Zdravo Nina, ako mozhe da spodelish kako pomina so agencijata, i vilata, celokupno iskustvo, chistota, pa i cena na lezhalki, itn? Imaat termini vo avgust sakav bash za taa vila da rezerviram? Prvpat bi odela i vo Krf, i so Go travel i vo Vila Eleni
Vie kako pominavte? I nie sme bez kola, povekje mislime da plivame deka ne sme bile odamna na odmor. Chekam odgovor od Nina za vila Eleni, ama ne znam dali i ovaa Eleni vila e istata deka ne ja gledam na web stranava na escape travel
За вилата може да ти пишам. Сме биле преку друга агенција пред неколку години во истата. Собите бар тогаш беа мали ама чисти. Ние за двајца имавме соба, одма на приземје баш кај базенот. На 2-3 дена се чистеше собата. Сопственикот принципиелен во поглед на базенот. Немаше пливање надвор од дозволеното време. Еднаш неделно правеше журка ноќна околу базен, без бањање во него. Генерално со вилата позитивно искуство. Некои 7-8 минути до плажа, на таа што е во Ипсос. Дали е истото и сега во поглед на вилата, не можам да потврдам. Едит: За превоз имаше автобуси кои носат до различни плажи по цел остров.
Може ли некој да ми каже колку чини изнајмување кола од ден? Во Ипсос ќе бидеме сместени, ако има таму каде да се изнајми, ако не, било каде цени отприлика ако знае некој
На Ипсос се поскапи. Околу 50 евра од ден, што би дошло околу 350 евра за 7 дена. Ама се доста поефтини во градот Крф, одма карши аеродромот се наоѓа помало количе и за помалку од 200 евра за 7 дена. Во Гувиа, тоа е пред Ипсос, има за околу 250 евра.
@Yowannty а и другите кои биле - како е температурата и како е за капење средина на Јуни? Конкретно за некои си две недели од сега би оделе, но досега не сме биле толку рано па се двоумиме. Гледам прогноза, гледам и минатите денови врнежливо било, па дали ќе се стопли морето... за температура верувам идеално би било
Додека живеев таму знаевме и од крај на Мај да пливаме во оние пролетни сезони кога било баш жешко. Оваа година е многу променливо времето, се очекува горештини да фатат тек од втората половина на Јули. Ама веројатно би било ок и во втората половина на Јуни. Од страната што гледа на Грција барем. А од страната што гледа на Италија не препорачувам за пливање, иако од таа страна плажите се многу поубави, отворено море е и водата сигурно ќе биде камен. Ма да и тоа знае да изненади.
Крај на јули одиме на Крф, дали некој бил тој период, какво е времето, дали водата е ладна/топла? Исто така препораки за таму би биле супер, планираме да си изнајмиме моторче за движење, знаете ли отприлика како се движат цени?
Оваа година времето е многу променливо и водата не знам дали ќе биде баш баш топла, топла и ретко е на Крф, ама тој период крај на Јули и Август е секогаш најпријатна. Само што ако заврне некој ден, знае доста да се олади. Ако си заинтересирана за плажи, Палеокастрица е must. Ама тој период е најголема гужва па можеби и нема да биде доживувањето баш онака вистинско. Водата таму е секогаш ладна. La Grota бич бар во таа ареа. На север има едно многу шармантно селце Сидари, таму е каналот на љубовта. Исос и Глифада како печат на Крф, најпознати ама и преубави песочни плажи, Глифада за жал е окупирана со лежалки, ама има топ журчиња цело лето, особено Пазузу бар кој е најпознат и редовно има диџеи. Agios Georgios на југ тоа е продолжение на познатата Исос плажа, мене омилена. Најубавите зајдисонца на свет. Таму таверна Малибу, храната е предобра, погледот преубав. Халикунас и Маратиас се огромни песочни плажи. Имаат и приватни лежалки но и простор да си поставите ваши. Претпоставувам смештајот ви е на Ипсос. На 10 мин е Барбати. Бич бар Верде Блу коски оставив и ќерка ми ја пораснав таму. Барот е широк и просторен никој не ти диши во врат. Преку лето имаат договор со туристи од Италија па околу пладне доаѓаат автобуси полни со млади, има и диџеј до вечер и е топ за парови без деца. Ние со деца тоа време си одиме дома. Плажата е со камчиња, ама водата е релативно потопла отколку на другата страна. Градот Крф. Стариот дел и шетање по заливот Гарица. По Гарица во таверна Авли на инзвонредна морска храна, а ако имате среќа ќе налетате и на некое Холивудско лице. Или таверна О Димитрис во паркчето исто, таму секогаш јадеме кога одиме. Ла Веранда ди Корфу, Скајвју и имаше уште еден бар тука над нив (обично во него за викенд има жива музика) не ми текнува на името, на вечерен коктел со поглед кон море и авионската писта. Или коктели во градот долу, во Наок Азур е преубаво, или новото од пред 2 години е реновирано има и мала плажа, позади Азискиот музеј, Имабари. Предобро е. Ова е поглед кон Имабари од Азискиот музеј, првото долу со чадорите. Во градот кафе или пиво во Либро Д’оро, тој кафиќ е најпознат во градот. Да си купите од традиционалниот крфјански ликер од комкуат и слатко од комкуат. Во стариот град се продава насекаде, ама најоригинални и со најдолга традиција се Лазарус. Плус нудат да си пробате колку ликери сакате пред да си изберете. Имаат со најразлични вкусови. Во Гувиа на бавни приквечерини на пијачка со поглед на јахтите. Крф е светски познат остров. Има крузери секојдневно од цел свет и милиони туристи годишно. Јонско е волшебно. Ама за жал, се помалку се вложува во островот и се повеќе проблеми има со недостаток на вода, немање долгорочно решение за ѓубрето, патиштата не се во најдобро светло и има многу напуштени хотели и вили оставени само така на времето да си го направи своето. Се надевам ќе ти се најде понекоја информација и ти посакувам убав помин.
Фала ти најмноогу за исцрпниот одговор, и за сите предлози, ќе се запишат сите места да се посетат. Фала ти уште еднаш најмногу и кратко прашање, оддамна не сме биле во Грција последниве лета, Турција, Египет итн, како е со цени на Крф?
Крај на јули сум била и супер беше и времето и водата. Таман тогаш почнува пикот на сезоната, се е раздвижено. Мене искрено иако сум била на повеќето грчки острови, Крф ми е најомилен и единствено таму сум се враќала, нормално кога бев помлада хаха, мада и сега би одела толку ми е при срце и единствено место во Грција кај што би одела. Иначе ако сте сместени во Ипсос, имате таму се што ви треба, од јадење, кафиќи, диско, долга плажа кога нема да ви се ака по островот супер е за пливање, има автобуси до сите плажи, има и бродчиња за крстарење и има каде да си изнајмите скутер. Е сега автобусите одат до плажите ама се враќаат релативно рано, така да подобро со скутери да одите. За плажи да не должам зошто членката погоре веќе се ти објасни убаво, мене само Сидари не ми се допадна, другите сите што ги посочи ми се преубави, на Бербати имаше многу интересни журки, Глифада, Палеокастрица, Исос се топ. И градот е прекрасен за шетање. 7 дена секогаш се малку за Крф. Убаво да си поминеш и пиши импресии кога ќе се вратиш.
За се што праша Ипсос е подобра опција. И Дасија е убаво, ама за плажа, шетање и излагање ќе мора да одиш во Ипсос. Нешто како Пештани и Охрид, мислам не е баш Ипсос Охрид хаха ама така некако е компарацијава. Е сега обично нашиве агенции во Ипсос зимаат вили малку далеку па на тоа пазете и гледајте да е блиску до главната улица/плажата. Мислам Го Травел и Готам едно време нудеа вили во Ипсос одма до плажа, тоа кога ќе ви кажат 300метри од плажа е обично и повеќе и малку е угорница ама со моторче не е некој проблем.
Крф е многу скап. Оваа година особено локалците се жалат. Ама со добра организација може да се искуси од се по нешто. На Ипсос сум била само на поминување. Дасиа ми била секогаш избор за плажирање како најблиску до градот па и најпрактична од тој аспект. Ама зависи од личните преференции што тебе ти значи повеќе. Плажата на двете места е долга ама тесна. Со тоа што во Дасиа кафиќи и таверни имаш на сама плажа, а во Ипсос се преку улица и плажата е баш до улица која е прилично фрекфрентна. За ноќен живот не би знаела. Во барот во Дасиа каде што претежно одевме знам дека имаше редовно журки, ама во корона се затвори и неколку години не работеше. Не знам дали е отворен повторно.
Исто и јас сакам да знам особено за лежалкиве зошо не знам дали вреди да купуваме лежалки да ги мкнеме или да си плаќаме таму, па ако некој има актуелни инфо да ни каже супер би било
Koj del od Krf e najubav za smeatuvanje? Vo smisla na ubavi plazi, blizina na mali selca so ubava hrana? Da ima i navecer kade da se seta i ubavi plazi ? Bi odele so kola