Nie bevme kymovi i ne daryvaa i nas i decata drugite gosti ne. Nie na kumata za sekoe dete i kupuvame nesto zlatno, za prvoto golem zlaten privezok so Bogorodica i posveta za kumata. Za vtoroto prsten. A za tretoto ke vidime ne sme ja krstile uste. Ona si gi oblekuva (dvajcata od okaidi gi oblece) toa e toa.
Бидна и нашата крштевка правевме на 6 септември во селото на свекор ми , поради тоа што живеам во мало место и ќе се дознае дека дме правеле крштевка и многу ќе се налутеа што не сме ги поканиле (до 50 луѓе е дозволено) Кума беше на свекор ми сестра, поради големите обврски тука, тешко е да најдеш кум. Убаво поминавме, само малку се изморивме и малата беше преморена, не спиеше од гласната музика па за време на крштевањето беше на пола слики уплакана ќе споделам слики Спојлер: Крштевка
Не ви ставив нож под грло да правите како мене. Не мора да дарувате и вие како мене, направете како ви одговара.
Баш дарувањето е останато од времето, а ние го "адаптираме". Се знае што се дарувало, не сега триста чуда, скапо.. порано сите се даруваа. @Meckicja во Струмица сум била на милион крштевки. Сите не дарувале секогаш, па макар и едно марамче било тоа или чорапчиња.
Кој како сака, така ќе си прави. Многу адети останале од порано, па сега не се тераат. Можеби сите се дарувале порано, ама со симболичен поклон. Сега е срамота нели, па подарокот мора да е гооолем. И во нашиот град се даруваат сите што ќе дојдат, ама реално или ќе треба да скратиш на гости или да купиш нешто евтино, ако не, само поклоните ќе чинат како целата прослава. Како и да е, голем, а непотребен трошок. Една познаничка не ги покани сестрите на крштевка на детето, зошто има уште 2 сестри со по 2 деца и ако ги поканела ќе требало да даде многу пари за поклони. Само поради неможноста да ги дарува не ги покани ( а сигурно сестрите немаше да замерат ако не бидат дарувани). Кој како има и сака така нека прави, ама да се наметнува дека нешто мора, не ми иде.
Секако дека кој како ќе сака, така ќе прави. Некои одбираат да следат адети од својот крај, некои слушаат други како треба, трети не слушаат никого итн. Кој како сака, точно. Само мене не ми се допаѓа притисокот што го имаат луѓево со дарувањето, па што ќе речат другите ако се постапи спротивно од сите и не е според желбите на бабите или околината. Како и да е, читајќи за дилемите и секирациите што ги имате, среќна сум што сум ослободена од еден таков притисок, од начела што друг ги поставил некогаш или што ги носи модерното време за смислување начини како да даруваш поразлично од останатите луѓе. И пак секој со својот избор.
Мајки предложете ресторан во ск што почитува протокол за ковид ,со солидни цени за прв роденден и крштевка? Уште подобро, со летна тераса?
За гостите не можам да гарантирам, секој е приказна за себе колку верува дека вирусот постои и е претпазлив да не го закачи. Во ресторанот кога плаќам сакам и да добијам комплетна услуга. А сигурно тоа не подразбира келнерите да носат маски под брада, да фаќаат со прсти по приборот за јадење,масите да немаат доволно растојание... Прочепкав низ фб групите, се спомнуваат како опција Маргер и Астера, дали некој правел прослава таму?
Сепак, ако во ресторанот се почитуваат, треба и гостите да почитуваат. Не треба да е секој приказна за себе, во ризик се ставаат и другите гости што почитуваат мерки ако дојде некој што ќе гушка други или маска носи под нос. Замоли ги и гостите да се фер и да не ги ставаат во ризик другите гости. Нема потреба да излезе на твоја прослава да се заразат луѓе.
Сега чинам сегде се почитуваат мерките за Ковид. И во Маргер и во Астера имам правено прослави (пред вирусов) и двете места се одлични, со убаво мени и услуга. Како други предлози би ги набројала Ореов лад, Грин гарден Мулино, Риверсајд...на отворено се и со убави градини, за убави фотографии
Не сум ни прва ни последна што ќе прави Детево од март навака само баби и дедовци и браќата мој и на мм го имаат фатено во рака. Роденденот нема да биде причина да оди од гостин на гостин како пинг понг топче. Барам ресторан што почитува протокол за од моја страна да биде како што треба организирано, би ги сместила на маса по семејство,онака како што секојдневно функционираат Гледаш не ни спомнав музика,не ми е ни важно дали ќе има Сигурно не планирав ора и чочеци да играат рака за рака
Тоа што нема да има чочеци не значи дека ризик нема. Ништо лично против тебе, ама јас за пандемијава имам ептен ригорозно мислење. Ако сите се воздржиме од социјални настани, дружби и сл, побрзо ќе излеземе од кризава и побрзо ќе отворат граници. Не дека некаде утре ќе се акнам, ама вака изолирани од цел свет затоа што собиранки се приоритет, не оправдувам. Нормален живот треба да продолжи со соодветно воздржување и жртви од сите нас. Го разбирам и меракот и желбата и возбудата. И мене ми е многу криво што многу работи и ограничив на ќерка ми, која веќе и разбира и бара одредени активности/дружби, ама сметам дека подобро е така, секој со својот придонес кон колективот.
Немора да значи дека само на крштевка можеш да се заразиш. Ваљда одиш и пазариш во маркет,аптека и други објекти што илјадници луѓе поминуваат внатре во текот на денот и фаќаат производи, така да шансите за зараза се исти. Сигурно не е пола Македонија затворена во 4 зида. Ако сами си почитувате мерки не гледам проблем, се може и со вирусов да се живее. Девојката си праша за крштевка во место по протокол, нема ништо лошо во тоа. Секој си има право да постапи како сака. Плус темата е "Крштевка" а не "Крштевка - За или против". Така да ако не планирате крштевка во скоро, немора да им ја кршите радоста на другите.
Ај сега и ти, тамам работа мерак да ни се крши од кажано нешто на форум. Софи ниту ќе прекине планирање крштевка ниту ќе и' се скрши радоста поради добронамерни коментари на форум.
Да ми простиш, ама во пандемија се почитуваат протоколи пропишани од мин.за здравство. Ниту еден не пропишува собиранки, мекици, свадби и сл.