Здраво девојки...ме интересира дали некоја била на Крф поточно Мораитика.Ќе одам таму ,па да ми каже каде има убави плажи и блиски атрактивни места да имам кај да си прошеткам Благодарам многу!
Мораитика е малку пензионерско место, ако не се лажам беше источно веднаш под гл. град. Плажата не е ништо посебно, водата е топла, значи бањање ќе има. Близу ќе ти биде и задолжително да го прошета градот кој е прекрасен и за излегување навечер, а и за шетање преку ден. И овде вообичаено за Јонските острови, западните плажи се далеку подобри од оние на истокот. Палеокастрица, Глифада, и според мене најдобрата Агиос Гордис-мора да се видат. Мене лично ми се допадна и градчето Касиопи, кое се наоѓа горе-југоисточно, со мали плажички и сладок шмек. Јас до Кавос не би возела-бидејки е гето за Анличани и место на лудачки( ама лудачки) ноќен живот. За прошетка и сликање ( но не и за бањање)може да отидеш и до Сидари( Заливот на љубовта), само има еден саат возење од Моараитика.
Какво е местото Агиос Георгиос , аконекј бил нека пише какво е местото дали е добро да бидам сместена таму, уште немам одлучено каде ќе одам, и плажата убава ли е и колку се далеку другите убави плажи, зошто со автобус ќе сме, и ако знаете колку пари е изнајмување кола или мотор. Фала.
Здраво девојки Видов се отворила тема за Кавос,па решив да споделам искуство со вас бидејќи бев таму на одмор минатото лето. Вака.. : бевме сместени ептен во епицентар на дешавките, на улицата кај што се сите кафичи во вила Сејлор. Преку ден местото е пусто ,чат-пат се наидува на некој што се разбудил порано од бурната вечер, другите спијат до 5. На таа улица има кафичи ,дискотеки, продавници за храна/пијалаци и сувенири,ресторанчиња и брза помош на секои 50m.. Храната по рестораните е солидна и цените се пристапни. Навечер почнува лудилото, значи буквално нема кој не е излезен и сите се мортус пијани. Не гледаат кој како е облечен,дотеран. Сите се по горен купачи и ултра кратки шорцеви (женските нормално), така да не треба да се замараш да носиш штикли и фустани. Не се плаќа влез ,така да можеш да крстиш кај ти душа сака.Моја препорака е со друштвото да си земете алкохол претходно и во смештај да се залиете за да не купувате надвор бидејки е малце скапичко. Преполно е со Англичани и нон-стоп ќе ти се пуштаат, само пази, знаат да бидат нападни и ако се опуштиш може да претераат. Накај 3 сабајлето журката се префрла на плажа,има 3-4 клубчиња и на песокот лежалки кај што или се трезнат или се милуваат (ако ме сфаќаш..) Музиката е претежно иста сегде така да за 10 дена ке си ги научиш песните Имавме водич и не прошетаа по Мораитика (помирно место и за парови) , Палеокастрица и Paradise Beach( Местото е СОН ). Се` на се` , местото е ок,ако сакаш party all night Се надевам помогнав
Може да ми каже некој искуства од овој период? Во кои кафичи,плажи,смештај е најдобро. Цените на коктели и храна?дрога и слично
Плажи катастрофа, пијачките не се баш ефтини, а за останатото ќе си најдеш, само пази се од цивилки . . . Гуд лак
Не знам дали сте запознаени, но Крф е познат на Велигден по отворениот фестивал што го прави веќе неколку години наназад. Тие што сакаат добра забава им препорачувам да го посетат тој период. Што подразбираш под "цивилки"? Каналот на Љубовта, Палеокастрица (најдобрата според мене), Ла Грота, Вутуми, ти се едни од подобрите. Но, зошто го одбираш Крф? По прашањето, гледам дека си повеќе по плажите. Но Крф е повеќе по ноќниот живот. Би ти препорачал Тасос или Лефкада, каде што има многу поголем избор на убави плажи, за разлика од Крф, а и поефтино е од краците.
Плажи во близина има малку, тие што ги спомнаа погоре, ама треба да одиш на крстарење околу 30€ е, има плажи убави, забава на бродот, може да нуркаш и на бродот да си најдеш момак ако си соло . Има енглези и геџовци и тоа е тоа Полицајци со значки и лисици и пиштоли, кои се на службена должност, но не се во униформа. Срцката праша за дроги и друго, па и пишав дека има цивилки, додека трепнеш имаш лисици на рацете. Не прашуваат кој си и од каде си. Не дај боже да те фати радарот. Има и бркотници низ кафиќите и плажите навечер. И така . . .
Прцпат слушам таква работа на такво туристичко место на Балканот. Во Сончев Брег и Закинтос шмркаа дрога на сред улица на ако ти се верува, пред полицајци и ништо не им направија.
Зашто мислам дека сум доста дена таму и ќе имам време и за журкање и малку сончање па затоа прашав за најдобра плажа
Оди си на Кавос. Многу поефтино ти е отколку на краците. Најди си агенциски. Не се скапи понудите. Храна и пијалоци, не се исто така скапи, а за дрога имаш. За тоа најмалку треба да се грижиш. Во секој момент можеш да најдеш.
Не е. И на ниедно вакво место што е за журкање дрогата не е со добар квалитет. Подобро речено е со полош и од најлошиот квалитет што досега ви паднал во раце
Некој што бил годинава (или лани, прелани) на Крф, сакам да одам во септември и многу ми е битно дали е помирен период или пак има гужви и пијани туристи по улици. Исто така, ме интересира какви се и другите острови (Тасос, Кефалонија и сл.) во споредба со Крф. Ќе одиме со кола така што тоа не е проблем, само сакам да има навечер кај да се прошета а притоа да не е прегужва (ко Занте на пр.)
Тасос е помирен остров од сите други, на Крф зависи кое место ќе одите, Кавос и Ипсос се места за журки забави и плажите тамуи не се добри. Најдобри плажи дефинитивно Тасос.