Не пропишуваат, ама се прават прослави. Јас не сум правела, ама не знаеш на колку места бев канета каде што имаше и по 60 души.
Не сум била баш поканета, но од март па наваму нонстоп ми излегуваат слики од крштевки, 15-20тина луѓе се. Но, се слават. Нивна одлука.
А јас негде напишав дека сум против протоколи ? Секој има право дали да прави или да не прави крштевка, тоа ми беше зборот.Сигурно нема да вртат ора и слично во време на пандемија, никој тоа не го поддржа.
И вака и онака рестораните и кафичите работат во полн капацитет. Не сме дружељубиви од март навака,ама ако се видиме со некој вон близок круг на семејство,се гледаме во кафич. Па дали ќе биде обично кафе или пијачка+јадење со повод роденден или крштевка не менува многу нели.
Не можам да поверувам колку себичност има во народот. Колку само гневи и разочарува фактот кога читам како некои ќе прават крштевки, родендени, па сакаат да им официјализираат правење на свадби, а близок човек со две мали деца, од кои едното нема ни да го запамти, не успеа да се спаси. Повеќето со изговор, сите прават. Себично и жално...
@Sofi.ja Дај бе остај ги, гледаш дека се накострешени сите да нервираат и да упропастуваст планови на луѓе. Одете си по планови и прописи и се ќе биде во ред. Ние крштевка пред месец ипол правевме, сите 20 души на една маса, немаше играње само ручек у сите тие и во манастирот беа. Се сликавме, се гушнавме со секој, малата сите ја играа. До сега не закачивме никој од короната. Сите се добри, нема заразени. Може 10 години ќе трае ова па во место ли ќе стоиме.. Не се замарај веќе. Нека е Среќен Роденденот и Крштевката.
Во време на пандемија не е најбитна индивидуалната среќа, што не е јасно? И се гордееш со болдираново? Честитам за среќата што сте немале последици. Како бе во другата тема не можеш да сфатиш како наводно на власта не и е гајле за тебе и твоето дете, кога прво и основно според ова ти му го ризикуваш животот. И да, може да трае, и тоа не значи дека секој може да тера како ништо да не е. Не се замарајте, браво, освен кога се работи само и исклучиво за вас. Која иронија.
Јас ќе се гореам а вие бидете полни со иронија. И не ја полнете темата веќе со вакви глупости. Не сте советници па да кажувате што е правилно што не е.
Како што ти коментираш, секој може да коментира. Правила си има, без оглед дали некој ќе ги повторува или не, ама џабе како што може да се заклучи и од твојот пример.
Бравос. Сте се гушкале, сите ја играле малата. Да те познавам, ќе те пријавам. Себични сте. Ние не сакаме да славиме само вие. Ама некој има совест , некој не. Вие пак сте имале среќа. Еве ви во Сад кластер свадба со 177 заразени. Терајте . @Sofi.ja ,еве да ти кажам дека сњкој ден сум по кафиња и ресторани, што ќе ти смени тебе тоа? вие ќе славите со куп луѓе ќе се гушкате и честитате, така? Колку и да викате на дистанца, тоа е просто невозможно. За кафичите ко што знам има протокол, ако не се почитува,се пријавува а за крштевки и свадби, протокол?
Ние и сега кога се гледаме со некој си мафтаме од далеку или со бокс се поздравуваме. Овие 20тина луѓе знаат дека ние веруваме дека корона постои ,знаат дека не примаме гости дома и не одиме по дома на гости, така да нема потреба да се објаснуваме. Така што гушкање и бацување но веј Можеби би се поздравиле со рака,но очекувам ресторанот да постави средство за дезинфекција ( а и секаде си носиме свое) па веднаш би се дезинфицирале. А што прават луѓето на крштевка повеќе од тебе кога седиш, јадеш и пиеш во кафич?
Јас ни во кафичи не идам, ама мн е очигледна разликата. На приватни собиранки интеракцијата и близината е многу поголема, отколку во кафич на маса со 1-2ца и 20 рандом ликови кои не ги ни перцепираш.
Ели душо олабави малку.. Прославата беше со нашите родители кумот кумата и деверот. Со браќа сестри и внуци толку сме. Со нив нон стоп се гледавме и доаѓам од мало место каде што нема ниту еден заразен. Тој ден имаше уште 3 крштевки. Ако сте желни за правење прослави правете. Кога можете по кафичи да одите и по плажи можете и скромен роденден или крштевка да направите.
Ко шо гледам малите места од тоа нивно нема никој заразен, сега вријат. И стварно од кај сте сигурни дека некој не носи ништо во себе?
Ти велам нема никој заразен. Сите се добри. И грешка си дека вријат малите места, кај нас со месеци нема никој заразен. А доаѓаат од сите градови тука да прошетаат, да ручаат, па никој се уште не донел вирус. Мало градче е и се знае се, кој сме и што сме.