Јас на нашата кума и дадов 5 000 денари во плик и бидејки не е мажена, придружба и беа мајка и и татко и, нив ги дарував по 2 000 денари.
Од паметњаковци човек да го е безер прашање да постави на форумот. Кога ке се научите да одговарате само тоа што се прашува, наместо да делите памет таму каде што не ви бараат?
И ние треба да правиме (не утре де ) ама ,зошто да не се праша не сфаќам? Еве можда од финансиски аспект прашува. Може планира прв момент кога ќе се врати нормалата да прави ,ама и треба време и пари да собере. Затоа си прашува. Кажувам ете вака и кај мене е,немам поим што и како треба ,а имам бебе и прва прилика би правела крштевка ,ама ако се даруваат со злато да речеме ми треба време да соберам пари,зошто да не го искористам овој период за тоа ?
Како очекуваш оваа да го разберат луѓе на кои што устата им е побрза од мозокот? И самата членка погоре има потенцирано дека прашува чисто информативно, ама нели мора некои да се направат паметни и во секоја тема памет да солат. И сега ние ке пишуваме реферати и ке и објаснуваме што, како и зошто.
Точно ,за тоа што му треба на детето , ама не секој успеал...имаш непланирани бремености или случки ,еве јас планирав бременост ,си имам и заштеда и се. Имам другарка планираше бременост ,имаа заштеда ама сопругот и остана без работа ради корона и ја трошат заштедата....итн од топик ќе избегаме. @AngIv така де . Па смачено ни е луѓе од коронарна ,може и да се праша вакво нешто само за да тргне мисли од неа човек. Еве мене лично до толку ми е преку глава што се обидувам да ја игнорирам ,и цело време си размислувам што ќе правам откако ќе заврши. И баш вчера помислив да пишам тука ама знаев дека истото ќе ме најде и не пишав .
Едни комшии правеа пред некој ден. Буквално само кумот беше. И до мај ако не попушти ова здравје голема е веројатноста и јас така да ја направам .
Така де. Нели форум, да си прашаме, да си добиеме конкретен одговор, дека на овој форум немаше правење паметни, зошто се смеевме на групите по фб, а уствари истото е секаде И јас на погрешно место барам инфо. Се извинувам.
Ако е попот со маска кумот ао маска и вие како родители и се скрати времетраење колку што може кога дневните бројки ќе го дпзволат тоа и ќе почне вакцинација не гледам зошто да не се крштева бебе Исто како да го носам на педијатар или во поголема установа. Поголем ризик ми беше на вакцина на Идадија отколку ова во црква што го опишав.
Ние правевме на 40 дена и буквално само кумот беше немаше ни 15 минути си дојде сликар не сликаше нас и толку си го облеков бебето додека церемонии да правиѓе со 50 луѓе вака побрзо испадна и поубаво а здрваје за роденден прослав аќе си направиме за се
@Brpbrp @Milkiway е како така во ризик (сме) ги ставаме(ле) овие од погоре ,ете заради крштевките волку заразениии
Абе проблем е мекици со по 100 души Јас и со мојте родители со маски се гледам не сме се гушнале и бациле 1г Ова е новото нормално дури не заврши пандемијата. Е сега некому верата значи многу му дава мир и нема зошто да не прави ако се придржува до мерки. Вака како што пишав е посигурно од едно седење на кафе во преполн кафич... ама тоа е
Пред се здравје за бебе и за нас јас барем така гледав и никој не се наљути т.е и да се наљутеше ми е гајле не живеам за другите порано било по друго и финансиски гледано сега да направиш крштевка испод 10 000 нема да биде особено ако живееш во заедница како ти Петко Станко не си ги викнал од 10то колено што се гледаат само на свадби и умирачки али според мене не е сеуште време за собиранки кога ќе пројде се да