1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крушевско грне

Дискусија во 'Рецепти' започната од Ale.Ambrosio4, 9 февруари 2012.

  1. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Неколку пати сум била во Крушево и секогаш си порачувам крушевско грне. Многу ми е вкусно. :D Барав низ форумов ваква тема но неможев да најдам. Знае ли некој како се приготвува? Помош :)
     
    На krusevcanka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. krusevcanka

    krusevcanka Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Крушевско грне рецепта?

    Еве еден испробан крушевски рецепт
    грнето(земјеното грне)штом сте јаделе во Крушево знаете која големина,се премачкува со кечап( на дното се става повеќе),се ренда кашкавал,над него шунка или врат(парчина) и сирење рендано.
    Мешаме одприлика 1 павлака со 2-3 лажички кечап и полеваме одозгора,потоа оди истата постапка ред кашкавал ,шунка,печурки и на крај се ренда повторно над печурките кашкавал и се става во рерна да се пече.Кога ќе биде пред крај се посолува со оригано и стои во рерна уште 2-3 минути и ПРИЈАТНО ЈАДЕЊЕ.
    (количината на зајрето е по ваш избор се знае колку повеќе толку повкусно).
     
    На redheaded, LilBaby, fairy88 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    26
    ммм прекрасно е Крушевското грне, со тие лепчињата потпечени, прсти да излижеш ;)
     
  4. redheaded

    redheaded Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Ахх..паметот уште ми е кај грнето :D , оваа зима за прв пат пробав и пак би одела во Крушево само за да јадам пак :rofl:
     
  5. Anaxandra

    Anaxandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    43
    Првпат слушам за вакво грне, дали некој знае дали потекнува од Крушево или е превземено од некоја друга кујна? Собирам на македонски рецепти па сакам да знам од каде и од кога е.