Крштевка

Дискусија во 'Бебе' започната од soncicko, 6 февруари 2011.

  1. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    72
    Сакам да правам наскоро крштевка за бебенцето мое, па ме интересира сто треба да подготвам јас, а што кумовите. Ајде мамички кажувајте како првевте вие и како прославивте, дома, во кафана, денски, навечер и сл.
    Исто ме интересира дали сега за време на постот крштеваат зашто знам дека не венчаат поповите.
    Се надевам не се повторувам ама не пронајдов ваква тема.
     
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    45.571
    Пол:
    Женски
    крштевка

    Не знам дали крштеваат за време на пост,за тоа најдобро во црква ќе си прашаш,иако мислам дека да-крштеваат.
    Јас за моите деца правев крштевка во кафана,некаде околу 20-тина души се собравме,и тоа најблиските ,кумовите и старосватовите,баби, дедовци,браќа,сестри.
    Инаку кумот го облекува бебето од глава до пети ,во црква,треба да си купи и свеќи од таму.
    А твоја обврска е да ги даруваш кумовите со што сакаш.Во црква плаќаш и ти и кумот.После каде сакате на ручек.
    Нека ви е со среќа.... :)
     
  3. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    72
    крштевка

    фала ти орхидеја ама сега малку ме разочара сто ми викаш дека кумовите треба да ми го облечат малиот па кумата моја нема ич вкус сигурно ке го облече нешто кловновски шарено леле катастрофа...
    а што треба да ги дарувам бовча или злато што да ставам ако правам бовца?ти што ги даруваше?
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    4.956
    крштевка

    да кумата го облекува од глава до пета и купува пешкир во кој ќе го пречека малото, свеќи, плаќање во црква, торта, злато мислам дека сето тоа е обврска на кумата. а младите ги даруваат навистина што сакаат. па за да не се замараш како ќе ти го облече, ако сте блиски со кумата барај да излезете двете и да си го облечеш по твој вкус. мене да ми побараат така да шетам и би ми било полесно бар мајката си бира што сака и не те боли глава. така да предложии на кумата да си прошетате двете
     
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    45.571
    Пол:
    Женски
    Кумата за рака и во град заедно да си одберете,а ако не ти е блиска кажи и отприлика што кај си видела и нека оди да купи нешто што ти си одбрала.Треба се, и кондурчиња,облека пешкир за во црква ,поклон за бебето(злато или они што сакаат),торта.
    И за дарување можеш ти што сакаш и колку можеш зависи.Јас мојот кум со првото дете златна алка му подарив,а со второто цел комплет од La Coste,не го ни прашав,а за кумата тогаш му беше девојка-парфем.
    А јас кога бев кума,ми дадоа една марама,а на маж ми една блуза.Затоа секој според можностите.
    А за тоа како ќе го облечат бебето во црква не се замарај многу и така поважен е самиот чин на крштевање,а облеката ќе ја носи во кафана само,после ако не ти се свиѓа нема да му ја облакаш.
    И да не заборавам,сега ми текна,дента кога ќе го крстат бебето,ке го избањаат во црква,ти не треба да го бањаш дома тој ден. :)
     
  6. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    72
    кумовите не ми се воопшто блиски тие се старите кумови што ги имаат венчано свекорот и свекрвата и што го имаат крстено маж ми така да збориме за луѓе од 65-70 години така да може да замислите колку вкус има жената хихиихих како и да е важен е чинот имас право орхидеја ајде ке подразмислам што да купам за даруванје ама сепак ке мора да е нешто златно дека кумата е доста дебела околу 100 кила така да нема да и погодам...
    исто сакам да ве прашам значи кумовиве живеат со синот снаата и 2те деца секогаш заедно ни доаѓаат ке треба ли и за нив нешто да купам и имате ли идеја што да е тоа
     
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    59.118
    Пол:
    Женски
    ^а вас кој ве има венчано во црква?бидејќи напиша дека кумовите ги венчале свекорот и свекрвата и го крстеле мажот,дали и тие вас ве венчале во црква?А бидејќи доаѓаат заедно може да им спремаш мал поклон на сите и јас колку што знам треба да бидаат даровите на непарен број
     
  8. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    72
    HIHIHI да секако и нас не венчаа... а што значи тоа мал поклон дајте ми некоја идеја
     
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    59.118
    Пол:
    Женски
    Па бидејќи синот не ви е кум може на него на пр вратоврска,парфем такво нешто поситно,на сопругата негова исто некое парфемче поевтино немора од најскапите,а на децата пижами.
     
  10. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    72
    значи крстевка било скапо задоволство хихихиихих
    отворена сум за усте предлози за подароци за кумови
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.823
    Пол:
    Женски
    Кога ние правевме крштевка за малата, мојата кума јасно си кажа дека самата сака да си купи гардероба, така што за неа си купи јакна и тренерки, за кумот џемпер и фармерки, а за децата за малиот-тренерки, а за малата комплетче некое...тие си одбраа а ние им плативме. Инаку кумовите треба да го облечат бебето после бањањето, значи пр. боди, холахопчиња,чевлички, блузиче, панталончиња, јакничка,капче, ....Нас исто така за ќерка ми ни дадоа бовчичка ама мене не ме прашаа што да и купат, кумата сама си одбра. Потоа бевме во кафана ама само најблиските (нашите родители, браќа, сестри, кумови, старосвати и блиски братучеди-околу 20-тина.) Во црква кумовите носат и свеќи, а плаќаат кумот и таткото. Е, сега од старо останало дека свекорот, т.е. таткото на мажот го плаќа ресторанот, јас за тоа не знаев и се изненадив кога плаќаше свекор ми, се разбира пријатно и многу сме благодарни за тоа. :)
    Уште нешто сакам да додадам, ние ја крштевевме за првиот роденден-во ист ден, од финанасиска гледна точка е пожелно, ама кој како си сака.
     
  12. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    72
    ние веке славевме 1 роденден а крштевката ја одложивме за на пролет...
    колку време порано ја закажавте крштевката во црква?
    ме интересира за соборен храм конкретно ако има некој информација
     
  13. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    98
    devojki jas vcera pravev prv rodenden i krstevka za moeto devojce i se pomina vo najdobar red.Soncicko ova go pisuvam konkretno za tebe :) krstevkata ja zakazav okolu mesec dena porano vo sv.Petka i da krstevaa i za vreme na postovi.Roditelite plakaa 1500 den vo crkva.Podocna bevme na rucek vo restoran so kumovite i starosvatovite.Darovite sto im gi kupiv bea simbolicni no mnogu im se dopadnaa.Na masite odnosno kumot i starosvatot kompleti kolekcii so parfemi i neseseri od avon a na zenite istotaka od avon kompleti nakit.Iskreno bea zadovolni a i jas ne se namaciv mnogu :)
    I da obvrska na kumovite e da donesat 2 beli i edna zolta sveka za vo crkva da go oblecat deteto od glava do peti peskir sekako i plakaat samo neznam kolku tocno a obvrska na roditelite e da odnesat malo peskirce sapun i eden litar zejti.Se nadevam deka ti pomognav ;) pozz


    [mod-kirilica:wp2gjm98][/mod-kirilica:wp2gjm98]
     
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.796
    Драги мои, би ви била многу благодарна ако имате некои интересни предлози за подароци за кумовите на крштевка. Читам на различни форуми и се засекирав (искрено). Па луѓе купувале LCD телевизори, дигитални камери и слично како подарок за кумовите за крштевка :^) . Ај што навистина мислам дека тоа е правење циркус пред светот, туку и невкусно ми делува. А не сакам да правам бовчи со бањарки и сл. Се мислев за икона некоја убава, ама не оние што се купуваат од црква (залепените слики), туку што ги цртаат. Да не знае некој цена? Мене ми рекоа од 200 евра нагоре дека биле, ама онака, повеќе беше нагаѓање. А искрено, не знам ни каде да најдам :$ .
    Или ако имате било каква идеја, јас сум благодарна :bow:
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.070
    А да си ја прашаш, мислам дека најпаметно би било...јас мојата ја прашав, и кажав отприлика до колку пари и таа си одбра нови теписи за во дневна и трепезарија...
     
  16. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    72
    јас ја прашав кумата ама она не скаше да ми каже па и купив златен прстен за кумот саат касио се работи за постари особи над 65 години живеат со синот и снаата за нив купив по еден парфем и за децата купив по еден саат од овие флик флак..ама најубаво да си прашаш ако не се срами ке ти каже
     
  17. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11
    Бидејки кумот и маж ми се другари, и бидејки сме многу блиски знаевме дека кумот сакаше да си купи мобилен па се договоривме ние да му го купиме (околу 100еур беше телефонот). И со старосватицата сум многу блиска и излеговме во град и она си избра што сакаше (си зема ташна, новчаник и накит). А за мајка му и татко му на кумот постелнина и пижами, исто така и за родителите на старосватицата, за братот и сестрата на старосватицата пижами ;)
     
  18. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    72
    Prv pat slusam za krstevka za starosvatica deka se kupiva,zasvadba da razbiram ama na krstevka kakva uloga ima starosvaticata.JAS ne kupiv nisto za starosvaticata
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.070
    По некое правило знам дека се даруваат сите што ќе дојдат на крштевка (адет), кумот се разбира најмногу, а за другите како сакаш или колку имаш...
     
  20. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11
    Значи порано не само кумот и старосватот туку ги дарувале сите што биле присутни на крштевката, макар по едно марамче.
     
    На mama100 му/ѝ се допаѓа ова.