Крф

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од LejdiD, 18 јули 2013.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.932
    Допаѓања:
    9.950
    Пол:
    Женски
    Ако ве интересира и имате можност, Аквапаркот би бил интересен да го посетите.
    Низ Керкира прошетка
    Кај Палеокастрица плажата имаше (ова пред некое 10 години кога бевме, верувам уште има) и возење како со подморници и аквариум
    На аеродромот е исто интересно и доживување мислам за со дете би било
     
    На Yowannty и Emy867 им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.348
    Допаѓања:
    193.706
    Пол:
    Женски
    https://www.kerkyraseaways.gr/el?ga...s4avETlfE9aeqi9bDR8mFQbCK__L-MQkaAgSXEALw_wcB
    https://kerkyralines.com/?gad_sourc...6Oz-DHd7IdcIwy7M97epO1wPP8JdaDM8aAv6OEALw_wcB
    Имаш на англиски опција и на првиот и на вториот. Уште нема термини за на лето, а на лето цените ќе пораснат нема да се овие сега. :tmi: Ама онлајн е секогаш поефтино него на билетарница на пристаниште. Ако планираш да букираш онлајн мора да е најдоцна саат време пред тргнување. Ако резервиравте Мораитика, тоа ти е негде на исто растојание од главниот град и од јужното пристаниште па резервирај како ви одговара, ако ме прашуваш мене ја би на Лефкими е секогаш поефтино па разгледај ја и таа опција. Во градот сигурно ќе дојдете некој друг ден, а плус ако имаш среќа можеш да начекаш и дополнителен попуст. Исто, трик, поефтино е да извадиш повратен тикет и ако не знаеш точно кога ќе се враќате, имате опција ден претходно да направите бесплатно промена. Барем така беше до сега. Ама најубаво е да знаеш и да не се мислиш и замараш цел одмор. :)

    Јас на аква парк ниеднаш не сум била па не ми ни текнува да го предложам, :D ама братучед, снаа и внук ми кога дојдоа секој ден беа таму на пример. :) Така што се е лична преференца. :)
    Градот претпоставувам сакате да го посетите, стариот дел, наоѓање паркинг е скоро невозможно таму, има и паркинг што се плаќа ама е мал и редовно нема место освен ако дојдете порано на утро. Има и друг паркинг ама има и малку пешачење потоа до стариот град што не е страшно, иначе јас сите мои што доаѓаат ги праќам да паркираат долу по заливот Гарица, барем покрај море се качуваш до стариот град. Пиши ми дали сакате да го шетате островот или да се задржите таму околу тоа место каде ќе сте сместени и ќе ти пишам повеќе.
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.973
    Допаѓања:
    100.758
    Фала ти :)
    Во Керкира секако ќе одиме еднаш најмалку, навечер ќе е веројатно, а за паркинг штом нема, којзнае како е:worried:
    Што друго е баш, баш да не се пропушти? Читав за аква паркот, ама не би. Повеќе сум за некоја друга плажа, истакнато место и сл.
    Оти на база на алл ин сме, па и јадењето да не го пропуштиме, нели:bandit::rofl: со многу шетање:D
    Во Мораитика ќе сме да, од 10.06, се надевам ќе чини веќе водата за бањање.
     
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.932
    Допаѓања:
    9.950
    Пол:
    Женски
    На Крф најрано сме биле во април за Велигден, камен ладна ми беше водата. За одмор втора половина на јуни, беше таман. Верувам ќе е топло.
    Мораитика не сум била, од другар на маж кажано дека терале екскурзии секаде со тоа што нели алл инклузив од хотелот им пакувале храна за носење како во фрижидерче.
    Не е мое искуство ова, не знам ни кој хотел, ни дали стварно било така ама прашајте си за опција дали го има тоа.

    За плажи мене лично Сидари ми беше убава и плитка ептен е топла. Дете посебно би уживало.
    И Глифада макар што таму беше брановито поприлично.

    Кавос ви е блиску на таа страна ама ние кога бевме вриеше млади Англичани во принцип. Нема врска што беа англичани туку што баш беа бајаги напиени и правеа нереди повеќе.
    Ова од едно попладне искуство :rofl:
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.348
    Допаѓања:
    193.706
    Пол:
    Женски
    Ќе ми пишеш пред да патувате и ја ќе ти пратам мапа кај да паркирате, во моето старо маало секогаш ќе се најде место а е блиску до центарот/стариот град. Работата е што кога бараш паркинг во стариот дел, улицата во еден дел станува еднонасочна и ако не најдеш паркинг, а веројатноста е мала единствено ако некој заминува па така да искористиш место, потоа веќе имаш многу за вртење околу градот за да стигнеш пак назад. Ако сакате да одите на сигурно пиши ми пред ќе одите па ќе ти објаснам каде. :)
    Во градот, шетање низ стариот град кој е преубав и поради што бил под византиско, има таков симпатичен италијански шмек дури и крфјаните имаат италијански акцент, особено повозрасните. Има полно тесни улички полни сувенирници и ликер шопови и за Крф традиционално е комкватот, па ликери, слатка и секакви сладурии има од комкват. Старата тврдина е убава за шетање ама има многу за качување ако ви е опција, и новата тврдина исто. Азискиот музеј или околу него многу е убаво и со фантастичен поглед, на кафе во Libro d'Oro местото е најпрепознатливо за Крф. На самиот почеток на Листон е.
    Позади азискиот музеј долу има 2-3 убави места на само море за кафе/коктел.
    Со кола до Канони горе има кафиќ Скај вју на вафли со поглед кон аеродромот и се гледаат авионите при полетување и слетување. Или долу до манастирот и на самото мостче над кое прелетуваат авионите. На страницата од аеродромот има да се види точно време за полетувања и слетувања пред да одите за да не се деси да чекате подолго ако не ви се чека. Ако е викенд има авиони многу често, ама преку недела може и до саат време да нема.
    Палатата Мон Репо која се наоѓа во густа мала шумичка во самиот град.

    Околу Мораитика, во близина ви е Аргирадес, местото е супер за мали деца, ние секогаш одиме таму, има Бар Елмира, лежалките не се плаќаат, плажата е песочна брашнеста, топ е за со деца, ама таа е западна страна па водата може да е ладна и да има бранови. Секој ден имаат хепи аур, коктелите се на пола цена после 6, thank me later. :D
    Има и предобра таверна таму на сам рид со фантастичен поглед и превкусна храна. Најубавите плажи ти се долж таа страна. Само може да има бранови и водата да е баш ладна. Моиве секако пливаа ако ти е за детето, нив ладно никогаш не им е. :D
    Исос, Глифада, Палеокастрица е многу убава иако таму е камен и во Август. Ама има многу убав манастир. Баш на север Сидари, Рода и Касиопи се многу убави селца. Касиопи е рибарско селце и е прочуено за даски морска храна. Кавос само ако одите без дете. Тоа е мал Миконос на Крф и таму е секс, дрога и рокенрол 24/7. :)
    Ако нешто дополнително те интересира слободно пиши. :)