Сум била во Крушево неколку пати на екскурзија, а последниот пат бев во април само за да ја видам спомен - куќата на Тоше.. Мал град, но сепак ми има оставено голем впечаток.. Не е "најубавиот град" во Макеоднија, меѓутоа си има свои убавини поради многу причини, а најмногу поради топлата душа на крушевчаните... Секогаш кога одам таму, посакувам повторно и повторно да се вратам, поради тоа што токму таму се наоѓа вечното почивалиште на нашиот ангел.. Се надевам дека во скоро време повторно ќе го посетам, не само заради најдоброта личност на светот, туку и заради рајот на земјата во која Тоше секогаш се враќаше за да ја поврати потрошената енергија
во крушево бев само еднаш на 3-4 дена. Местото и местоположбата просто ме фасцинира и остави без зборови. Инересно место тивко и привлечно за туристи. Ги посетив сите знаменитости како и се разбира гробот на тоше и манастирот кој беше во доградба. Единствено што ми оставија лош впечаток беа крушевчани и нивниот лош пречек. Спојлер луѓето каде што бевме сместени се обидоа да не ограбат еве некој лични фотки од крушево
После Вевчани како место за живеење би го одбрала Крушево...Прекрасно место! Одам многу често, бидејќи родителите од татко ми живеат во едно село многу блиску до Крушево! Последно бев за Илигден односно на 3ти и се беше прекрано...Мал град, но исполнет со многу љубов, а и луѓето се многу мили и гостопримливи...Бев и во спомен куќата на Тоше , одам на зимовање во Крушево... И оваа прилика ја користам да ги поздравам дечките со ја глумеја цела таа претстава, до Бенетон(мислам дека така се викаше) и кафичот до него(тој со зелени столици) и сите што се од Крушево!
секоја година одам, бар по еднаш, дали екскурзија или со моиве .. оваа година бев за 2ри август на 5 дена..и многу убаво си поминавмирно гратче, атрактивно а сепак можеш да раат да седнеш на кафе и локум далеку од гужвите..да си направиш фина екскурзија на историските места..да ја посетиш спомен куќата на тоше..гробот многу ми е фино местово и го сакам
Има нешто во тоа гратче што ме тера да се враќам повторно и повторно... Би одела секој викенд да е поблиску... И јас сум чула лоши коментари за крушевчани, но досега не сум почувствувала такво нешто и искрено не верувам многу во тоа П.С. Што би дала сега за едно крушевско грне и едно локумче... мхм мхм мхм мхм мхм )
Крушево, исторски многу важен град за Македонија. Сум била повеќе пати во Крушево. Мал, убав град. Со тесни уличиња, уникатни куќи. Македониумот. Сигурно не постои Македонец кој не бил ниту еднаш во градот. Градот на нашиот Тодор Проески. Не постои Македонец кој што никогаш не бил на неговото вечно почивалиште. Или не го посетил неговиот музеј. Мора да го пофалам музејот. Бев на неговото отварање. Секоја чест. Влегов внатре, ме полазаа морници. Ги видов скулптурите на Тоше. Како да е жив. Повторно ќе речам, СЕКОЈА ЧЕСТ. Секако, нешто неизбежно за спомнување, КРУШЕВСКИОТ локум. Секогаш, обавезно земам по неколку пакувања, и за еден ден ги нема. Е сега, за младите што, како има, не знам. За кафиќи знам само еден, тој каде што излегувал Тоше. Дали има уште кафиќи, појма немам.
Не сум била во Крушево ама гледам многу го фалите, а посебно во зима, па да прашам колку е цената на сместување ? Фала Ви однапред
Сум била во Крушево се‘ на се‘ три пати: еднаш во рана есен, два пати во зима. Би сакала да го посетам и во пролет и во лето и е едно од неколкуте места во Македонијава кое радо би го посетувала секогаш кога би имала прилика. Гратчето е малечко, преубаво, со тесни испреплетени улички, со фини луѓе и убава пица (морав да го спомнам тоа што ми остави впечаток ). Бев еднаш и на терените со жичара, ама како личност која не е баш авантуристички настроена, посебно не кога треба да газам по лизгава површина, повеќе уживав во прошетките низ самиот град, посетата на Македониумот...
Аххх, јас по татко од Крушево. Го обожавам градов! Прекрасен е, особено сега со спомен куќата за Тоше, фасцинантен град!
Може некој да ми каже ако знае колку е повратна автобуска карта Скопје-Крушево? на еден ден би сакала да одам зимава па ако некој знае и отприлика во колку часот има и во едниот и во другиот правец?
630 ден. најточно, од картата што ја чувам во новчаник. Абе па ако сакаш да го рашеташ градот фино лепо ќе одиш со комбето во 08:00 мислам точно тргаше, од автобуската во Скопје. А од Крушево последно трга во 15:30, ма да мислам дека имаше и во 17:00. Ти кажувам вака паушално, пошто летово прв пат идев со комбе за Крушево, увек со кола сум идела. Не е лошо да си прашаш на автобуската, неколку дена пред денот кога сакаш да идеш. И поздрави лепо Крушево.
Фала многу се надевам дека ќе успеам да се организирам и најдам време да одам зимово таму секако ,ако одам,ке биде поздравено Крушево
Крушево ни е блиску до Прилеп и можиме за 100 ден. да појдиме Да не ве лажам ама таму одам барем 2 пати месечно Си имам и роднини и си одам на поседок.. Се имам посетено се имам видено,а и вреди да се посети и да се види Кога сум таму се чуствувам онака револуционерски настроена Овој град ме смирува...
Ве молам ако може преку лична порака да ми кажете колку се цените во Крушево за приватен смештај и ако може линк од некоја вила или некој кој издава апартмани. Ви благодарам
од 400 , 500 денари , има и полупансиони ... зависи ... отиди на пазар3 таму има некои огласи , а еве од фејс http://www.facebook.com/media/set/?set= ... 077&type=3 http://www.facebook.com/profile.php?id=100001839857122 http://www.facebook.com/pages/3-Krusevo-3/190448122281 последново ти е страница од крушево , таму прашај сигурно ќе ти помогнат за приватен смештај ... Поздрав и убаво да си поминеш кога и да отидеш
Фала феминки, ми помогнавте многу, се надевам стара НГ ќе ја чекаме во Крушево, ако не е веќе се резервирано
Крушево прекрасно мало градче.Прв пат во Крушево сум била во 8мо одд, потоа во 1/2ра година, и здравје напролет ако даде господ со дечко ми се токмам да одам во спомен куќата на Тоше. Како и да е Крушево стана многу посетувано место.