mnogo me haresva tezi grad i oti mnogo hora go iskat nama kakvo da govorim krusevo nomer 1 zastoto mnogo sam bil tam tezi grad
Јас сум од Крушево, тука живеам. Читајќи, се шокирав од вашите мислења за нас (крушевчани). Навистина има подли, злобни луѓе, но такви има секаде нели? Тука повеќето се фини, добри, домаќински настроени (според мене). Незнам што предизвикало такви мислења но ете.. Во Крушево никој нема да те чепне, да те навреди или нешто такво без причина. Да не го фалам многу градчево, ама навистина е прекрасно, а посебно сега, целото е во снег. И нема да погрешите ако го посетите
Јас бев последен пат во март месец со дечкото на еден ден, свеж воздух , посета на гробот на Тошка и ручек. Се запрепастив од снегот и мразот, небеше мрднат од паркингот горе на Гумење. Цел паркинг со снег заледен, и 2-3 лопати боцнати во снегот за да ти послужат за одглавување. Не се мрдаше со автомобил, буквално само да тргнеш цела кола ти игра лево десно, ем снег замрзнат колку сакаш, ем многу автомобили и опасна ситуација дефинитвно. Од почетокот на Крушево, од доле уште по патот, неисчистено, а нормално и таква слика и по патот уличка за нагоре, само изфрлен снегот од дворовите на населението и сервиран на уличката, која и така сама по себе е тесна за разминување, па уште со замрзнатиов снег ужас. Мислев дека Крушевчани се свесни за заживувањето на градчето благодарение на Тоше, и сега за жал со гробот, спомен куќата, куќата на неговите, па и тука да ги додадеме и и историските спомени, е доволен повод да се организира градската самоуправа и да превземеше нешто, бидејки знаеме колку е Крушево посетена дестинација од страна на туристите поради Тоше, а после и од нашите било за истото, било за скијање. Ете им апел за догодина. А и претерале со тоа локумот, безвеза И за крај, не го сваќам филмот со забранетото фотографирање во спомен куќата? Па и во Мадам Тисо е дозволено, затоа постои таа спомен куќа, да имаш спомен и на фотографија, ти секако ако сакаш вистински да ја почуствуваш атмосферата мораш единствено да одиш таму, џабе ти се доживување преку туѓа слика, но ако веќе си ја посетил зашто да не овековечиш???
Девојки ми треба смештај за Крушево со попристапна цена, па ако имате број ќе ве замолам да ми пишите во ЛП.
Вчера се вратив од Крушево.Поминав скоро цела недела со дечкото и не сакав да се вратам воопшто назад. Друштвото ни беше супер погодено , па иако е мало место и прилично досадно секој ден си организиравме по некоја активност и самите правевме да ни биде забавно. Да се одмориш , целосно да се исклучиш од сите грижи местото е идеално , досега одев само во зима но еве сега и на лето па подеднакво сум задоволна. Го сакам градот и некако сум и емотивно поврзана со него. Посебно не можам да му одолеам на топеното сиренце од Скар како и сите други специјалитети.
Зошто е дозволено да се живее во куќата на Никола Карев?Кои се луѓето?Оти видов алишта имаше спрострено.
Hикола Kарев имал потомци, ако се сеќавате има внука која ја даваа едно време на телевизија, така да секако дека потомците ќе си живеат во таа куќа, или пак истите ќе ја продадат на други луѓе па тие ќе живеат во неа. Tоа што пишува дека тоа бил негов дом не значи дека веќе не смее да се живее во неа, освен ако е прогласена за куќа-музеј или културно богатство па да може само да се посетува, да има изложени автентични предмети од тоа време и сл.
Како се движат цените за приватно сместување знае некој? Јас видов во весник за вила Павиа е 300 ден кревет па не знам дали е тоа скапо евтино, каква е вилата итн....
сум била неколку пати внатре, убаво е, + мое маало, в комшии http://www.facebook.com/vila.pavia?ref=ts&sk=photos еве, разгледај низ фотографиите ако сакаш.
сум била во крушево 4-5 пати зошто имам другарка која оди таму во лето. убаво гратче е, баш да се релаксираш, само што изгледа досадно (поточно досадно е) и два пати ме има накиснато дожд како под туш да сум стоела -.-' good memories
Сум била 3 пати. Посебно место е. Кога во другите градови е ептен топло таму се издржува. Ми се допаѓа езерото, спомениците, архитектурата, па и луѓето се добри. Имаат убави цркви, е сега во такви мали места фалат продавници за облека, обувки, кафички, ресторани, ама за толку луѓе доста е.
Како мала, од училиште сме оделе до Крушево неколку пати, тоа било само на еден ден. После тоа, сум била неколку пати, само на поминување. Летово, неколку дена пред мојот роденден истеравме еден мини-одмор од неколку дена со мажот ми и малиот. И супер си поминавме - се одморивме, се изнаспавме и се изнашетавме. Мало гратче, точно, ама си има своја убавина. Нема голема врева, ниту бучава, нема гласна музика, нема голем избор за шопинг и подновување, ама искрено, не го барам тоа. Нема да погрешите ако сакате да се одморите токму таму. Сега да не испадне дека рекламирам, ама мене навистина ми се допадна. Прошетавме до Мечкин Камен, Гумење и Македониумот, ја видовме спомен-куќата на Тоше, ама не гробот не отидовме. Едноставно, не сакав да си го расипувам убавото доживување. Запознавме прекрасни луѓе кои одлично нè пречекаа, и заради кои пак би се вратила таму. Целуфките и локумот се дефинитивно еден од препознатливите белези на градот, еден од најкарактеристичните македонски специјалитети. Јас локум не јадам, ама крушевски не одбивам Препорачувам за вистински одмор, а не за журкање. Задолжително е да се посети како неизоставен дел од македонската историја.
Ние бевме во Вила Ла Кола, и ни беше супер, средено, чисто апартманче, со мала кујна и посебна спална. Луѓето беа љубезни и фини, сместувањето беше супер. За Каса Ла Кола не знам, ама верувам дека не е полошо од вилата. Препорачувам!
Скоро бев во Крушево по незнам колку време...многу беше убаво се прошетавме , се изнаспавме. бевме сместени во Вила Гора. Само пофални зборови за местото-чисто средено топло (имаа парно уклучено ).градот е преубав. куќите, посебната архитектура а за црквите низ градот немам зборови.преубаво...неколку кафанчиња , места за топло чајче и тоа е се...мирно место за душевен одмор..бевме и до гробот на Тоше и меморијалниот споменик тажно навистина солзите сами течат...
Со дечко ми и друштвото сакаме да одиме во Крушево за Н.Г. здравје. Барав на нет да најдам вили за изнајмување, ама слабо некако. Тие што сте биле,имате ли контакт, линк од вилите? Има ли некоја девојка од Крушево на форумов?