Uste edno prasanje, od Agios Georgios juzniot sto e, koi mesta se dobri da se vidat vo blizina, neli Krf e mnogu golem
Постарите се скроз отворени и поголеми, изгледаат вака Спојлер Значи скроз отворени, и сега дека веќе е шпиц, овие возат почесто зошто се поголеми, другите се затворени во горниот дел има доста помалку отворено место за седење. Лесни се за распознавање. Исто можеш да си резервираш тикет онлајн. Па според тоа ќе си ја видиш цената. Ама дечко ми вика дека можно е онлајн тикетите да се сите по 11 еура, па боље на лице место ќе си побараш поефтин тикет. Ама провери си онлајн за секој случај, провери повеќе термини во денот. Issos плажата е блиску. А таа е една од најубавите. Песокот најпрекрасен. Одма позади неа има езеро. А ги делат песочни ридчиња како во пустина. Од пред некоја година баровите се тргнати од плажата и е стаена под заштита, па ако одите таму понесете си вода, кафе, нешто храна. Има лежалки и чадори, ама и доволно простор да си поставите свои. Блиску до Issos е друга големка плажа Chalikounas, а јужно од Ag.Georgios е Marathias, исто фина плажа со фини барови.
Морам да се пофалам од одморот на крф прв пат одам на крф бев на ипсос и благодарение на агенцијата имавме можнос да посетиме мн нешта низ крф за кои повторно би одела голема благодарност до escapetravel Palaiokastritsa Corfu
Бев сега пред 4 дена на Крф, убаво си поминавме, освен што го фативме топлотниот бран и беше прежешко. Доколку планирате да ги посетите едни од побитните плажи на Крф еве видео-
Дали некоја била во вила Зевс преку Ескејп Травел агенцијата? Како си поминавте? Гледам имаат поволна понуда од 27.08 за Ипсос, па да прашам како е таму? Нудат посета на Глифада и вечерен разглед на градот Крф бесплатно, а има и екскурзија до Палеокастрица + Сидaри.
Здраво, убаво си поминавме, освен првиот шок кога влеговме во собата беше страшно нечисто(дамки на двете постелнини и прашина под креветите)другото се нормално. Се надевам убаво ќе си поминете, островот Крф има многу специфични плажи кои можете да ги видите било со брод или во ваша режија(само неккао со брод беше доста скапичко(20 евра по човек ваљда сезона..) Според мене плажи must see- 1. Канони( на север е) лесно се стига 2.Лимни(најубавата плажа на Крф ама ќе се убиете од пешачење ама вреди за сите пари) 3.Порто Тимони( исто има доста за одење но вреди слична како Лимни) 4.Ровиниа(убава плус има природна сенка ако одите порано) 5.Глико (цело време во сенка)
Овие плажи се близу до Ипсос или? Изнајмивте скутер/кола таму или бевте со вас превоз? Дали има кујна со решо за готвење во собите во Зевс?
Претходното лето со дечко ми бевме во Лаганас,ова лето нешто ми се врти Кавос.. слично ли е како Лаганас? некој што бил да ми каже
Ако си со дечко и за мирен одмор не ти треба Кавос, местото преку ден не функционира како напуштено е. Се почнува навечер со журките и пијаните англичани, друг народ ретко да видиш. Секако дека јас на Кавос топ си поминав али плажа не видовме само журки, а Лаганас е поголемо место и покрај англичаните има и друг народ. Инаку и двата острови и Крф и Закинтос ако ги шеташ има добри плажи.
Феминки дали некој е бил во Крф за време на велигденските празници и ако може некое дополнително појаснување
Има цела церемонија за Велигден. Во петок, денот на Христовото страдање едни облечени во црвено го свират посмртниот марш. Други оркестри свират друго и така до кај 10-11 навечер Во сабота моштите на Спиридон ги изнесуваат, тој им е како заштитник на островот. Во 11 од сите страни, од сите балкони гледаш летаат ќупови со вода и бегаш да спасиш жива глава Вечерта прославуваат... Горе долу тоа е
Здраво Оваа лето сакам да одам Крф. Искуства да споделите? Кои вили се убави, и преку кои агенции сте оделе до сега и сте задоволни? Ви благодарам
Имаме резервирано за 02. јуни во ипсос вила Елена 1, па ме интересира дали некој бил таму, искуства, малку сум скептик околку времето дали ке биде топло дека многу е рано.?
Вилата е топ, времето ако е како сега, денски ке биде супер, само за навечер џемперчиња обавезно. И во јули и август на крф е посвежо