Се оди и пешки низ град нагоре од страна на Македониумот па на лево. Само не сум сигурна колку време фаќа. Или друга опција има патека покрај стазата за скијање, на моменти низ шума, на моменти покрај стазата и жичарата
Здраво. Сакам да одиме во Крушево на викенд, но да не биде премногу студено, зашто сме со мали дечиња. Планираме некаде март-април отприлика, па некој со искуство какво е времето тогаш, дали е подобро да отидеме март (дали ќе има и снег) или сепак април за да можеме поубаво да прошетаме?
Дали некој бил овде да сподели искуство? https://kajak.mk/smestuvanje/2678604e-clarina-all-seasons-rooms--aprtments-krushevo
Прекрасно, бевме во мај. Блиску е до се' - Тоше Проески куќа, Крушевско езеро, Илинден... чисто, фин газда, има се' што е потребно. Едноставно преубаво беше
Порано, по смртта на Тоше, се слушаше влашки јазик како си зборуваат луѓето, а потоа слабо. Не го знаат младите или и онака се префрлени на македонски? Инаку, ако почнеш да броиш по фамилии, по презимиња, повеќето ќе испаднат Власи, што не се отсликува на попис, веројатно се пишуваат Македонци. Некој во темава имаше пишано дека најлошо во Крушево е народот. Зошто? Едно е туристички кога одиме, а да живееме таму може ќе забележиме негативни карактеристики, не знам.
За жал мал е бројот кој што живеат таму така да ,масовно е иселувањето на младите па така и се губи идентитетот...
Нане, Тана, Дика, Бразда, Тагас, влашки презимиња, а тие што се на ски, како Тирчоски на пример се Власи. Лојални на државата за едно големо ништо. И се пишуваат Македонци, а на проклетиите не им текнува на Илинден една песна на влашки да отпеат и да има говор на влашки. Напротив јадат навреди и клевети за некое си влашко лоби што наводно работело против државата, а реалноста е дека Власите повеќе ја промовираа Македонија од самите Македонци. Сум била во двете влашки соби, пред Илинден во едната прикажуваа документарец за Крушево и имаше реченица вака "ние овде не се делиме на крушевчани и Власи". Глупава, дискриминирачка и потценувачки изјава, па уште и гордо тоа го ставиле во документарец. Демек Власите не се крушевчани? Власите веројатно се таму пред многу Македонци, во 18 век дошле од Москополе, таа архитектура и тие специфични куќи се нивна култура. А колку Македонија ги цени Власите, погледни дека е Крушево пустелија, заборавени. И преку Отворен Балкан можеле да договорат да има екскурзии, да доаѓаат Власите од Зајечар, Бор, Мајданпек и други српски градови да го видат Крушево, да има некој фестивал, да направат нешто за нив. Вчера пуштив влашка песна која ја пее Игор Узунов, кој инаку е Влав на една пријателка од Србија, Влаинка, и ми рече само делумно го разбрала, не целосно. Ми кажуваше еден наш Влав дека тие таму попримиле влијание од српскиот јазик и не говорат баш исто.
Крушево ми е еден од омилените градови. Повеќето не го сакаат, зашто реално е мал и според нив нема што да се види. За одмор е идеален, онака баш убаво да се одмори човек. Не е дека е досаден, зависи кој што бара. Луѓето наоколу се љубезни, па и немам некоја замерка. Најубавите спомени ми се тука.
За одмор е ок, и евтино е, за постојано живеење нема работа и тоа е тоа, се испустува без народ. А такви историски места треба да се приоритет, да се вложува, да ги развиваат, да има работа и пари.