Веридба имавме дома,никој не викнавме и оние кои сами се канеа ги одби сестра ми. Она другото со најблиските помина исто од врата ги враќаше сестра ми. Колку време сме во оваа ситуација и пак памет не доаѓа. После кукање епа кукање.
Знам и јас се спремав да одам ама попот рече не може а поради која причина не знам и баш ми беше криво ама бидна.
Ние(јас и маж ми) правевме крштевка и многу нормално дека ќе бидам таму на најубав ден. Детето ни се крштева. Не знам поради која причина ти рекол така. За ептен порано имам слушнато дека мајката не одела на крштевка туку доаѓал кумот да го земе детето од дома, се крштевало и потоа го враќал. Најверојатно се работи за некој обичај(адет) што јас лично не би го прифатила.
До црквата е некои црркви се држат до тие стари обичаи денес на пример повеќето прават крштевка со прв роденден дека "така треба" па фотографи се викаат па попот позира па се снима и мајката дента на фризер шминкер...така да се зависи и од црква и од родители. Јас кога се венчавав ми понудија пакети колку да трае венчавката сакаш 1 поп 2 попа 3тиот гратис Не е убаво да зборам ама стварно веќе свадби и крштевки за жал во бизнис прераснаа
Ах да, ова со бројот на попови познато ми е. Една цена беше за 1 поп, друга за 3 попа за венчавка. Ама логично ми е, треба да си земат секој од нив парички. Не им замерувам многу за таксите, кој како си се снашол...
Убаво е да зборуваш за тоа. Бизнис се, ами шо се. Плати земаат од 'работа' во црквата, наплаќаат се' живо и диво, па уште даноци не плаќаат. Што не ги ослободат од данок фирмите кои страдаат од пандемијата? Црквата не е државна институција, ниту добротворна организација, па да има ослободување од данок. Тоа за донации данок наплаќаат, црквата не плаќа. Па се нарекуваме 'цивилизирани'.
Ми нема нешто понелогично од тоа да Платиш за да си крстен или да се венчаваш во црква... По мене треба да биде да си остави секој колку има за сиромашните ама не ние уште во сред пандемија ги богатиме. Еве само инфо за сите мајки што планирате да прајте крштевки и молитви: 3 дечиња во фамилија имам 5 год, 3 години и 10 месеци сите се болни од корона со температура најверојатно британскиот сој по цели фамилии...не трчајте да им давате пари на црквите некрстено нема да остане.
Не сакав да кревам паника ама еве да се надоврзам. Децата на пријатели (3 години и другото 10 месеци) имаа 39.2 со денови.
И ја се чудев сите ме убедуваа ништо не им било на деца бебиња да дојдеме демек да го видиме малото...среќа па не попуштивме
лајкот на @cresa-jagoda ме потсети Убаво е ,само малку тенкичко ,очекував подебелки ( мислам и на приврзокот и на ланчето)
Јас сум крстена ден пред првиот мој роденден. Мајка ми не била на крштевка, дома била останата. Инаку во пандемија не брзајте да си ги крстите децата. Има време и за крштевки и за сè друго, сега здравјето е најважно, особено на децата. Има премногу мутации кои се навистина поопасни, седете дома и не се дружете многу, многу.
Ima ponelogicno...sto mpc trgna da investira vo hidrocentrali deka imale visok pari po smetkite....moroni ne se visok tie im se dadeni za na siromasni da pomognat....odvratni mi se popovine, dete u crkva ne nosam pred takvi licemeri
Штом може поп да вози нов форд мондео последна генерација искочен што повеќе и тоа е само еден што го имам видено, а колку ли има што возат бесни коли. Само во манастир е бесплтно, во црква се е со пари јас кога го крштевав моето одма кажа цена,а не го ни прашав не ни кажа ако немате пари сепак ќе го крстиме
Јас во манастир бев старосватица и ми беше кажано не се плаќа венчавката на крај тој не викна со кумот да си платиме...