Vo strumica nie nemame voopsto starosvatovi zatoa prasav jas koja e ulogata na starosvatovite inace se potpisuvat samo kumovite i mladozencite
Во матично не ги интересира кој е кум, старосватица... Таму се сведок 1 и сведок 2. Во црква се важни тие титули. Ние не се венчавме во црква ама имаме кум и кума (кои не се во никаква врска) и сакам да имаат иста 'важност'. А ти како опиша хаос направи, испадна како брак да не сте склучиле. Значи сепак сте се потпишале ти и маж ти и двајца сведоци.
Ајде мајки помогнете што да купиме подарок за кумовите!? Подарокот да не е скап. Напишав понапред од кои причини, па да не се повторувам. Благодарам однапред.
Dolce gusto кафематот беше на попуст за 3200 во техномаркет. Не знам колку е буџетот,чисто како идеја
Од горица трејд или слично ташна за неа, за него ташна или комплет новчаник, каиш и футрола за клучеви пример...
Правосмукалка имаш нели разни со пареа, пегла на пареа убава која не лепи и налепници на алишта, кафемат, блендер, сет за готвење.. ако имате кума е многу полесно хахх. Една прошетка низ Нептун и ќе имаш идеа.
Кој се обичаи за крштевање? Свекрвата ми кажа дека кумот го носи бебето до црква/манастир. Но, ние нема да го крстиме синко кај што живееме. За возење има повеќе од 100км. Бебе ќе има скоро 3 месеци и ако не ме гледа мене и мм, ќе плаче. Давајте некој совет, предлог!
Ние си го носевме до црква. Кумата го зема пред самото крштевање. И кај нас свекрвата кажуваше закони, ама ја подбрав.
Нема врска дека кумот го носи детето до црква. Маж ми си ја внесе внатре и ја предаде на кумот. Мојата кај секој оди и немавме проблем со тоа.. И не слушајте свекрви и Рајко и Петко што треба како треба, правете како што мислите дека е правилно. Еве ги нашите торти и декорацијата.
Лелеее јас ова и на мајка ми не можам да и го објаснам. Ниту живееме со свекрва ми, ниту е заинтересирана да помогне нешто, да си го види внучето, втор пат сум трудна( за спонтаниот не ни знае), не ме сака бе не ни мора да ме сака ама во најбитните моменти прва сака да биде и да и се укаже чест, а мајка ми тогаш се повлекува. Мајка ми е секогаш тука за мене, ми го чува и детето. Кога се се спремало се чистело пред да дојде бебе па и претходно таа ми помагала. Кога почнавме да живееме заедно со мм и кога немавме кај да се избањаме и испереме моите ни излегле во пресрет. Па и за јадење ни помагале од домашно производство колку можеле затоа што и за тоа на моменти на почетокот сме немале... И после други да се ставаат на пиедестал...еххх животе...