Па не знам баш на 1 година колку ќе запамти и ќе има трауми отпосле. Нека пишат мајките што ги крстиле децата на годинка.
Првата на 3 месеци, преубаво, мирна бепе цело време, посматраше наоколу, едни време свекрвата почна штипнете ја требало да плачи Другото сега скоро 9 месеци, што да кажам се одра од плачење, мислам попот скрти од церемонијата не можеше да слуша, на крај ми рече јас да си ја држам наместо кумот. Бев спремна на плачки зошто таква си е не сака друг да ја држи посебно ако сум до неа а не ја земам јас. Да можам да бирам ќе ја крстев помала. За траума нешто посебно дека ќе и остане не верувам.
Познавам 2 деца што баш сега брзо ги крштеваа, и двете за втор роденден. Баш разговарав и со едниве и со другиве родители, супер поминале сите. Децата мирни, крштевањето им се видело забавно, па плус после и роденден, торта, гости, подароци...
Е да на втор се поголеми повеќе разбираат ама па нели се големи да се голи пред луѓе? Или не се многу размислувам
Нашата крштевка толку глатко помина, глас не пушти буквално, кумата го држеше в раце, малиот зркнат во попот мислиш све го разбира до збор, иначе јас мислев подолго ќе трае тоа бањањето, го брцна, па со раката на главче го помина и тоа беше, попот изненаден, сликарите буквално се крстеа Крштевката ја направивме на првиот роденден
Кога ке го крстат да не го соблекуваат гол, туку само главата како кога крстат возрасен. Лошо сум напишала.
Јас кај што сум кума, на 3 ипол го крстев, го бањаа гол. Ништо страшно мали се, не се замарај, дали биле голи
Ние син ми го крштевавме на првиот роденден одлично поминавме дете глас не пушти. План ми е сега и за ќерката исто прв роденден и крштевка пак во ист ден за нејзе баш и не сум сигурна дека нема да плаче зашто самото дете е поразлично.
Мајки за прославата за крштевка се декорира во некоја тема или тоа само за роденден се прави? Не ми се смеете, поим немам. Ми истекна сега дека би можела да си декорирам сама и сега не знам од кај да почнам. Освен декорација со слики, балони, букви, конфети... На 'главната' маса што треба друго да има? Торта знам. Некои колачи, крофни, стапчиња, кутии полни со нешто? Или и тоа е само за роденден?
По желба.. не е дека мпра да се декорира и не е дека не се декорира Прават колачиња интересни за крштевка, можеш да си порачаш ако сакаш. Можеш и да си спремиш мали кутивчиња за гостите со нешто внатре, да си ги понесат дома за спомен (ја имам вакви дома од свадби, мекици, крштевки родендени, baby shower). Ако ти е мерак, отвори на pintrest за идеи, и на Али пиши, чисто да видиш што се нуди па да си направиш некоја комбинација.
Кај нас немаше главна маса, една маса беше. На церемонијата бевме само ние, баби и дедовци и кум, старосват, потоа отидовме на ручек а синко дома. Можеш да си декорираш ако сакаш, мене многу убаво ми изгледа кога ке видам џиџе маси, простор декориран ама не ми се даваат пари за тие тракатанци, а сама не умеам. Можеш на секоја чинија да ставиш декорација со салфетка, персонализирано колаче/ мафин / ситни колачи со чачкалица а на неа картонче итн.
Фала ти мила. Би сакала нешто да му декорирам, само не знаев дали се прави воопшто. Па и не мора да е нешто спектакуларно, доволно е да се обележи. Мислам дека би можела сама да спремам нешто, барем картончиња на пример можам сама да испечатам или балони, не морам да ги плаќам еден тон пари, оти стварно се скапи. Мене ми се скапи.
Од што сум гледала по инстаграм тема ангел обично е за крштевка. Бели балони со златно. Ако имаш некој да ти изработи од стиропор крила ангелски пред маса да ги ставиш. Торта и името на детето исто така од стиропор и свеќници или свежо цвејќе на маса само доволно е. Мене двајцата не ми се крстени сакам да повррувам уште малце дека ке спласне ситуацијава па во иста вода и двајцата ке си ги крстам