Јас си ја одбрав со кумовите облеката, ја исправ им ја дадов и они спакувана ми ја донесоа. Ама мене ме прашаа дали сакам јас да си ја одберам некои не прашуваат
Мене за двете не ме прашаа, сами си одбраа, не ми сметаше искрено супер ги облекоа. Другарка пак до детаљ се си одбрала и им кажала од кај да купат. Ама па таа ептен се испозанесе и бараше прескапи работи шо реално многу малку ќе ги носи, на пример сако. Најдобро по договор, ако сметаш дека нема да ти се свиѓа тоа шо ќе му купат, одбери си сама и дај им го да ти го донесат.
@ocicka2014 @Marmarin Ви благодарам на одговорите. Прашував бидејќи се слушнавме со кумовите веќе 2 пати за крштевката да договориме, ама ништо не ми спомнаа за облеката, чекав тие да спомнат Се мислам да им подречам на наредно јавување.. И уште нешто да прашам, дали мора да е бела облеката после крштевањето?
Ке ја вози наредно лето, до 3 години може да ја вози поточно. И играчки се добра идеја, лизгалка, шатор, ама се тоа е за поголемки деца.
Мене ме прашаа што треба за во црква, им кажав и прашаа кој број. Арно ама, од Ваикики купија, а таму поголеми алиштата се во споредба со турските од маалски продавници, Зара, Окаиди. Кога ми ги пратија да ги исперам увидов дека бебе ќе плива во нив и моравме да одиме да мењаме, па немаше број и на крај сосем трето земавме, не ми се свиѓаше баш ама стварно за бројче немаше избор. Не знам после што мислеа за тоа, како делувало од страна, ама непријатно ми беше. Најубаво заедно или ти да си одбереш до толку пари за да не се најдеш во слична ситуација.
Тие купија, без консултација. Ептен сме блиски ама за таква небитна работа не се први муабет. Не прашаа само колку кг има синко и кој број носи и они избраа алишта. Секако, се што купија беше преубаво. Глупо е вие да бирате алишта, зарем кумот до толку не умее за бебе да избере нешто? Ако не ви се допаѓаат алиштата, не мора да ги облечете повторно. Секој ден го облекувате бебето, ништо нема да биде ако еднаш му облечете нешто што не ви се доапаѓа. За секој случај понеси алишта ама со мало дете секако носиш алишта за пресоблекување каде и да одиш.
И ова е ризик. Така внук ми пливаше во алиштата после крштевка, цел ден. Не секој има осет да одбере. Не мора за вкус да погодат ама бар бројчето приближно точно да биде, не да виси се и да дува од сите страни...
Мене не ми е проблем тие да изберат алишта воопшто. Досега два пати се слушнавме од кога договоривме за крштевка па не ме прашаа досега кој број носи или колку килограми има бебето. Незнам дали знаат дека треба да донесат облека, ваљда знаат незнам. Малце незгодно ми беше да разговарам на оваа тема со нив. Баш прочитав кај членка дека се случило да не им однесат облека од незнаење. Бидејќи во црква нагласија дека кумот облека и свеќи треба да носи. Е сега не се сите луѓе упатени што и како.
Слободно спомни дека се носи облека да не не знаат па и нив уште повеќе срам да ги фати таму. Прашај одоколу понуди се ако сакаат помош за бирање на бројче. Не знам зошто да е срамота. Па и нив треба да им биде кеиф да се погоди облеката да си ја носи и после тоа бебето.
Мене кумата на вибер ми прати неколку слики. Ова од зара кој број треба, ова окаиди кој број треба.... Возрасна е жената, ама младелачки расположена. @BY<3 мене да не ми спомнеше сама кумата за алишта, би ми било незгодно да и кажам или прашам. Мислам дека попрво би и рекла: Да купам ли алиштенца за после крштевање јас? А пешкир? Веројатно така би добила одговор и ќе знам што да правам, а да не се натурам неа обврска да и правам. (Иако е тоа реално нејзина "обврска").
Јас колку убави работи изнакупив за кумашинчето, и бренд и скапо, и ги однесов да си ги средат и исперат знам цепидлаки се, и за крштевката во црква си донеле друга облека, мојата не. Ми чуреше главата во црква баш викав чувај ми го јазикот во уста боже, ама вакви сељаци мајка еднаш раѓа.
Да така мислам е најпаметно да ја прашам, бидејќи стварно незгодно ми е да и велам стриктно да донеси таа.
Kumovite nas ne ne prasaa sto da kupat ama oti prodavaat detska obleka donesoa se ubavo I taman si bese
Да знам дека улогата ја имаат кумот и кумата, но читав дека некои ги даруваат и старосватовите па сакам да сппдели некој мислење дали треба или по желба е.