прекрасно гратче... минатата зима со дечко ми бевме на 2-3 дена за да се одмориме...и беше баш ОДМОР престојувавме во куќа кај едни луѓе... имавме се што ни беше потребно: дневна,кујна,бања и спална...годинава повторно планираме да одиме таму
Отвори на реклама5 или на пазар3,баш ја пред некое време гледав.Ако неможеш да најдеш пиши ми ќе ти пратам линкови.
Крушево ааабеееер прииииистииигнаа... Прекрасно гратче ,од каде се гледат извонредни пејзажи.Неколку пати го имам посетено и сум си поминувала прекрасно,има многу места за посетување кои секако не го оставаат човек рамнодушен. Нека падне првиот снег и веднаш доаѓам!
Ме интересира конкретно за Нова Година, како е, дали работи жичарата, спомен куќата на Тоше Проески, споменикот Илинден, и слично? Дали има нешто организирано за самиот дочек?
^ Повелете... http://vilamecka.com/krusevo.asp http://vilagora.com/index.php http://www.lakola.com.mk/about_us.html http://vilapapu.com.mk/ http://www.visitpelagonia.mk/index.php? ... 62&lang=mk И видов некој прашуваше за НГ, сеуште нема некои понуди од кафичите и рестораните. На плоштад мислам ќе биди Бојан Маровиќ. А жичарата, спомен куќата на Тоше, спомениците секако дека ќе работат.
Ние најдовме сместување во куќа. 500 ден. од вечер,а таму ќе сме 2 дена. Големо друштво сме, 14 души Разбрав дека за дочекот во Планет е 1000 ден. ама не планираме да одиме никаде таа вечер, можеби на плоштадот ако има нешто организирано. На 1ви јануари можно е да излеземе Инаку, и мене ме интересира дали ќе работи спомен куќата на Тоше, жичарата..? Баш би сакала да идам до таму.
Јас и дечко ми сакаме да одиме во Крушево. Да не има некој предлог за приватен смештај... Со виливе малку ко да забегале со цениве.. За тие пари у монтана со полу пансион има.. Мајка ми е родум од Крушево имам многу роднини, ама нејкам кај нив да го носам дечко ми, срамота е Кај што одиме ние е 300 денари смештај, ама е онака собиче со заедничко WC, сеа дали има некој негде за како во Охрид што одиме приватно
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Classif ... pe=ForRent Еве ви огласи за соби во Крушево, јас бев пред еден месец плативме од соба 350 денари. Поточно во оваа куќа бев, и собите беа за мерак преубави. Имаше камин, кабловска, интернет, чисто беше, собите за издавање беа на посебен спрат и газдарицата воопшто не ти досадуваше, ја видовме кога стигнавме и кога си заминавме. http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/ ... 6123&Idx=5
А каде се наоѓа куќава? Не пишува, добро го знам крушево, ако ми кажеш било што во близина ќе разберам. И... купатилото е заедничко така?