Блиску беше од плоштадот ептен. Имаше до неа една вила кола да не беше не знам. Инаку вецето се наоѓа на спратот кадешто се собите ваши, 3 соби се на едно веце. А газдите си живеат над вас, не ни доаѓаат да ве гледаат или нешто. Си пушташ бојлер кога сакаш, имаш посебен влез... јас супер си поминав.
Многу го сакам Крушево.На татко ми најдобар другар има куќа таму,а и децата му се на моја возраст,па често одиме кај нив,на лето или во зима. Исто така со наставничките од основно,секоја година одиме по една недела таму,најчесто на почеток на јули. Прекрасно е,и мене многу ми се допаѓа.Мало мирно место,планински чист воздух,и што е најважно многу евтини цени.За кафичите зборувам. Оваа година се надевам пак ќе одам
Другарка ми,вчера се врати од Крушево и ми рече дека нема многу снег како за скијање,туку само колку да се каже. Па сега незнам...
планираме да одиме со дечко ми нареден викенд во Крушево па феминки доколку не ви е тешко препорачајте некоја вила до 500ден од кревет..Би ви била многу благодарна
Во Крушево бев за зимскиот распуст ја посетивме спомен куќата на Тоше Се беше прекрасно во неа најмногу ми се допадна тоа што навистина може да те инспирираат сите тие нешта особено кога имаше видеа од Тоше многу ме е мило што по втор пат бев во Крушево и се потсетив кога првиот пат бевме на Мечкин Камен...Освен што бевме на спомен куќата на Тоше, исто така бевме и во местото Вила Гора на скијање многу прекрасно место е и самата глетка ти прави неверојанти доживувања...Ќе го памтам вечно Крушево и сите тие незаборавни доживувања но и повторно ќе го посетам...Поздрав
Досега имам одено 3х и тоа преку екскурзија сега нешто напролет може пак ќе се оди...инаку пред смртта на Тоше немам отидено никогаш таму.По бројот на посетители се гледа дека навистина стана едно добро туристичко место.Спомен куќата на Тоше е фантастично изградена и со многу добар распоред вантре.Сега пред некое време ги однесоа и последните негови работи во спомен куќата.Гробот преполн со мечиња пораки...едноставно треба да се обрне внимание на тоа дека треба да се доправи гробот,г оставија така недоправен .Инаку ѕидот кој се наоѓа кај спомен куќата е оставен за потпишување од страна на обожавателите..преполн е Едноставно Крушево ми е град со многу интересна градба и патот до Крушево те тера да останеш буден.Го обожавам
свекрва ми и свекор ми се од Крушево и поради тоа многу често одиме 2-3 пати годишно Градот е прекрасен,чист воздух,убава природа...мераци
Дали има снег за скијање?сакам да идам нареднава недела,а никогаш не сум била во Крушево на скијање.А да,и колку е ски карта?