Крф

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од LejdiD, 18 јули 2013.

  1. LightSpirit

    LightSpirit Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки
    Генерално во Грција интернетот по вакви смештаи е тапа или модемот е збутан негде и ако собата е поблиску ќе имаш некаква конекција, ако е подалеку само во двор доле. Имај предвид дека е остров, по островите знае да зеза интернетот ако збориме за брза стабилна конекција, ако ти е за работа најпаметно ти е да си провериш кој оператор нуди најдобар интернет/мрежа купи си картичка и терај хотспот
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    15.473
    Пол:
    Машки
    Јас бев пред 4 години во оваа вила. Интернетот беше доста бавен и често се дисконектираше особено во периоди кога сите беа во апартманите. Најбрз беше во делот околу тоа шанкче кај базенот бидејќи таму им се наоѓаше рутерот. Јас би ти препорачал никако да не се потпираш на тој интернет…
     
    На bookslover и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  3. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    9.589
    Пол:
    Женски
    Се слагам скроз. Ние сега бевме во Вила Мина Лукс во Ипсос и интернетот не беше најсјаен, си имаше константно ама спор и доста време знаеше да падне па пак да се врати итн, не е баш добар за ако сакаш да работиш од таму.
     
  4. Powergirl!

    Powergirl! Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    86
    Дали вреди да се оди на Глифада ? дали да плсќам агенција 20 евра за оваа тура бидејќи нема директно од ипсос до таму бус
    И колку се лежалките таму , како е ?
     
  5. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    9.589
    Пол:
    Женски
    Мислам дека лежалките беа околу 20 евра, убава е плажата но ако има ветар и бранови можноста да не се бањаш е голема, но според мене вреди да се види плажата.
     
    На Powergirl! му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.119
    Допаѓања:
    191.485
    Пол:
    Женски
    Главниот град на Крф е Крф. :))
    Или главниот град на Керкира е Керкира. И островот и градот го носат истото име. Керкира е грчки термин, Крф е македонски, или Корфу - англиски.
    Сум приметила дека кај нас честопати се прави разлика меѓу Крф и Керкира, каде Крф се асоцира со островот, а Керкира со градот, а е исто. :)
     
    На Alex.T, bookslover и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    15.473
    Пол:
    Машки
    Јасно ми е, само мислам дека тоа е влезено во навика за полесно разликување. :D
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Maylove

    Maylove Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, годинава со дечко ми планираме прв пат да одиме на Крф па сакам да ми предложите на кое место да бидеме сместени.
    Со обзир на тоа шо ќе одиме со кола сакаме да ги прошетаме сите најубави плажи и секој ден да бидеме на различна,а вечерта обично одиме на вечера и прошетка така низ местото кај што сме сместени, значи не сме баш за журки можеби само една вечер би отишле ама не сакам па и да сме сместени некаде кај шо нема уопште народ, кафичи, таверни…
    Предложете нешто и пишете како се движат цените дали е нешто слично како лефкада, калитеа,никити или многу повисоки?
     
  9. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    9.589
    Пол:
    Женски
    Ние бевме сместени во Ипсос, и може бевме во таков период ама имаше премногу Италијанци средношколци и навечер дури не се спиеше од нив, ептен беа гласни. Ипсос е ептен живо место и е топ ако сакате да сте сместени на таква локација, плус пошто одите со кола, плажите ќе ви бидат горе долу сите блиску. Ако ви дозволува буџетот, и Палеокастрица е преубава за смештај.

    Од омилени плажи би ги одвоила Палеокастрица, Глифада, Барбати. Мене ми беа тие препреубави.

    Ако одите со кола препорачливо да си носите и ваши лежалки оти доста беа скапички лежалките од кафичите, околу 25 евра. Храната исто така е доста скапичка во тој поглед од кафичите па носете си некое сендвиче ако сакате да поминете побуџетарски.

    За гиро морам морам да го предложам “The best” евтино а толку добро гиро немам пробано никаде, и ако одите во центарот на прошетка тогаш во Mythos and Grill, обавезно да јадете гиро. За сладолед во центарот исто го препорачувам Papagiorgis Gelaterie, значи таков сладолед боже мој никаде немам јадено.

    Горе долу цените се малку поскапи како од другиве места зошо е сепак остров.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.119
    Допаѓања:
    191.485
    Пол:
    Женски
    Крф е прилично скап остров, ама во помалите селца се наоѓа и поефтин смештај. Ипсос/Дасиа/Барбати се на 5 минути едно од друго и се поврзани со север и југ така што од тука имате достапност насекаде. Најубавите плажи се на западна страна и на југ, Глифада, Иссос, Агиос Георгиос, Маратиас, Каликунас и сите по тој ред, со долги песочни плажи и поглед кон морска бескрајност. Таму е отворено море па често знае да има и бранови. На север исто има многу шармантни рибарски селца Касиопи, Ахарави, Рода, Сидари е особено популарно и доста живо. Главниот град е преубав и е must. Само многу тешко се доаѓа до паркинг.
    На Крф нема природни сенки, за жал се е узурпирано и уништено од масовни резорти присвоено и честопати нелегално приватизирано, така што ќе треба или да си носите чадори или таму да плаќате.
     
    На Cosmic Girl, bookslover и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  11. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    15.473
    Пол:
    Машки
    Јас последно кога бев, пред околу 3-4 години, цените по маркети, таверни, ресторани, кафичи, не ми изгледаа нешто превисоки. Еве во споредба со краците, ми се чини дури и пониски се на Крф.

    Истото може да се речи и за сместувања во Ипсос, Дасија… дека таму може да се најде поевтино сместување отколку на краците.
     
  12. sandra995

    sandra995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Здраво, дали бил некој во Вила Кристофер , Ипсос ? Какво е Вашето искуство? Дали има во близина големи супермаркети или само локални продавнички, убава ли е плажата?
     
  13. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    15.473
    Пол:
    Машки
    За вилата не би можел да ти кажам, не сум престојувал таму.

    Во Ипсос има еден поголем маркет - AB(Василопулос) Food Market и таму мислам дека се најниски цените. Инаку има и ЛИДЛ на пат кон главниот град на островот.

    Плажата во Ипсос, според мене е просечна. Има многу поубави плажи, пр. Барбати на околу 15-20мин со кола/автобус северно од Ипсос и многу други низ островот, што членките погоре ги наведоа. Вреди да се прошета барем северниот и северозападниот дел од островот и да се посетат сите тие убави плажи.
     
    На sandra995 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Maylove

    Maylove Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки пак јас, мислам дека сидари најмн ми се допадна, сакам да прашам дали некој бил во Natural blue suites -canal d’Amour Retreat?
    Цената за 7 ноќи е 1,050 евра за двајца, дали е тоа премногу мислите дека во друго место ќе се најде убав смештај за пониско или мислите дека е нормална цена со обзир на локацијата?