Крф - Агиос Гергиос

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од bubica13, 26 август 2011.

  1. bubica13

    bubica13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    17
    Ме интересира дали некој бил преку Фибула травел на Крф , на Агиос Гергиос , и како си поминал колку е задоволен ?
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Jaс бев лани и баш преку Фибула.Бевме во тие вилите со базен, не знам како се викаа.Собите не се баш исти како на сликите, ама не се страшни,чиста е псотелнината и купатилото ако ништо друго, покрај базенот имаше и мало ресторанче(на тетка Руља :D многу се смеевме со неа и попусти ни даваше).Имаше убава храна таму, базенот беше чист, во комплексот имаше и странци, Англичани, Германци итн.Има и голем тревник, паркинг ако идеш со кола или изнајмиш, се ти е на најмногу 10тина минути пешки :)
    Само пази, доста се краде, јас бев полесна за 200 евра и неколку маички ;)
     
  3. bubica13

    bubica13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    17
    Драга , фала што ми пиша, те молам кажи ми кај ти ги украдоа работите , во собата ли ? поздравче
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Маиците од жица, а новчаникот од соба и тоа додека јас стоев пред отворена врата, а тука веднаш беше новчаникот.Некој многу храбар влегол од другата и буквално позади грб ме испоукраде :@
     
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Аууу што збориш? Те испокрадоа додека си била таму? ц ц ц... тоа веројатно некој од другите гости во вилата а? Имаше случаеви на кражаби на други или ти си била баксуз само?

    И кажи ми на плажите како одевте? Има нешто превоз организиран или треба да се изнајми возило?
    А за тоа какви се плажите , ко што гледав на слики убави се, па да не прашувам :D
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Не знам за другите дали се вратиле со мањак :D
    Инаку има плажи за кои не ти треба превоз, ама се со камења, таа што е поубава е на околу пола час пешки :)
     
  7. nicenicegirl

    nicenicegirl Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    убаво е местото многу мирно, поточно е како селце но сеапак можиш да најдиш мир и многу убави плажи :)
     
  8. beauty.me

    beauty.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Јас бев пред 2 години со друштво и исто бевме преку Фибула.Како стигнавме толку многу се разочаравме од местото бидејќи според слики што гледавме изгледаше сосема поразлично.Местото е баш селце и повеќе ке бидиш опкружена со повозрасни да не речам пензионери отколку млади луѓе .За плажите имаше една убава плажа и таму одевме скоро секој ден.Но како одминуваа деновите почна да ни се допаѓа местото,ни годесе тишината и одморот,кога сакавме забава одевме во Кавос не беше воопшто далеку.Значи пред се за каков одмор си одлучила и со кој ке одиш бидејќи местото не е за млади,кафиќите секогаш беа празни,а во рестораните само возрасни луѓе и до 12 часот се беше тивко,немаше жив човек по улиците.Значи ако сакаш забава дефинитивно не е место што тоа го пружа,а ако сакаш релаксирачки одмор,бев забави, гужва и прибирање во доцните часови, со многу алкохол подобро оди во Кавос исто на Крф е.позз
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Не знам кој период си била, јас бев во сезона и кафиќите навечер беа секогаш полни, но и со млади и возрасни, се на едно место :)
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Мислам дека темава теба да се преименува само во КРФ, нема сега за сите градчиња и селца да отвараме теми. :D
     
  11. bubica13

    bubica13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    17
    Драги феминки , лани ве прашував а сега можам да ви кажувам за Крф , а посебно за Афиос Гергиос.....местото е мало , мирно , баш како за фамилијарни луѓе , а може и за млади кои на одморот идат за одмор , не за журки..Јас и мојот дечко се вљубивме во местото..Изобилува со многу помали плажички со многу ситен песок, плажите се едни од најубавите, цели со песок..Го шетавме цел остров , прекрасен е , плажите други повеќето со камења , ама сепак беше многу убаво.. Цените за храна скапи , но сепак има Лидл маркет па таму пазаревме. Презадоволни сме од Крф , толму тоа го баравме , мир , песок и тишина во доцните часови...го слушавме бранувањето во нашата соба...Рај....Прекрасен одмор...
     
  12. magicadespell

    magicadespell Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Zdravo,

    Ke moze li da dobijam info dolkolku ovaa godina nekoj bil na Agios Gergios south, (kako bese,plaza,more,luge,taverni) Blagodaraaam odnapred :)
     
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Плажата според мене е најубава на островот - широка, песочна, мирна, со чиста вода. За мирен одмор и шетање по желба е одлично, но журкање нема. Ние бевме при крај на август и дури и тогаш кафанчињата беа прилично празни, но тоа не ни сметаше.
     
    На magicadespell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. magicadespell

    magicadespell Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Благодарам на инфото, бидејки оваа година решив да истерам прав одмор ќе ми годи одличната плажа без многу гужви по кафанчиња. :)))))))) Поздрав па ќе пишам како било .
     
  15. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Која е цена за лежалки на плажава? И има ли кафичи на плажа и нешто сл или пусто е
     
  16. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Не се сеќавам на цената на лежалките, а ги има. Има еден убав бар со музика, мислам не повеќе.
     
  17. bubamara4

    bubamara4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Цената за 2 лежалки со чадор е 6 евра, но има и една плажа каде што лежалките се бесплатни. Иначе местото многу мало, за прав пензионерски одмор, со чиста вода и убави плажи и премногу комарци. Само никако одење во вила George, ја нудат преку Фубула, многу лошо сместување.