Не сум сигурна мислам 5 км, а да веднаш до Ипсос има плажа дасиа и таму бев пеш. Но јас немам проблем со пешачење пешачам и во ск па од ипсос до дасиа стигнав за 20 мин. Некои одеа со автобус што го има често, околу 1,5 евра мислам дека беше во еден правец. Друга опција за шетање на своја рака ви е за двјца веспа 50 евра за 7 дена. Ако планира некој да земе веспа во Ипосос да не си ја заборави возачката дозвола б категорија. Или кола но не знам точно за цените за кола но ако сте четворица велеа дека се исплатело.
Бев преку Стаф се изненадив колку беше убаво. Во Ипсос сега не знам како да ти доловам. Зависи со кого ќе отидеш. Јас бев со дечко ми. Ми се случи прекрасна работа таму. Па ипсос ми беше супер. Реално мало е местото. Главната уличка е полна со ресторани, барови, дискотеки. Значи навечер јас се шетав по таа уличка која е покрај морето. Од стаф имаа набиена програма па немаш момент да здивнеш ако сакаш нели таков одмор, не е задолжително. Па имаше во нашата вила забава една вечер покрај базенот...
И ние ќе идеме преку Стаф. Исто така со дечко ми. Сакаме да си ги поделиме деновите, Пола за шетање настрана, пола на Ипсос. И ние се мислевме за вилите со базент или овие поблиску до плажа и се одлучивме за вторите. Затоа што двајцата сме малку мрзеливи и не ни се пешачи до плажа . Вака на слики се чини пристојно сместувањето па ќе видиме. Фала ти за инфото. Бев малку скептик за агенцијата затоа што е релативно нова, ми значеше да слушнам мислење.
Како и да со стаф се беше супер. Ти "завидувам" што ќе бидеш таму. Сакам јас повторно. Ти посакувам да си поминеш исто како јас или поубаво ако е возможно поубавото. Пријатен одмор. Секое добро.
И јас годинава бев преку Стаф и си поминав преубаво дефинитивно препорачувам. Од излетите бевме на Глифада која што беше влкучена во цената,преубава плажа со мн ситен песок и во градот Крф, Палеокастрица и Сидари оваа екскурзија дефинитивно вреди за парите преубави плажи,преубави панорами .Бевме и на турата со брод но мене искрено не ми се допаѓаше,посетивме неколку плажи и една пештера само една од плажите ми остави впечаток во местото Касиопи. Исто така бевме сами во денот кога немаше ништо организирано од агенцијата во Дасиа местото пред Ипсос со автобус кој беше 1,70е на Малибу плажата која мене многу повеќе ми се допадна од Ипсос градската плажа која беше камена. На Малибу лежалките покрај море беа 5е,а покрај базен 3е со тоа што може кога сакаш да се избањаш во море а кога сакаш во базен Ти посакувам убав одмор
Јас бев во Агиос Георгиос од 02,08 и преубаво си поминав.Местото е убаво, не е толку мало како што ни рекоа, има многу убави ресторанчиња покрај море, плажата е огромна, песочна, со ситен песок.Лежалки беа 6 евра со 2 кафиња, општо не беше скапо, гиро 2-2,5 еур, пица 9-12 еур, риба 9-13 еур, вино 3,5 еур во ресторан од 0,5 л. Изнајмивме моторче за 4 дена по 10 еур, обично е 15 ама можеш да се исценкаш. Единствена мана на местово е што е подалеку од главниот град и од познатите плажи, кои мене баш и не ми се допаднаа многу. На Глифада имаше претерано гужва, ништо посебно и спектакуларно. Палеокастрица исто, гужва, длабока е водата многу, има остри камења, не ми се бендиса. Најдовме една плажа кај Кавос, на најужната точка на островот, нешто на А беше името, едноставно преубава, поубава 100 пати од Глифада или Палеокастрица. Палеокастрица и интересна за нуркање,има многу карпи, корали, дечко ми беше фасциниран. Главното гратче е многу убаво. Бевме и на крстарење Паксос ама не ми се бендиса, мало бротче без водич, џабе толку пари ни земаа ништо посебно, по 28 еур од човек беше.Бевме и во Ахилео во музејот на Ахил, е тоа навистина не треба да се пропушти, преубаво, влез беше 8 еур.Кола да изнајмиш беше 40 еур. Ние бевме сместени во Сансет беј, вилата е стварно на плажа ама некако не е средена, запуштен двор, тесни соби, неудобни кревети, просто не се спиеше на нив. Во глобала Крф е убав остров и има што да се види.
https://grouper.mk/m/skopje/deal/escape-travel-ipsos-krf-aranzman еве понуда за продолжен викенд на крф
Што има да се види? Кои се плажите? Не сум бил 10 години таму, а може и повеќе. Ја знам само Палеокастрица. Дали има плажи како на Лефкада, Тасос, Скијатос и сл?
При крајот на летото ќе идеме на Крф и сакаме да изнајмиме мотор за да го прошетаме островот. Дали знае некој дали важо возачката таму, како идат цените за изнајмување и од прилика колку би потрошиле за бензин за 5 дена?
@Marick14 Има преубави плажи.Е сега,не се баш со таква тиркизна боја како на Лефкада(Јонско море).Ние бевме во Мораитика сместени.Изнајмивме кола,5 души,за 2 дена не фати 100 евра вкупно со се бензинот.Го прошетавме скоро цел остров.Сите места беа преубави. Барбати,Ахарави(на север е и имаше бранови таму),Сидари(каналот на љубовта) многу интересно место,потоа бевме Палеокастрица,Агиос Гордиос,Агиос Георгиос,Исос.....едно место Колури(оттаму се гледа Саранда). Главниот град многу ми се бендиса.Исто бевме и во аква паркот(25 евра е влез, од 11-17 ч),лелеее лудории таму пак би одела. Има едно место Понтикониси во близина на аеродромот,вреди да се посети. Не ми текнува што уште.Прашајте ако ве интересира нешто плус Еве во прилог слики
Не ми прави ќејф. Иако сум бил одамна, не ми текнува многу. Ама по твоите слики не ми се допаѓа. Јас друго барам, а Крф друго нуди.
Бил некој преку агенција Магелан? Гледам интересна понуда плус и екскурзии организираат за таму? Ме интересира сместајот како е
еве што нуди Крв, забава со англичаните на Кавос и италијанци на Ипсос 11 дена ниту прошетавме ниту видовме ништо, освен од двор во водата што влегувавме одма и цел ден лежевме да собереме сила за ново искачање, се удривме на журка. Ама за тоа незаборавен ми е тој одмор. Сепак е за помлади местото, макар што луѓе што го шетаа островот беа многу задоволни од плажите. ова е Кавос