Тенкс мами. И јас се надевам да се смири ситуацијата и дури е така да искористиме да направиме крштевка. Затоа уште од сега правам планови, а синче 3 недели е стар.
Јас ја крстив на 7 месеци. Плачеше кога ќе запееше попот ,кога ја ставија во вода многу нормално за бебе кое се смири обожава вода. Е кога ја извадија пак викна ,а додека ја облекував (јас ја облеков бидејќи и кумата има мало бебе и тоа не даваше плачеше) пробуваше да избега како и дома што ми прави... Исто сакав на прв роденден ама мм некој го убедил дека треба пред роденденот.. И сакав декорација и гости ама дека беше со коронава само кумови и ние дома си добив
Сакам да прашам за крштевка кумовите носат ли торта покрај бовчата со алиштата за бебето и поклонот, дали тортата е од кумовите?
Но по принцип кумовите ли носат бебешка торта, зошто јас ќе сум кума наскоро па да знам како е адетод де .
@sunmoonstars јас мислам дека и кумовите носат торта. Односно 'главната' торта е од нив, па ако сакаат и родителите нека си носат плус.
Мислам дека носат,ама се е ствар на договор. Ние ке правиме крштевка наскоро,се договорив со кумата да не носи апсолутно ништо.Само свеќите за црква,и балони ке купеле малечките дека им е мерак. Ке бидеме само 8-мина со се домашните,ми нема смисла торта во нашиот случај.Ке седнеме на ручек после тоа,секако има десерт во ресторанот
@sunmoonstars по некое правило носат торта кумовите исто како на свадбите ама како што ти кажаа се е до договорот меѓу вас.
Таков адет имате? Нас ни рекоа свеќите од свадба, за Младенци, да ги носиме во црква и да ги оставиме да догорат. Попот така ни рече на венчавката, така и направивме.
Ние свеќите од венчавката ги залаливме в црква после 40 дена од венчавката. Така ни рекоа. Колку се различни обичаите од град до град, дури чудно ми е.
Не ми ни спомнаа за торта ... Најдобро да си се договориш за се Исто на младенци ,така ни кажа попот. А знам и такви на 40 дена што им кажале. За крштевка нови свеќи купуваат кумовите пак Украсени по желба
За тие од крштевка попот ни кажа на било кој "убав" празник да се однесат и да догорат. Везе немам кога се гореа, на татко ми му ги дадов да заврши таа работа За тие од свадба немам појма што било Адети, кој како мисли нека прави, нека носи кога да догорат..
Дали го носевте бебињата на причест после крштевката? Така ни кажаа, на причест да ја однесеме, ја носев и првата ќерка ппсле крштевка ама сега ми е уште на мисла заради короната.
Ја носев ,не се сеќавам што празник беше ,свеќите тогаш ги запаливме и се причести. Бебињата одат први ,во црквата тогаш само таа беше бебе. Влеговме 5 мин пред крај на служба излеговме одма. Малку нелагодно се осеќав зошто не постоивме додека траеше литургијата ама здравјето е поважно.
Јас не ја носев, едно сега ради короната, ама и големата ќерка не ја носев, не сум баш многу "мукает" што велат А иначе попот и нас ни кажа дека е убаво е после крштевката да ја носиме на причеста.