Ние вчера правевме крстена и роденден само најблиските 16 луѓе бевме. Ќерка ми се одржа од плачење во црквата влеговме во 12 и 15 во 12 и 40 во кола бевме попот многу скрати. Во секој бараше спас гласот и се фати од плачење. Кога дојде редот за бајнање кога го крабна попот за брадата-ти мене ќе ме бајнаш, едвај се одбрани човекот со едната рака и стави вода само на грб јас и ги фатив рацете да го пушти . Излеговме од црква друго дете се смее. За второ здравје порано ќе го крстам
женски, ќе правиме крштевка следен месец, е сега не знам кумовите со што (треба) да ги даруваме? хелп, ве молам
Со што сакаш. Сребрен накит е убав подарок, ако носат. Имаш и со различни цени. На деца секогаш купувам алишта.
Ме изнасмеа . Сирот поп, што нема да скрати, и он гледал да се спаси, инаку ќе отидела брадата . Леле јас се смејам, ама сигурно и нас истото ќе не снајде, и ние крштевка на прв роденден ќе правиме. Нашава како што е темпераментна и како што не сака да стои во други луѓе, тешко нас ќе биде . Да не ни се падне и нас истиот поп, па човекот трауми за цел живот да си има .
Јас на кумата и купив ташна Guess, новчаник и пешкир голем.На кумот David Beckham парфем новчаник Guess и пешкир исто
Јас планирам да им земам некоја уметничка слика или некој вреден украс за дома, да им остане. Не планирам посебно да им купувам. На свадбата ги дарував посебно но сега се веќе во брак и некако повеќе ми иде едно нешто за нив двајца да земам.
И јас пари. И лесно и практично. Иако пари не остануваат во спомен. И јас кога бев кума добивме пари, добро ми дојдоа покривме дел од трошоците
Ние ќе правиме крштевка во август, пари ќе дадам на кумовите. Најубаво ми е така. И за првото дете им дадов пари.
И нас ни е во план така,ако е све ок со вирусот.Кажи ми по колку да им дадеме,дали се доволни 100 евра или е срамота.Ти благодарам
Нашите кумови се фамилијарни,имаат две големи деца. И јас им давав по 50 евра од член. 200евра плус 4 пешкири. Така даваат во нашиот крај, не знам за другите краеви во Македонија како е. Срцка за сумата - одлуката е ваша. Вие си знаете најдобро како и колку.
Глупо прашање.. мора ли таа "среќна крштевка" бањарка од Стружанка? Фина е, ама што знам колку ќе ја користат понатаму. Пре би да земам "обична" бањарка што секако и даље може да биде во употреба. Од ваша гледна точка, кога би бирале за ваше дете како би направиле?
Јас прв пат читам за таква...кај нас кумата купува бебешка,без натпис таков... Сега кога би можела т.е не би се срамела би и рекла да биде навезана со име од бебушка, ама пошто не направив така за првото нема ни за второво.
И јас прв пат слушам за таква. Јас кога бев кума порачав голема крпа(бањарка) везена со името на бебето и кумашините ептен ја бендисаа. Каква сакаш таква купи, твоја желба е.
I jas im dadov po 50 evra na clen samo sto oni si kupia sto si sakat i jas toa gi daruvav.Kumata si kupila saat,kumot trenerki,pogolemata kerka palto a pomalata trenerki
@Fatalnata @Secret.women фала ви, на везено по нарачка не ни помислив, ептен ми се допадна идејата. Ќе пробам да се организирам иако е кратко времето.