Големина на фајлот:
      14,9 KB
      Прегледи:
      412
    • cascasasca.jpeg
      cascasasca.jpeg
      Големина на фајлот:
      5,6 KB
      Прегледи:
      411
    • fbfdb d.jpeg
      fbfdb d.jpeg
      Големина на фајлот:
      10,4 KB
      Прегледи:
      411
    • fewwewe.jpeg
      fewwewe.jpeg
      Големина на фајлот:
      9,4 KB
      Прегледи:
      411
    • scsacac.jpeg
      scsacac.jpeg
      Големина на фајлот:
      9,7 KB
      Прегледи:
      411
  19. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    820
    имам отидено неколку пати местото е совршено за кулирање и за земање на чист воздух :$ :$ :$
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Krushevo. Ima neshto posebno vo nego. Go posetuvam od mojata 1 i pol godinka, go sakam i zima i leto, iako pochesto sum tamu leto. Normalno deka ima pozitivni i negativni strani. Bi sakala da kazam za gradot. Mal, so ziteli kolku edna prosechna naselba vo Skopje no ima nekoja magija vo toj grad. Lugjeto bar jas shto gi poznavav porano(sega ne odam tolku chesto od X prichini) bea mnogu srdechni, ljubezni, od mlado do najstaro, dali deka jas imam koreni od tamu i me znaat site pa mozebi drug im bil odnosot so stranci, no za mene e uzasno chuvstvoto koga vidov pred nekolku dena shto se pravi. Zalam i ogorchena sum na posetenosta na Krushevo. Normalno deka sakam da se posetuva i seto toa, zoshto bogami retko osven turizmot tamu neshto zazhivuva, fakt e deka nema fabriki, lugjeto se preseluvaat, shkoluvaat vo dr. gradovi, nema uslovi, dosta e siromashno gratche no da ne begam od poentata na muabetot. Gospod neka mi prosti ako gresham, no gledam kako se bogatat lugje na smetka na Toshe, go izoblichuvaat negoviot lik i delo za da zemat nekoj denar. Toa e sramota za chovek. Pa kolku i da si siromashen, toa ne treba da se pravi. Gradot e ist, Sv.Nikola e tuka, Belami, Planet, no nekako lugjeto navistina se menuvaat. Dodeka sum zhiva kje go sakam Krushevo i kje go posetuvam, i kje veruvam deka kje dojde podobro utre, koga kje zazhivee gradot vo sekoj pogled, ne samo gledano od turistichki aspekt, tolku ubavina imate Krushevchani da sekako dokolku bi bil poblisku do glavniot grad so podobra idnina, bi ziveela tamu. No, realnosta e druga. I site shto gi poznavam od Krushevo i shto ne se od Krushevo rekle deka Krushevo e odlichno za odmor, za da izbegash od metezhite vo soobrakjajot, da go najdesh dushevniot mir, no za zhivot .. Ne !!