Лани со дечко ми бевме во Крушево за нова година, на приватно сместување. Беше пркрасно, права зимска идила. Имаше многу снег, но и сонце преку денот. Се изнашетавме. Има пристојни места каде да се седне на кафе или на ручек. Се возевме со жичарата, бевме до спомен куќата на Тоше. А покрај ова ги наполнивме и градите со чист воздух. А си купивме и крушевски локум со ореви. ммммм превкусно Мислам дека Крушево е место за одмор во било која доба од годината. I Крушево
Сместувaњетo кaкo гo нaјдoвте,зa тие цени, претхoднo резервирaвте? Oд кaде дa нaјдaм брoеви зa тие привaтни сместувaњa,мене еднa феминкa ми дaде oд еднa куќa-вилa.. дaли некoј др. Ќе дaде?
Барај на пазар 3, под Крушево приватно сместување. Еве денеска гуглајки за Крушево налетав на ова и навистина е убаво опишано Крушево. http://faktor.mk/2016/07/04/turisti-od-tsela-evropa-uzivaat-vo-ubavinite-na-krushevo/
Убаво е ама не ми е посебно штознам ..од Тоше коа почина местото стана АТРАКЦИЈА да видат каде живеел што поседувал и сл.. Не ми се свиѓа мн
Јас бев Крушево за викенд на една ден и баш си поминав супер..Најпрво бевме во манастирот Свето Преображение каде има прекрасен поглед кон Пелагонија..Градите си ги наполнавме со чист воздух и слеговме во градот..Седнавме на ручек во ресторан..Воопшто не беше скапо..Потоа се прошетавме малце во градот и си заминавме..Сепак преубав помин и на секој му препорачувам да проба крушевски целувки и локум..
Здраво Издава ли некој апартмани во Крушево,бараме за со дечко ми за нова година. Доколку некој има некоја информација ве молам пишете ми.
Како е годинава горе со снег? Средено ли е? Да се посанкаме малку со синко на санка... За скии ќе почекам до наредната година
Здраво, сакам да прашам колку се цените во Крушево за сместување, за викенд, колку е за изнајмување со скии и качување на жичара? Доколку некој е задоволен од некое сместување тука, ќе го замолам да ми прати линк..
Дали има некој инфо, контакт телефон од автобуска станица во Крушево? Конкретно барам превоз на релација Крушево - Охрид.
048-477-102 https://www.balkanviator.com/mk/vozen-red/krusevo-mkd/ohrid-mkd/01.07.2017 Погелдни овде, има линии
Здраво! Видов дека не е многу активна темата ама се надевам да се најде некој да ми одговори. Живо ме интересира дали има во Крушево книжара и ако има каде баш се наоѓа? Многу ќе сум ви благодарна да ми одговорите на лп или тука, нема врска. Ви посакувам убав ден ( :