Od pari poubavo nema sto sakaat oni toa ke si kupat za karikatura Ima razlicni karakteri I mozat nekoi I da se navredat
Зависи од град до град. Пак ќе кажам си зависи од луѓето и меѓусебниот договор,дарувањето според мене е глупост невидена. Кај нас,се даруваат СИТЕ кои ќе се присутни на крштевката,па може да си замислите колку би коштало дарувањето,па колку и да купуваш скромни поклони. На кумовите и децата им купив облека во вредност од 3000 ден,на старосватите и децата баде мантили,а на сите останати по една маица/ блуза. Глупости живи,ама нели адет таков,па да не се најде некој навреден Баш ми е мило што скоро сите такви глупости изумираат,па барем за нашите деца свадбите/ крштевките не би биле товар ниту за младите,ниту за кумовите.
Site da gi daruvam nema sansi nez kakov I da e adetot ke recam ne starosvati nie nemame voopsto kaj nas toa go nema kumovcite gi daruvavme so 50 evra na sekoj a drugite ne na ovaa siromastija I drugite da se daruvat ne nit me daruvaa za vnucite niti daruvav
Мене ми е баш симпатично. Претпоставувам дека се ваши блиски пријатели, воедно и кумови и верувам дека ги познаваш доволно за да не се навредат од таков подарок, како што рече членката погоре. Мене лично ми е поубаво карикатура, отколку некој апарат за домаќинство ради-реда или пак облека.
Исто и јас го терав овој адет. На кумовите по 50е, на старосватовите по еден пар пижами, а на другите по една маичка или хулахопки. Абе глупости живи. Ама те така требало. Сега здравје за другото што ќе се роди, само на кумовите ќе дадам нешто заедничко, постелнина или слично и крај.
Здравје летото планираме крштевка. Планирам само кумот да го дарувам, не е женет, единствено ако се ожени до лето па и невестата. Страосватицата ми е како сестра но не би ја дарувала, нема она "функција" во чинот. Има разни адети во секој град, но и разни сфаќања од родителите. На пример знам дека свекрва ми ќе спомне да му се даруваат и родителите, но ќе и кажам ако толку сака она нека им купи. Кај мене не е поентата за заштеда (иако е секако плус) туку искоренување на некои обичаи. Мене ми е битен чинот и детето да ми влезе во вера. Но на крај се сведува - кој како милува и може.
Сопругот кога беше кум за крштевка го даруваа само него (не беше женет), а тој го даруваше бебчето. Многу непотребни трошоци се тие дарови за сите, ние ги избегнавме и на свадбата, само на закониците им поклонивме нешто ситно (тоа се 5-6 луѓе). Старосват кај нас е некој постар човек (стар сват) кој е еден од закониците на венчавањето во црква, а старосватица во смисол на другарка која венчава не постои кај нас, венчава кумот. И ние ќе треба да правиме крштевка ова лето, па исто нема да има дарови за сите, само за кумовите.
Ако ти е за чинот, не треба никого да даруваш. Дај му на кумот еден пешкир, и тоа е дар. Дарување е адет, не е поврзано со црквата. Ако ти е детето да има вера, ти треба само кум, вие и бебето. Ни публика, ни кафани.
Јас за првото дарував и кум и старосвати, со злато со сите салтанати, за второто, од што ми се отворија очите, дарував само кум и толку. И бидејќи на 3 јануари крштевавме ( ова пред 3 години, да се разбереме, не во коронава ) попот ме праша дали ќе го соблакам детето или само по главчето да го поттури. Значи од црква до црква зависи. И водата топла беше. Ова во Св Јован во Капиштец.
Плус сведок е старосватот исто како во матично и старосватот носи матерјал и кумот когга се врзуваат рацете исто круните и бурмите ги вади и ги става.Во крштевање нема улога али во црква си има