Ако е истата со базен пред многу години бевме, собите Ок, типично за Грција, кревет, мини кујна и купатило. 2-3 пати за време на престојот се чистеше и менуваше крпи и постелнина. Газдата еднаш направи забава покрај базенот, во сите тие денови ама е екстремно принципиелен во смисла да базенот се користи од толку до толку. Нема лудување ноќе, нема ноќно пливање. Собите да се напуштат до минута точно. Ова ако за истата вила и истиот газда зборуваме.
Зависи каде си сместен. Од Ипсос, има чести автобуси до Барбати и до Касиопи. Еднаш дневно има(ше) до Палеокастрица.
На самиот почеток од главната улица од Ипсос, веднаш од спроти откако ќе излезеш од споредната уличка во која се наоѓа вила Елени, застанува автобусот што оди до подалечни места како Барбати и Касиопи(ист автобус) и до Палеокастрица, тука на една бандера ми се чини имаше и возен ред за тие автобуси.
https://visit.corfu.gr/parking-areas-in-corfu-town/corfu-city-bus/ Види тука дали ќе најдеш повеќе инфо. И јас како што се сеќавам некаде околу маркетот Аб ли се викаше имаше залепено возен ред. Исто се нудеа и тури со брод до Касиопи и Нагасаки плажите. Може и таа опција да ја видиш. Агенциите нудеа и тури до Аква парк како целодневна екскурзија.
Имаше и до Глифада бус од Ипсос, посчедниот за назад беше рано околу 4, тоа пред 2-3 години. Сега не знам дали уште ја има таа линија.
@Waverly Raven @Miss_S фала ви многу . Преку агенцијава има тури до Глифада и Палеокастрица ама многу им се скапи 20€ и 40€ па затоа мислев со локален бус. А од прилика за колку време се стигнува со локален бус до тие поубавите места ?
Јас бев сега, на тие распоредите за green busses (пошто претпоставувам за тие зборите) имаше за до Барбати, Касиопи, Нисаки. За до Палеокастрица и Глифада не видовме, ама мислам не идеа. До Палеокастрица бевме со тура организирана, не со редовен green bus. Во едниов автобус се качија едни прашуваа за Сидари, кондуктеркава им рече не идат, ама ги насочи од Касиопи да фатат друг до таму. До Касиопи од Ипсос се патува 40тина минути, дека угорница е и тесен пат. А Барбати е на 15-20 минути.
До Палеокастрица и Глифада има околу 30 мин, нема други постојки, и ако не се лажам само по еден до два автобуси/дневно, се за поаѓање и враќање. До Барбати дали 10-15 мин е, а до Касиопи 40мин и за овие дестинации има повеќе автобуси во денот. Воедно сосема друг автобус(градски) не се сеќавам дали беше број 5 или 7, ама мислам 7 беше оди до Керкира(главниот град на Крф). Тој сообраќа преку цел ден се до полноќ мислам.
7 Само да напоменам тој иде од Керкира до бензинската во Ипсос на почетокот на угорницата, погоре не. Ние се зафркнавме прво така,мислевме иде 7цава до Барбати дур ги научиме кој каков е, па фино лепо си чекавме после грин бас на жешконо
Епа до Сидари знам дека никогаш не одел бус од Ипсос, ама за Палеокастрица и Глифада знам имаше по 1-2 дневно(баш од тие greens buses), освен ако ги укинале.
Кога ќе бидеш таму оди на автобуските станици што се кај маркетот АБ во двата правци било каде. Има залепено ред на возење за двете линии и зелена и плава мислам беше. Ќе видиш кога точно имаш автобус, секогаш се точни. Имаш скоро до сите плажи превоз и не е скап.
Не знам дали сте друштво или двајца и дали ви дозволува буџетот, но ако сакате да го прошетате целиот остров, изнајмете скутерче. Пред неколку години го свртевмр целиот остров, за некоја смешна сума за изнајмување и бензин. Колку плативме точно не знам, ама не повеќе од 50 евра за бензин и неколку дена.
Многу одамна бевме, не би можела да ти помогнам со сегашни цени. Автобус тогаш користевме само за до Аква парк преку некоја од агенциите тука. И еден ден до Керкира да се шетаме. За до плажи со уште еден пар со кој се запознавме таму изнајмивме автомобил и во 3-4 дена прошетавме многу од едниот до другиот крај. Може би имало некои во вилата со кои би делеле трошок за бензин и изнајмување на кола. Грешка во цитатот. За @Powergirl! ова
Последен ден на Крф па да пишам збор два. Ние бевме сместени во Вила Мина Лукс, и си дојдовме со сопствена кола. Траектот нѐ чинеше околу 120 евра повратна за двајца возрасни и колата. Нашето искуство е дека секаде можеш да најдеш паркинг доколку одиш рано на плажа, ние одевме накај 8, 8 ипол најдоцна и беше празно, се полни веќе околу 10/11. Времето морам да кажам дека не ни се погоди баш најдобро затоа што дуваше доста и водата беше доста ладна, едвај се влегуваше во неа деновите кога ептен дуваше. Плажи што ги препорачувам се Глифада и Барбати просто се заљубивме во нив. Глифада не успеавме многу да пливаме бидејќи дента имаше ептен огромни бранови и дуваше страшно, па не дозволуваа влегување во водата поради струјата ама плажата како плажа - прекрасна. Барбати беше преубава, мирна чиста и прекрасна. Ние седевме во чиело барот и лежалките беа 25 евра. Ако одите на плажава препорачувам да си носите вие сами храна затоа што сѐ беше прескапо и ние се зезнавме првиот ден, плативме 26 евра за две пици + лежалките. Градската плажа во Ипсос, не е како други градски плажи, бидејќи беше најтопла и пречиста па често си седевме и таму, ептен ни беше убаво дека беше мирно и си фаќавме една дебела сенка под дрва, цел ден со книга или карти. Ипсос е премногу раздвижено и убаво местенце за млади луѓе, не е најпрепорачливо за луѓе што сакаат да одморат бидејќи цела Италија беше собрана тука и ептен беше гласно, се жалеа и други луѓе, па имајте го ова на ум кога резервирате. Места што ги препорачувам за јадење гиро: The best gyro во Гувиа, Mythos во стариот град, и сладоледот во Papagiorgis Patiserie-Gelateria исто во стариот град. Ако одите со кола, паркирајте се на паркинг 2, 7€ неограничено и поодете пешки до центарчето, понатака сѐ е лесно. Ако нешто сум изумила да пишам, слободно прашувајте, ви ставам и неколку слики од убавините, јас сум заљубена во Крф.
Ја гледаме оваа вила моментално, дали интернетот е стабилен? Бидејќи работам онлајн ми треба стабилна конекција