1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крф

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од LejdiD, 18 јули 2013.

  1. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Магичниот островот Крф се наоѓа во Јонското Море, покрај брегот на Епир, во Грција. Овој остров ги комбинира софистицираната атмосфера, зелените падини, сината вода и долгите песочни плажи. Островот Крф има богата историја и затоа претставува место за туристичко разгледување. Во него се забележуваат историските влијанија на Венеција, Британија, Франција и Русија, кои прават ова место да биде необично и привлечно. Стариот град на Крф е едно од најатрактивните места во светот. Карактеристични за Стариот град се тесните улици во венецијански стил, елегантните аркади и опуштената пријателска атмосфера. Историјата на Стариот град се забележува на секој чекор. Многу од планините на Крф се дом на ретки видови орли и орхидеи. На веб-страницата за светско наследство на УНЕСКО Крф е наречен „град кој зрачи со аристократска аура“ заради многубројните космополитски ресторани. Покрај идиличното и фасцинантно крајбрежје на Крф се наоѓаат карпести заливи и долги песочни плажи, додека самиот остров изобилува со маслинови градини кои служат како природна граница меѓу древните села. Најпопуларните плажи на Крф се оние по должината на западниот брег. Најразвиени се плажите на источното крајбрежје, каде што се наоѓаат и многубројни хотели и барови. Северниот дел од Крф е резервиран за одморалишта, додека плажите во јужниот дел на Крф се мирни и идеални за оние кои сакаат да уживаат во природните убавини. Крф е вистински рај за туристи заради одличната туристичка инфраструктура која вклучува забавен ноќен живот, агенции за изнајмување автомобили, туристички агенции и бесконечен избор на хотели, соби за изнајмување, станови, студија и вили кои ќе ги задоволат вкусовите на посетителите.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Знам дека многумина од Вас го имаат посетено, ама не најдов ваква тема па затоа овде пишувајте Ваши коментари, забелешки,впечатоци. Каде е најдобро да се биде сместен, кои се најубави плажи, кои места вреди да посетат итн.
    Повелете :)
     
    На Mmi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Доколку некој бил Крф крајот на септември да ми кажи како е времето таму тој период?
     
  3. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Zdravo feminki, ,dali ste bile na krf, ubavo li e mestoto, koe mesto go preporacuvate, ima interesni ponudi za agios georgios preku agenciive, pa ako ima nekoi sto bile bi bilo super da go spodelat iskustvoto .
     
  4. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    KRF GRCIJA

    ако има некој што бил во агиос георгиос на крф нека пише искуство...
     
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    KRF GRCIJA

    Јас бев во јужниот - збунувачки, два различни има :) Местото е мирно, а плажата е преубава. Многу зависи од тоа што очекуваш...
     
  6. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Да, и мене ме збуни тоа, ама се распрашав во агенцијата и ми рекоа дека е јужниот.Гледав нешто на интернет за местото и не изгледа лошо, се двоумам помеѓу Паралија и ова место, дај те молам помогни ми, пиши ми нешто повеке за местото, плажата убава ли е, има ли каде да се прошета низ местото?Има ли превоз до другите места, немам престава колку се одалечени, ние во Јуни бевме на Закинтос ама буквално го прошетавме целиот остров, имаше автобуси до другите места, имаше крстарење околу островот, мераци :D :D Поздрав
     
  7. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Паралија не сум била, признавам. Од Закинтос минатата недела се вратив :) Споредено со него, на Крф има многу повеќе каде да се прошета, но е и многу поголем, па е потребно превозно средство. Ние бевме со наша кола и нема кај не отидовме, инаку таму изнајмуваат моторчиња или рент-а-кар. Е сега, Агиос Георгиос е навистина мал, и е баш за одмор. Плажата е многу убава, водата прва лига, по мене најубава на островот (мм бил и во Паралија, вика дека не може да се споредува квалитетот). Може како споредба - земи ја Банана на Закинтос и остави само еден кафиќ со лежалки, и многу помалце луѓе :)
    За жал, сите атрактивни места се прилично оддалечени, не верувам дека јавниот превоз ќе заврши многу работа, мора изнајмување.
     
  8. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Фала Дарси, од ова што ми го кажа сепак ми звучи примамливо,сакам мирен одмор и убава плажа, па споредбата со Банана бич ми е доволна да се одлучам.Во Паралија бев на викенд за празникот Илинден и имаше премногу гужва, водата не беше чиста и буквално требаше да прескокнуваш луѓе на плажата за да стигнеш до морето.Единствено ми се допадна што имаше доста продавници :D Ке си одам на Крф да си го одморам мозочето :lol: Поздрав :*
     
  9. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    јас бев на крф.прексрасно место има и што да се види ,има прекрасни песочни плажи,бев на крастарење до кавос се гледаше и албанија од таму ,на кавос имаше едно прекрасно местенце и таму се капевме,на враќање застаневме на една прекрасна плажа и таму се бањавме ,утредента бевме на аква паркот ,трет по големина во европа прекрасен е цел ден го поминавме таму ,глифада исто така е многу убава плажа песочна ,палеокатрица е исто така убаво место ,зависи што сакате ,инаку е многу мирно место
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    http://grouper.mk/skopje/deal/ta-jupiter-ipsos

    Добро, кој оди преку Јупитер на одмор не ми е јасно?
    Нормални се со овие факултативниве излети? 15 евра, 10 евра, 20 евра?!
    Па двајца да се за 10 евра моторче ќе си изнајмат и ќе отидат каде сакаат. Да се цело друштво, 25 евра е автомобил, по 5 евра ќе ги чини.

    Значи ова "елитниов" туризам што го нуди Јупитер, просто ми оди да си повртам.
     
    На ines.h и Hipster им се допаѓа ова.
  11. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Е, преку Јупитер беше братот на дечко ми, заедно со свршеничката.. Па се радуваа се им било платено, тие само патот да го платат. Тоа да ти било обратното, платен само престојот. Доручек, ручек и вечера, патот, и се друго си плаќаш сам :^) Ги пикнале во еден никаков апартман, со 1 кревет.. Тие соби на сликите се злато во споредба со тие соби што стварно биле |( А за плажата... Не може да се бањаш ако не си платиш лежалка, а една лежалка е 3 евра. Многу убав одмор си поминале, благодарение на Јупитер |( :clap: |(
     
    На didicool и Irrepleceable им се допаѓа ова.
  12. MAYAG

    MAYAG Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    62
    Јас сум била два пати на летување на КРФ, и два пати бев во истото гратче Ипсос.
    Гратчето Ипсос нема убава плажа ама затоа па е на убава локација на островот, некако е најблиску до сите места што треба да се посетат на островот , има дискотеки, и е 10 km оддалечено од главниот град.
    Првиот пат бевме со автобус и таму си изнајмивме скутер , а вториот пат со сопствено возило .
    На плажа одевме најчесто на Глифада, се наоѓа на другата страна на островот - убава долга песочна плажа урбанизирана со доста кафичи и до таму возевме околу 40 минути.
    Агиос георгиос и јужната и северната исто се убави долги и песочни плажи.
    Палеокастрица се наоѓа исто на таа страна ....плажа меѓу шуми каде водата е најбистра , плажа со камчиња , ладна вода, погодна за нуркање- кој бара такво нешто.
    Исто обавезно мора да го посетите местото Зидари каде се наоѓа каналот на љубовта , преееееубаво место... патот до таму е околу 1 саат- ' http://corfuairporttransfer.blogspot.com/2012/07/airport-transfer-corfu-sidari.html
    Потоа аква паркот кој се наоѓа ...некако ќе му дојде во средина на островот. -http://www.aqualand-corfu.com/
    Главниот град е преубав за шетање навечер со тесни улички налик на италијански град...тука е палата на Ахил која можете да ја посетите , исто има интересни тури од пристаништето кои ве носат со брод со прозирно дно , на шоу со морски лавови....
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.715
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Кој бил на Кавос да ми раскаже кратко што-како е, за журките, што има за посетување, кај да отидам обавезно...? :)
     
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира како се цените, скапо евтино, пошто разгледвавме многу понуди и најдовме за Крф за доста солидна цена, некој да ме упати?
     
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Кога ќе стигнеш во Кавос на прво ти наликува на некое место од вестерн филмовите, една улица и полно англичани со искршени нозе и раце. Плажата е пуста нема ниту еден човек.
    Инаку навечер е лудница, кафичите се еден до друг и сите се излезени на улица се журкаат. Значи ако одиш со друштво Кавос е идеално место да се излудуваш максимално. После кафичите се оди во афтер баровите на плажа и овде се лудува до сабајле.
    За плажа ќе морате да изнајмите скутер или кола и да шетате низ островот.
    Јас кога бев да ти кажам само еден ден отидовме на една плажа надвор од Кавос а другите денови лежевме у двор бидејчи од дворот право во морето се влегуваше.
    Може ич не прошетавме ама се изнажуркавме квалитетно, и можам да кажам оти тоа ми беше еден од најубавите одмори.
    Инаку цените се нормални како за туристичко место, и е поефтино од некои други грчки острови.
     

    Прикачени фајлови:

    На Elence93 и duffi им се допаѓа ова.
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.511
    Допаѓања:
    144.237
    Баш вака е како што опиша феминката над мене :D

    Инаку имаше само 2-3 плажи со лежалки и барови , на кои имаше народ. Водата кога влегуваш имаше малку тревки, а потоа е чиста. Ние бевме крај на сезона па не фативме многу гужви, иако пак не беше сосема расчистено.
    Може да си изнајмите моторче , мислам дека беше околу 25евра на ден, или кола, која е поисплатлива варијанта, ако сте со друг пар, околу 40е на ден. Ама ако ја изнајмуваш за повеќе денови, ценкајте се и ќе ви намалат од цената.
    Инаку има околни плажи -Глифада,Калами.Агни(мислам дека беа вака :$ ) кои е убаво да се видат и се доста средени, исто имате опција и за крстарење , ама за точната цена незнам да ви кажам, околу30-40е.

    Убав е и главниод град на Крф-Krf, па ако сте таму би било убаво да го посетите.
    Цените не се високи, лежалката одеше со кафе, околу 2,3е од лежалка мислам. Имате таверни, ресторантчиња, ефтин алкохол :D. Гирото 2,50-2,70, пици 2 за 7е,големи клуб сендвичи , хамбургери по 4е, водата стандард како секаде.

    Тоа е тоа мислам. :)

    Едит: Заборавив да напишам, имате и локален автобус кој вози низ соседните градчиња, па можете да одите и со него, за цена незнам, ама не беше многу скапо.
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.715
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Според ова што го опишавте, местото е баш како што барав, супер! Фала ви многу, едвај чекам ^_^
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Бев пред две години за ефтини пари. Си поминав фантастично. На секој чекор има ноќни клубови и кафулиња кои нудат бесплатни коктели за дами во викенд, па искористете :lol: Друго немам што посебно да кажам, се е веќе напишано од феминките пред мене.

    Многу препорачувам да го пробате тамошниот ликер. Ауф, бре... Морате ! Прекрасен е, исто како сушеното овошје.


    Ако одите да плесните нешто, земете кондоми има згодни туристи од секаде.
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Ај ако има слики некоја да пушти од Крф, :D
     
  20. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.715
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Adi888 најдобро напиши corfu на јутуб, видеа колку сакаш од таму :)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.