Дали е поевтино да се оди на Крф преку агенција или сами, со кола и сами да си најдеме сместување? Ние сме двајца.
15-30€ за траект? И бус е вклучен во тие 15-30€? Мислам дека нема шанси превозот до Крф преку агенција да е под 45€, минимум.
Zdravo, dali moze nekoj da spodeli iskustvo od Ipsos, dali e mestoto da se odi so partner, kolku se daleku plazite, dali imate iskustvo so rent a car, ceni po marketi i opsto po kafici ili restorani?
Супер е во Крф. Водата е супер. Да плажата во Ипсос е веднаш до патот но не е страшно не се ни приметуваат колите.Цените не се ептен голема разлика од нас да не можеш да си дозволиш. Пр: леб од 70 до 90 центи. Вода пакет евро- евро и нешто. Сокови чоколади чипсови околу 2 евра. Обавезно земете си резервен крем за сунчање затоа што е мн скап. Млеко е евро ипол. Што се однесува до рестораните бевме во Папагалос гиро околу 2,5 евра помала порција 4 евра средна беше така нешто. Тие беа цените најногу до 12 евра барем на тоа што го гледавме. Кој ќе оди мора да ја посети Ла грота затоа што водата е многуу чиста и ладна е. Тамо кафе фрапе беше 2,5 евра. Сите места да ги посетите ако одите. Би одела пак супер е.
Сепак, на крај изборот падна на Ипсос(за Скијатос се закажано во испланираниот термин ). Како и да е, ме интересира како функционира градскиот превоз на крф? Читав имало зелени и сини автобуси… Најверојатно во план сме да изнајмиме и моторчиња ама малце ме загрижува да не е напорно возењето од-до плажите… Кои плажи се must see? Дали турата до paxos/antipaxos вреди?
Ако одите со агенција таму скоро секој ден ќе бидете на посебна плажа. Сите места на кои ќе ве носат се преубави и сите треба да ги посетите. За од плажа до плажа не знам затоа што не патував самостојно.
И мене ме интересира ова, а воедно и како се движат цените за мотор? п.с. од пред неколку години читав дека за мотор се движат околу 10€, а за кола од 20€ па нагоре/ден зависно и колку дена ќе престојуваш.
Здраво. Дали некој бил на Ипсос да сподели искуство, има ли каде да се прошета навечер или е пусто местото?
Има една долга улица полна со кафичи, таверни, дискотека и продавници. Навечер, особено за викенд има солидна раздвиженост. Ако ви се здосади можи да тркнете до градот Крф. Доколку немате кола/мотор, автобуси има до 23.30(имате детален распоред на постојките вдолж улицата во Ипсос).