Прочитав некои од вашите искуства за Крф, најдов многу ефтини понуди, што дури и ми е чудно да биде толку поволно за остров. Конкретно за понудата што јас ја гледав е за Агиос Георгиос, е сега незнам дали е тој јужниот што е опишуван тука на форумов или тој другиот (ваљда северен се вика). Инаку одам со дечко ми и не сме некои што сакаат да се журкаат до бесвест, повеќе сме за "пензионерски" одмор, со убава плажа и чисто море. Еве слика од агенцијата што беше ставена па можеби некој ќе препознае за кој Агиос Георгиос се работи. Исто така доколку било кој бил на ова место на одмор, би замилила ако може нека сподели искуство, многу се мислам да не ми испадне само многу пат, а да не е убаво местото.
Ако ви е за забава Ипсос, ако ви е за одмор Сидари, додуша за Сидари нема понуди кај нас, ние бевме лани и обавезно ќе се вратиме уште еднаш, мерачки одмор. Преефтино, преубаво и пре пре, имавме супер вила со базен и wi-fi, убава плажа и шеткавме поприлично низ островот уздуж и попреку и се слагам со Стронрка, ликерот, маст хев, понесете си и за дома, оладен е прекрасен и пре пре пре пре... Ма самиот осторов е едно големо ПРЕ, јас би пак
Ова е северниот Агиос Георгиос, и искрено не ме воодушеви (бевме на неколку часа шетајќи по плажи). Многу ме потсеќаше на Халкидики...
Годинава одиме на Крф сместени ќе бидеме во Ипсос ќе шетаме и по другите места. Уплатив во Стаф агенцијата нова е па ќе видиме како што.
Јас сакам да прашам дали има мн комарци на Крф.И како се движат цените.Сакавме во Сивота да одиме ама на друг форум што читав се предомислив оти ми рекоа се убаво рајско место ама навечер не се испагало по кратки напагале комарци
јас бев лани сивота и уште ме држат импресии. ама сега ме потсети-во собата првата ноќ вриеше од комарци ни аутан ни ништо не помагаше. после си затворавме врата и немаше проблем. а кога шетавме не забележав да ме напаѓаат. за мене сивота е најдобро место за одмор пливач сум голем и најбитно ми е да има убава плажа а таму ги има многу. за крф не знам за комарци ама мм никако да го убедам зошо пред неколку години кога бил добил страшна алергија од ситните бубачиња на таа плажата глифада што ја кажуваат
Da, jas lani bev i toa vo Septemvri...mestoto e prekrasno,no komarci ne ,,ubija,, navecer. Ako odis,spremi se dobro,autan,spreevi i se sto treba protiv komarci...
Обавезно земи средства против комарци, а и таму во секоја продавница можеш да купиш. Премногу има, ама морето е супер, топла е водата ептен. Обично навечер кога си поблизу до брегот се комарците ако шетате по кафани или кафичи нема комарци. Сивота е повеќе пензионерско место, има многу постари луѓе.
Дали некој од вас бил во Мораитика и може да ми каже какво е местото, плажата, морето,дали сте задовилни и слично?
општо за крф можам да кажам само убави работи плажите им се прекрасни морето е солза а цените ефтини .. моратика ти е едно многу убаво место мирно плажата не е голема водата е проѕирна и е на затворено море мирна е водата како во базен да влегуваш... градот крв е голем има многу работи за посетување мора да се посети сидари палеокастрица се вредни за посетување можете си изнајмите моторче или кола а има и тури сто организираат да ги посетите тие места одлични се ипсос сите го фалат но мене не ми остави впечаток оваа агиос георгиос ви е подобра варијанта од ипсос кавос мора на еден ден да отидите да ја видите лудницата од агличани плажата во кавос не е добра али го има најдобриот ноќен живот аква паркот е добар организираат агенциите што да ви кажам крв е прекрасно место јас би одела пак во него одличен ....
дали некоја од вас го има шетано островот со градски автобус. Ќе одам во Ипсос за 2 недели и не ми се даваат пари на агенцијата да ме одере.
Колку чини повратен билет за траект до пристаниште во Крф? Во опција ми е да одиме со сопствена кола, па ме интересираше тоа? Дали е добар патот во островот? Кои се најубави плажи за посета? Гледам нашите агенции нудат сместување во Агиос Георгиос, дали плажите се убави таму, какво е местото? Must see места во крф?
Ќе одам на Крф (Ипсос) па ме интересира да пишете нешто подетално за плажите, како се движат цените, какво е сместувањето, барови, маркети и слични работи?
И мене ме интересира истото. По форуми читав лоши коментари за плажата во Ипсос.. па ако бил некој да објасни подетално..
@rak1 врнеше бидејќи беше септември, а плажата не ми се допаѓа воопшто во споредба со другите на Крф ама сепак водата е прекрасна и чиста
Девојки годинава се одлучивме за Крф. Ќе бидеме сместени во Ипсос, меѓутоа планираме да шетаме и да ги посетиме сите поинтересни места. Па сакам да добијам препорака, од тие што веќе биле, за тоа што е убаво да се види на Крф
Јас бев пред еден месец Ипсос. Плажата во Ипосос е камен. Многумина не ја сакаат, но мене ми остана во срцето. Екскуризии имав во градот Крф кој е преубав, личи на италијански град Верона потсетува на многу убави европски градови. Немам зборови. Бев и на Глифада убава песочна плажа но многу леплив и не нормално жежок ситен песок. Палеокастрица, аква парк итн не отидов. Во Ипсос мислам дека најефтин е АБ маркетот на главната уличка е. Водата доста ефтина пивото амстелот мислам беше поефтин од тука.Ако имате други прашања повелете.