А кога ке ми текне само дека прв роденден на син ми го славевме само јас мажот ми син ми и 5 балони. Дека беше карантин април месец страшно беше дури 15 дневно заболени имавме. Вкупно ни 100 не беа. Ни крштевка ни мајка ми на торта не дојде. Местев телефон на вазна со тајмер да не слика. Да имам спомен. Крстен не е. Фала богу еве не живи и здрави сме. А вие богами секоја ви чест на мудата во денот има над 150 заболени,крштевате,свадби правите сигурно сте од оние што ја знаат заверата за короната. Ама никако да ви текне дека од прославите се шири и не запира. Но ние сме лошите што ви кажуваме. И дете во градинка не. На работа да не идете. Ама оро да вртите
Баш прашав еднаш во Рајчица манастирот една од сестрите. @K7M10J е во право. Нечисти ги сметале порано жените бидејќи крвареле и немало производи за таа намена како на денешно време, затоа не им било дозволено да влегуваат во црква.
Ne se videle kolku bolni ima vo bolnicite zatoa taka pravat da vidat kolku bolni ima nema taka da pravat
Многу се изнервирав на коментаров. Мислам како дозволивте болните да се мешаат по цркви и ресторани? И не ја разбирам поентата крштевка покрај се? Имам од истото болен близок,не даваме мува да прелета што се вика. Сестра ми планираа свадба ама сега нели корона и не сакаат,има стари и болни блиски а на татко ми му се ближи крајот. И сега сестра ми само заради татко ми да присустува на свадбата,да прави во ова лудо време треба? Иначе блиски ќе прават свадба со 30 души сортирани по маси демек тие што си се гледаат секој ден. А најголеми паничари се за коронава.
Ти па што се напна, ко кума да ќе бидеш. Во лептокарија на почетокот, спроти мартини, заборавив како се викаа, топ се, а и не се скапи.
Од вас човек за навек ќе остане затворен у државава. Побитно е крштевка, него јавно здравје. Тоа многу зборува за вас.
Доста со тоа "вас" и "нас", сите сме едно исто. Ова вирусот изгледа ви го легализираше пикањето нос во туѓи животи. Не знам ти лично како ќе се заразиш, ако некоја таму правела крштевка. Едноставно, не иди и не се дружи со луѓе што сметаш дека се ризични. Ако ти се сепарираш од секого, мало морген дека ќе се заразиш. Секој си е одговорен за самиот себе и поинаку не може да биде. Второ, член на тимот си, а самата си оф топик. Темава не е крштевка за време на корона и вашите ставови околу тоа, туку крштевка.
Ако со тој некој треба да седам 8 на работа и одбива да носи маска или не носи маска правилно и тоа како ме засега. Приватно си ги одбирам контактите, службено не можам и да сакам. Престанете да си наоѓате оправдание во секоја ситуација.
Кој тоа "ние"? Во војна сме некоја, па вие и ние сме? Вирус не се спречува со неправење на мекици и крштевки. Да сакаа да го изолираат територијално, уште со појавата на првиот случај ќе воведеа обавезен тест за сите што влегле, а не да пуштаат од надвор луѓе да го внесат, па отпосле да ги тестираат. Очигледно, идејата била вирусот да се рашири и ние очи да си вадиме меѓусебно и да бараме кривец во тој до нас дека е несовесен и правел крштевка. Кај толку глуп народ како нашиот, најлесно се постигнува тоа. Едит: Не ми го префрлајте мислењето кај оние давежите во темата за коронавирус, ако сум оф топик, слободно бришете мислењево.
Ти се стави во ситуација на адвокат. Ширење на вирус се спречува со непотребни друштвени собиранки. За мерките нема да коментирам не е местото тука, ниту пак ги правдам. Ама ние не си ги копаме очите заради мерките, туку тоа што некои го загрозуваат туѓото здравје.
Со самото излегување надвор, здравјето е веќе загрозено, небитно дали на работа или на журка идеш. Очите треба да ги ископаме на тие што дозволија да се внесе вирусот, а не на оние кои се во иста каша со нас. Сериозно мислиш дека ако некој не направи крштевка, вирусот ќе го снема? Еве во март сите преплашени седевме дома и ништо не работеше, па пак имаше вирус. Што значи, не се луѓето криви што си бркаат работа, туку лошо се менаџира целата ситуација, очигледно намерно.
Не се сложувам, ама тука ќе ја прекинам дискусијата. И ниту во март ниту сега сите седат дома. Сега е само полошо зошто повеќето ќе бидат се повеќе во затворен простор. Едно е да бркаш работа за да функционираш, а друго е да си ги дозволуваш сите задоволства.
Пак ќе кажам дека е тоа лична работа и нема што вас да ве засега, затоа што вирусот е толку раширен и ако го фатите на работа, не мора да значи дека тој некој бил "несовесен журкаџија".
Какви адети има за крштевка? Се дава поклон на кум или старосват? Едит: Пред да ме распнете, чисто информативно прашувам!