Здраво Да прашам, контакт број од автобуската станица во Крушево дали има некој? конкретно ми треба превоз за Крушево-Прилеп
Здраво Феминки, споделете искуство како е за 2 Август? Има ли гужви, колку е далеку Македониумот? Коњаницата пристигна ли?
Јас бев пред една недела за викенд. Бевме сместени во Панорама, ради спа центарот највеќе. Плативме 140 евра, за една ноќ, четворица. Разгледај ја и Вила Јован, сум ноќевала и таму порано. Поефтино е од Скопје кога станува збор за кафе и јадење по локални ресторани, ама не е некоја драстична разлика. Инаку топло го препорачувам и ресторанот во склоп на самиот хотел, услугата е феноменална, јадењата фантастични.
Јас сум била во Каса и во Вила Ла Кола. Две поголеми куќички се, блиску една до друга. Колку што се сеќавам имаше двокреветни и трикреветни соби. Јас кога бев на лето плаќавме по 600-700 денари од човек за ноќевање, кога бев на зима искрено не се сеќавам ама нешто блиску, малку поскапо можеби. Префини газди, чисто, средено, убав поглед. Многу сум задоволна јас и пак би отишла таму. А општо за цените низ Крушево, мене искрено ми беа драстично пониски, бар од Скопје. Јадевме, пиевме по кафани, кафичи, се надвор се храневме и не потрошивме многу.
Има, Метро транс мислам. Никако не оди со нив. Никако. Подобро преку Прилеп со некој автобус или со кола. Цената за Метро транс е околу 500 денари во еден правец
Зошто? Сум била до сега само со кола, па се интересирав за со автобус, но изгледа нема таква саглам опција
Затоа што комбето се распаѓа, дува од сите страни, врата од багажник се отвора, ќе ти испаднат куферите... хорор е ...
Гледам сте пишале за превозот до Крушево. Баш ми се одеше, одамна не сум била, гледам има некои новитети во градот, но автобус Скопје - Крушево воопшто нема. Значи Македонија наместо напред, оди назад. И сега знам, некој ќе рече, па добро денес сите одат со коли или преку Прилеп одат, ама па луѓе, си треба бре автобуски превоз и тоа редовен. Како ќе развиваме туризам и како тие луѓе таму ќе функционираат. Знам многу крушевчанки, така што не е ни чудо што се избега од таму, тоест секој кој можеше. Треба и кај нас редовни линии, макар минибуси, не мора автобуси, со возен ред истакнат на латиница на веб сајт, време на тргнување, стигнување, цена на билет. Таков имаат во Црна Гора и точен е возниот ред, и тоа е одлично за туристи. И џабе е се, и соби и вили и апартмани, кога на крајот местото е отсечено и многу луѓе се откажуваат од намерата да го посетат градот. Народот останува без пари вака или така. И таа карпата кај тунелот Скопје - Велес е ризик на патот, не преземаат мерки, ќе настрада некој, па после ќе се бара виновник. И одаман еднаш кога одевме за Крушево, комбето почна нешто чудно да мириса, да чади, па му сипуваа вода, ама среќа бевме на самата угорница пред Крушево, па можевме и пеш да продолжиме, ама тоа не е решение.
Има автобус, барем така вика страната на автобуска. Еве провери овде. http://e-avtobuska.mk/PregledVozniRedovi.aspx
Прашав телефонски, нема. Не ажурираат ништо онлајн. Овој возен ред важеше по смртта на Тоше. Во време на пандемија си закажав сместување во Берово, одам на автобуска, барам билет и ми велат „аааххх, за Берово автобус нема“, ама велам „како онлајн стои дека има 5-6 пати на ден“, ми кажуваат дека тоа не е точно. И чаре, ми вели „сакаш билет до Виница или до Пехчево, па снаоѓај се“. Земав до Пехчево, и сфатив потоа дека пехчевски превозник ги вози и беровчани, тоест ги префрла во комбе. На автобуска немаат поим. Која е логиката да платам превоз до Виница, па да се снаоѓам? Како? Виница нема автобуска, застануваат кај маркет во градот. Лудило. Еве и за Берово вади 10 линии на ден, а се две натаму, една во 14.00 со Андон и потоа во 16.30 и тоа е се.
Ненормална работа. Само кај нас е ова возможно. А секогаш мислев дека страницата им е упдејтирана. Ама ова е дефинитивно врв на глупоста. Ај до други градови да нема ама до главниот .Па како тие луѓе одат до клиника?
Сироти. И јас се чудам. Да не си им во кожата. Порано Крушево имаше комбиња и до Битола, ама со тек на време им ги скинаа, оти се намалува и бројот на жители. Знам дека за некои посложени прегледи одеа во битолската, а не во прилепската болница. И за Охрид стои на листата еден куп линии, а всушност се 4-5, ајде нека се и 6 на ден, ама повеќе не се. После короната намалија и горе долу така остана.