Градчево е тотално опустошено,пусто.... Бевме пред неколку недели за викенд и излегуваме во чаршија замислете жив човек немаше,а петок навечер,абе тапа џонсон...повеќе кучиња отколку луѓе
Крушево порано одев многу често, имам блиски роднини , сега не сум била едно добри 6- 7 години. Не ме влечи ништо да одам натаму, знам дека нема да се види ништо посебно, малечко градче кое и не нуди баш некои поволности повеќе сум за гужва
Нашите кумови имаат викендичка во Крушево и додека бевме уште во Скопје често одевме на викенд со нив. Последен пат бев лето 2011 со татко ми(мајка ми остана во Виена, а сестра ми несакаше), добро и кумовите и тогаш го посетивме и музејот на Тоше и др. "Градчево" многу ми се допаѓа и мислам дека е едно од најубавите места во Македонија.
Па имам отидено едно 3-4 пати.Последен пат бев минатата година.Мирно место,мало .. Што знам,убаво е за релаксација,да се прошеташ.
Во Крушево имам славено Нова Година, околу празниците има туристи и кога ќе падне снег, но вака преку лето е пусто. Ми се допаѓа зимно време кога е убаво и идилично со снег, вистинска идила и слика ти дава. Воздухот е чист тамн да се одмориш на раат.
Девојки ај да ве замолам доколку некоја знае да ми пише како одат цените со сместување во Крушево. Ако имате па и некоја информација или број од некое место каде што сте биле би било уште подобро. Сум била неколку пати, ми се допаѓа ама не сум спиела таму, туку онака на поминување. Така што, не сум баш запознаена, а слушам и читам ок коментари. Сакаме да одиме некаде отприлика во февруари.
^ За Нова година цените биле отприлика 600 ден од едно ноќевање, сега зависи и од условите. Во февруари треба да се поевтини цените дефинитивно. Побарај на интернет, пиши само приватно сместување во Крушево и ќе ти излезат многу понуди.
Девојки знае ли некој дали има снег во Крушево,дали ги пуштаат топовите за вештачки снег,има ли воопшто туристи?
Ти ја препорачувам вила Тоше Д, во центар е, условите се многу добри(барем мене ми се бендисаа).И јас знам дека цените за празнициве се 600ден. по лице,ама штом планирате да одите во февруари, можете да најдете и за поевтино.
Јас плаќав 350 ден од ден,бев сместена одма до жичарата. 150 ден беше картата за жичарата Бројче ќе побарам,ако најдам ќе ти го пишам во лп
Јас бев лани во февруари во вила Папу, многу сум задоволна, погледот од прозор беше како новогодишна честитка. Еве ти линк од фб. https://www.facebook.com/pages/Vila-Pap ... 1929226224 официјалните цени им се скапички ама има ценкање особено што во февруари им е празно. Сега сакам пак да одам, вчера гледав и една вила бубамара мн убаво изгледаше
Во Крушево бев пред месец и пол со колешките, после многу години кога бев на екскурзија, ама ништо не ми текнуваше за градот. Убаво си минавме, бевме во спомен куќата на Тоше, манастирот Св.Преображение,во една пицерија седнавме, мислам дека се викаше Андора. Порачавме крушевско грне, значи нешто многу вкусно. И лепчиња ни донесоа, исто многу вкусни, ама келнерот не ни кажа како ги прават Убаво гратче, ми се допадна.
Во Крушево имам одено мноогу одамна, може има 10-тина години. Би ве замолила да ми препорачате некои пријатни места за пиење кафе, или вечерно излегување.
Највкусно ми е да јадам Кај Шапе, или во таа пицеријата под него РОМА, за кафенце во Планет, или во тиекафулињата околу црквата